Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.01.2013, 14:50

Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд

Манифестациите поврзани со одбележувањето на Водици и верските празници Богојавление и Соборот на Свети Јован Крстител во Охрид оваа година беа заокружени со нов Гинисов рекорд на приготвени 3,3 тона рибна чорба.

- Гинисовиот рекорд е соборен, досегашниот рекорд изнесуваше 3.025 литри рибна чорба, а ние веќе имаме 3.300 литри. Чорбата е готова, се е регистрирано со видео-запис и сето ќе заверено на нотар. Спроведени се инструкциите од Гинис, така што очекуваме ништо друго освен потврда на соборениот рекорд, рече Љубен Арнаудов, претседател на Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“ што е организатор на световниот дел од празнувањето на Богојавление – Водици во Охрид.

Подготовките за чорбата и нејзиното приготвување ја спров��доа професори и ученици од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, а потребните намирници ги обезбеди фирмата „Дасс инженеринг“. За подготовка на чорбата за Гинис беа употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол.

Блаже Јорданоски, професор по готварство од „Ванчо Питошески“, инаку главниот готвач што ја подготви рибната чорба, рече дека подготовките за приготвувањето на рибната чорба започнале уште пред еден месец, за самото приготвување да почне од петокот, со чистењето на рибата и зеленчукот. Сето тоа финализира со 11 илјади порции рибна чорба, сварена на дрво, за што се потрошени четири метри кубни дрво.

Сандре Трповски, сопственикот на „Дасс инженеринг“ кој ги обезбеди сите состојки потребни за чорбата за Гинис, ги повика сите граѓани на Охрид и на цела Македонија да се вклучат во оваа манифестација, за истата догодина да биде уште повеличенствена.

- Доколку овој наш рекорд биде соборен, ние догодина повторно ќе собереме екипа за да го собориме, рече тој.

Инаку, празникот Собор на Свети Јован Крстител и оваа година во Охрид беше прославен со атракцијата на традиционалното капење на рибарите во водите на Охридското Езеро, како продолжение на веќе воспоставената традиција на тој начин да се одбележува завршувањето на забраната за риболов после зимскиот мрест на рибата.

Доследен на ветувањата остана и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, кој при неговото заминување оттука најави дека секогаш кога ќе биде во можност за Водици ќе биде тука во Охрид, и меѓу оние што ќе се капат на Денот на рибарите.

- Ова е една прекрасна традиција. Токму традициите спроведени од народот, од локалната заедница се работите што ја издвојуваат Македонија. Навистина треба да им се оддаде признание на организаторите за сите активности што од година во година ги преземаат за унапредување на оваа величенствена манифестација, рече тој.

Прославувањето на Богојавление – Водици и фрлањето на крстот во езерото во Охрид има долгогодишна традиција, последните десетина години популаризирана преку Здружението на граѓани за афирмација на МПЦ „Богојавление“ кое преку редица активности се обидува манифестацијата на фрлањето на крстот и Денот на рибарите да ја претвори во најмасовна во православниот свет.


Статијата е прочитана 533 пати.


Испрати коментар



ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глоб��лизацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковс��и на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



Buntovnik, 21.01.2013 08:21:32
Visoka intelegencija. Za nas ke ucat i vo osnovnite skoli na Mars. Ova se vrvni vrednosti na nasiot dreven narod. Bravo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |