Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.01.2013, 11:49
Иванов до Обама: Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД



Претседателот на РМ упати честитка до американскиот претседател по повод неговата свечена инаугурација и официјален почеток на вториот мандат

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до претседателот на САД Барак Обама, по повод неговата свечена инаугурација и официјален почеток на вториот мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.

Вашиот реизбор на оваа одговорна функција, подвлекува во честитката Иванов, ја рефлектира вербата на граѓаните на САД, пред сe во Вас лично, но и во визијата на Обам�� и искрените идеи и заложби за обезбедување натамошен просперитет и на еднакви можности за сите.

Како што посочува Иванов, преку доследната и темелна посветеност во решавањето на внатрешните и надворешните предизвици, граѓаните на САД, но и светот како целина, во Обама добија посветен и искрен пријател, кој има волја и знаење за успешно справување со горливите светски прашања. Ангажманот на САД на глобален политичко-безбедносен план, истакнува, е од исклучително значење.

Македонскиот претседател изразува уверување дека Република Македонија останува стабилен и доверлив партнер и пријател на САД, во насока на севкупните заложби за мир и безбедност, слобода и демократски просперитет на сите народи на светот, како и во активностите насочени против тероризмот и сите универзални закани по светскиот мир.

- Во периодот што претстои, очекуваме натамошен заеднички ангажман и соработка, насочени кон јакнење на досегашниот квалитетен и плоден политички дијалог меѓу двете држави, како и цврста соработка на мултилатерален план, особено во рамките на НАТО. Ве уверувам дека Република Македонија останува силно посветена на заложбите за полноправно членство во Алијансата. Во надеж дека наскоро ќе имаме можност за лична средба и размена на мислења по прашањата од заемен интерес, дозволете ми уште еднаш да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување и искрените желби за успех и просперитет на личен и професионален план, стои во честитката од Иванов до Обама, по повод неговата свечена инаугурација и официјален почеток на вториот мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.


Статијата е прочитана 555 пати.


Испрати коментар



Тачи - Србија сака размена на територии
Повторно притворен овчарот Иснифарис Џемаили
ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



od ostrijot, 21.01.2013 20:09:36
sega obama moze mirno daspije nasijot predsedatel mu obeka oti makedonija ostanuva stabilen partner na amerika .
НЕВЕН ГНЕВЕН, 22.01.2013 07:09:13
Зар е можно уште некој да се занеува дека Македонија може да му биде партнер? Во што? Каква корист имаат од Македонија? Едино, од нас можат да научат само за корупција и арамилук. Инаку, кој ја знае Македонија? Многу се занесуваат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |