Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
22.01.2013, 14:11

Ѓоковиќ дојде до 19. триумф по ред во Мелбурн

Светскиот тенисер број еден и Шпанецот Ферер се првите полуфиналисти, откако ги совладаа Томаш Бердхид, односно Николас Алмагро

Новак Ѓоковиќ засега е на одличен пат за да дојде до посакуваното финале на Австралија опен и да ја одбрани титулата. По тешкиот меч против Станислав Вавринка, Србинот имаше многу полесна задача во дуелот со Томаш Бердих во борбата за полуфинале. Светскиот тенисер број еден го совлада Чехот со 3:1 (6-1, 4-6, 6-1, 6-4) и дојде до 19. триумф по ред во Мелбурн.

Откако Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет (6-1), во вториот Бердих заигра близу до границата на своите можности, заврши одлична работа и израмни на 1:1, но тука и застана. Не успеа да најде решение за одличната игра на Ѓоковиќ, кој по два и пол часа дојде до триумфот вреден полуфинале.

„Беше одлична претстава, се надевам дека овој пат ќе имам полесна задача отколку во минатото коло и дека ќе избегнам да играм пет часа. Секогаш е тешко да се игра против Томаш, тој е еден од најдобрите десет играчи со најдобар сервис, но на овој меч одиграв најдобро и заслужено победив“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Во полуфиналето бранителот на титулата ќе се сретне со Давид Ферер, кој во четврт-финалето го совлада својот сонародник Николас Алмагро со 3:2 (4-6, 4-6, 7-5 7-6, 6-2). Во Мелбурн се водеше голема борба помеѓу двата шпански тенисери, Алмагро 13. пат беше совладан од Ферер во исто толку одиграни дуели. Овој пат поразот сигурно му падна многу тешко бидејќи не стигна до полуфиналето и покрај тоа што првите два сета завршија во негова корист, во продолжение на својот сонародник му дозволи да направи голем пресврт.

„Ова беше навистина чудно, Николас имаше многу шанси за победата во овој меч, но јас се борев за секој поен. Тоа е мојата игра, знам дека противникот станува нервозен на големите поени, ова не секој тенисер му се случува“, коментираше Ферер.

Втората полуфинална двојка на Австралија опен ќе биде позната денеска, четвртото коло во Мелбурн ќе го затворат Цонга - Федерер и Шарди - Мари.

Во женска конкуренција продолжува доминацијата на Марија Шарапова. Руската тенисерка во четврт-финалето без проблем ја совлада својата сонародничка Макарова со 2:0 (6-2, 6-2). Покрај Шарапова со одличните резултати продолжува Кинеската На Ли, беше подобра од Радванска со 2:0. Овие два дуели го дадоа првиот полуфинален дуел во Мелбрун, со оглед на доминацијата на Шарапова и Ли Ни во досегашниот дел од натпреварување би требало да приредат доста неизвесен и квалитетен дуел.


Статијата е прочитана 1249 пати.


Испрати коментар



Касилјас ја скрши раката, го пропушта Манчестер Јунајтед
Шпанија, Литванија и Грција најсилни спаринг-партнери
Трипл-дабл на Леброн за триумф во Торонто
Челзи елиминиран од Свонси во Лига Купот
Ѓоковиќ прв финалист на Австралија Опен
Хрватите го надминаа францускиот комплекс
Ли ја „демолираше“ Шарапова
Шундовски си поднесе оставка
Пипан ќе ги премислува „пензионерите“
Федерер последен полуфиналист
Стивенс ја запре Серена Вилијамс!
Интервјуто на Армстронг пред 28 милиони гледачи
(ВИДЕО) Четвртолигашот Бредфорд финалист во Лига-купот!
Оклахома владее на Западот
МЗТ го тестира Исламовиќ?
Демант од Олимпијакос дека преговара со Јаневски
Шпанија ја растури Србија
Феноменален пречек на Снајдер во Истанбул
Македонија на 14. место
Нетси го добија соседското дерби
Баерн и' помогна на Алеманија со половина милион евра
Големо враќање на Кузнецова
Оклахома сопрена во Далас, нов пораз за Лејкерси
Снајдер три години во Галатасарај
(ФОТО) Лесен плен на Германците
Продолжува победничката низа на Клиперси
Доминација на Шарапова, Ивановиќ елиминирана
Ферхан Хасани пет години на Максимир
Тешко до реприза од Литванија
Сплит не издржа, падна во „Борис Трајковски“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Петок
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Благодарен сум за патот по кој врват моите книги
Денеска во галеријата „Остен“, писателот Гоце Смилевски ќе зборува за просторот и разликата во драмите на Горан Стефанов...
Мојата сестра - мојот одраз во огледало
Ги прашавме познатите што значи да имаш сестра и сите се единствени во одговорот дека станува збор за вистинска семејна ...
(ИНТЕРВЈУ) Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |