Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
21.01.2013, 14:32

Оклахома сопрена во Далас, нов пораз за Лејкерси



Тандерси по продолжението беа совладани на гостувањето кај Денвер (121:118) и покрај 73 поени на Кевин Дурант и Расел Вестбрук. „Езерџиите“ паднаа во Торонто (108:103)

Најдобриот тим во Западната конференција во Денвер допатува со низа од шест победи и надеж за продолжување. Но, Нагетси не се покажаа како добри домаќини, по продолжението славеа со 121:118 и му го нанесоа деветиот пораз на својот противник кој по овој меч се изедначи со скорот на Клиперси.

За играчите на Денвер оваа седма победа во последните десет натпревари и моментно се на седмото место во Западот.

Домашниот тим победата во своите раце ја имаше уште во регуларниот дел, пред крајот водеа со 107:96, но Тандерси преку Расел Вестбрук успеа да се изборат за дополнителни пет минути кои минаа во знакот на Нагетси.

Кори Бруер од клупата постигна 26 поени, од кои 15 во последната четвртина. Данило Галинари во триумфот учествуваше со 18 поени и шест скока, а додека Кенет Фарид забележа 16 поени и десет скока.

„Ова беше најдобриот кошаркарски натпревар од оваа година. Двете екипи силно посакуваа да дојдат до победата и двете одиграа многу добро. Успеавме да ги пребродиме тешките моменти, а штом го добивме мечот и покрај 50 слободни фрлања на противникот, значи дека работата сме ја завршиле одлично“, изјави по средбата тренерот на Денвер, Џорџ Карл.

Кај Оклахома ниту вкупните 73 поени на Кевин Дурант и Расел Вестбрук не беа доволни за продолжување на победничкиот поход. За гостинскиот тим поразот беше дополнително тежок, бидејќи стратегот Скот Брукс одлучи да го води тимот и покрај тоа што неговата мајка почина во саботата.

По домашниот пораз од Мајами Хит, тимот на Лос Анџелес Лејкерс во ист стил ја отвори гостинската турнеја. Прва пречка за Коби Брајант и неговите соиграчи беше Торонто, кој својот противник го дочека со серија од четири порази во низа. Се чинеше дека канадското гостување ќе биде одлична шанса за „езерџиите“ да ги вратат победничките навики, но домаќинот не размислуваше на овој начин, на крајот славеше со 108:103.

Јунакот во таборот на Репторси беше Хозе Кладерон со 22 поена и десет асистенции, а додека добра партија овозможија Фиелдс со 18 поени и десет скока, како и Ед Дејвис со 18 поени.

Коби Брајант ја заврши средбата со 32 поена, но имаше катастрофална реализација, од поле шутираше 10/32, а загуби дури шест топки. Расположен за игра беше Пол Гасол со 25 поени и Стив Неш со 16 поени и десет асистенции. Причината за поразот Лејкерси може да ја бараат и во исклучувањето Двајт Хауард во втората четвртина поради две технички грешки.

„Морам да ги одморам нозете, уморни се. За овој пораз јас сум виновен, ја преземам одговорноста. Имам многу лесни шутеви што требаше да ги погодам, но не го сторив тоа“, е коментарот на Брајант по средбата.

Во останатите средби Орландо загуби од Далас со 111:105, а додека Детроит го совлада Бостон со 103:88.













Статијата е прочитана 240 пати.


Испрати коментар



Интервјуто на Армстронг пред 28 милиони гледачи
(ВИДЕО) Четвртолигашот Бредфорд финалист во Лига-купот!
Оклахома владее на Западот
МЗТ го тестира Исламовиќ?
Демант од Олимпијакос дека преговара со Јаневски
Шпанија ја растури Србија
Ѓоковиќ дојде до 19. триумф по ред во Мелбурн
Фен��менален пречек на Снајдер во Истанбул
Македонија на 14. место
Нетси го добија соседското дерби
Баерн и' помогна на Алеманија со половина милион евра
Големо враќање на Кузнецова
Снајдер три години во Галатасарај
(ФОТО) Лесен плен на Германците
Продолжува победничката низа на Клиперси
Доминација на Шарапова, Ивановиќ елиминирана
Ферхан Хасани пет години на Максимир
Тешко до реприза од Литванија
Сплит не издржа, падна во „Борис Трајковски“



Vlado, 21.01.2013 15:22:58
Ne e Vo Dallas tuku Vo Denver

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |