22.01.2013, 15:00 Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Владата на Албанија ќе ги преразгледа сите односи со Србија, изјави премиерот Сали Бериша откако беше отстранет споменикот на борците од Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
- Таквиот акт покажува дека има само еден начин и тоа е интеграција на албанската нација, за да го добиеме тоа што сме го стекнале со крв, истакна Бериша.
Албанското Министерство за надворешни работи го осуди кршењето на српски споменици и гробови во некои реони во Косово и ги повика Албанците на воздржаност.
Српски споменици и гробишта вчера беа осквернавени во Косово како одговор на отстранувањето на споменикот од Прешево. |