Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
23.01.2013, 14:06

Овчарот Иснифарис Џемаили повторно зад решетки



Овчарот од аферата „Бачило“ пред една година излегол од Идризово за да се лекува, но повеќе не се вратил во затворот

Љубиша Станковиќ

Наjпознатиот овчар Иснифарис Џемаили е повторно зад решетки откако една година беше на слобода, за да се лекува. Полициските „Алфи“ денеска го привеле овчарот од аферата „Бачило“ на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Шеесет и шестгодишниот Џемаили (66) повеќе од една година не се појавил во затвор, поради наводно лекување, поради што судот издал наредба за негово приведување. Тој треба да одлежи затворска казна од 3,6 години за криминалот со наплата на обесштетување од државата во в��сина од 720 илјади евра за наводно гранатирано бачило во 2001 година.

Од МВР потврдуваат дека Џемаили своето напуштањето на затворот „Идризово“ требало да го оправда уште на 10 минатиот месец, но тој тоа не го сторил и за него судот издал наредба за негово пронаоѓање. Иснифарис, поради нарушено здравје, со судска одлука, прв пат бил пуштен на лекување уште кон крајот на април 2011 година, но бил задолжен да го оправда своето отсуство од казнено-поправната установа. Крајниот рок со кој Џемаили бил обврзан да се пријави во затворот бил 10 декември 2012 година. Со оглед на тоа што тој не го испочитувал она за што се обврзал, затворот го известил судот, а тој издал налог до МВР за негово пронаоѓање.

Тој е уапсен дваесетина дена од одлуката на Владата да заплени 10 стана и еден деловен простор. Како што тогаш соопшти владиниот портпарол Александар Ѓеорѓиев, Агенцијата за управување со запленет имот ќе располага со 10 стана со површина од 910 квадратни метри и деловен простор од 62 квадратни метри. Владините процени се темелеа на пресметки кои упатуваат на „заработка“ од имотот на Иснифарис, односно дека штетата што тој ја причинил е проценета на 44 милиони денари, а заработката, по продажбата на недвижностите, требало да донесат еден милион евра.

Со заплената и продажбата на становите и на деловниот простор државата планираше да се обесштети, бидејќи Иснифарис Џемаили со начинот на којшто работел, односно со фиктивните договори за заем и со лажните хипотеки ја оштетил државата за милионски износи.

„По седум години од отворањето на аферата ’Бачило’ и седум години како Иснифарис Џемаили се обидува да ја избегне правдата, со пресудата на Апелацискиот суд во Скопје сите фиктивни договори за заем и хипотеките стануваат ништовни“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Средствата што ќе се обезбедат од продажбата на недвижностите ќе се пренасочат за плати, пензии, субвенции и други државни трошоци. Иако оттогаш минаа повеќе од три недели, Владата се' уште не соопштила дали имотот или дел од него е продаден.

Овчарот Иснифарис Џемаили стана познат во јавноста по неговото апсење во 2006 година. Тој се товареше дека помогнат од нотарот Никола Стоименовиќ ја оштетил државата за 44.462.585 денари со тоа што извршил наплата на штета по основ на убиена и повредена стока. Џемаили примил судска пресуда со која нему му било одобрено да наплати милионска штета по наводно хеликоптерско ракетирање, извршено на 27 јуни 2001 година, на неговото бачило во близина на тетовското село Камењане. Со ветеринарни потврди требало да се докаже дека во нападот на бачилото биле убиени 2.150 овци, 17 крави, 13 телиња и 22 коња. По ова следело и дополнување за уште 3.820 овци, 15 крави и исто толку телиња и 27 коњи.

Со судска пресуда Џемаили, за дела перење пари и за злоупотреба на службена положба и овластување, првично беше осуден на 4,6 години затвор, но тој продолжил да става имот под хипотека.










 


Статијата е прочитана 1382 пати.


Испрати коментар



Конзервaторите добија дозвола да влезат во „Пошта“
Синот на Рој ја купи „Славија“ за 5 милиони евра
Од Скопје ќе се лета и до Сараево
Главната пошта почна повторно да работи
Заштитениот сведок за убиството во Ореше не дојде во судот
Фатен возачот што прегази 82-годишна жена
Делавекурас - Македонија избегнува решавање на спорот со името
Милошоски - Залагањето и посетите на Филе се позитивни
СДСМ најавува протестен марш во недела
Субрата Рој - Комплексот во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот
Во Истанбул ќе се гради најголем аеродром во светот
„ЈАТ“ може стане нискобуџетна компанија
Зврлески - Подобрување и унапредување на работата на јавното обвинителство
Македонска компанија ќе врши геолошки истражувања во „Алшар“
До сабота дожд и снег, за викендот суво и студено
Мадуро - Владата осуети план за мое и убиство на Кабељо
Четири лица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Волковија
Во Струга нема веќе сушење алишта на терасите
Тројца хакери обвинети за создавање и ширење на вирусот „Гонзи“
Еден починат од грипот А (H1N1), тројца во критична состојба
Ограбен „Кам маркет“ во скопски Чаир
Парламентот на Каталонија усвои декларација за суверенитет
Субрата Рој ќе ги претстави плановите за инвестиции во Македонија
Клинтон им верувала на експертите за безбедноста во Бенгази
(ФОТО) Централниот дел на САД зафатен од студен бран
Бугарија на референдум за изградба на нуклеарка
Протестен марш на опозицискиот „Сојуз на иднината“ во Велес
Украдени 162.500 евра од поштата во Дебреште
Е-даноците се сопнуваат на електронската пошта
Филе во ненајавена посета на Македонија
Македонското малцинство избришано од резолуцијата на ПССЕ за Бугарија
Плевнелиев - Бугарија не е втора Грција
ММИ да не бара Министерството во негово име да ги остварува надлежностите на Здружението
Опозицијата бара разбирање за блокадите на улиците
Meѓаши - Кој ќе сноси одговорност за смртта на детето?
Аеродромот на вода влегува во закон
ДУИ би поддржала формирање на комисија за „24 декември“
Тачи - Србија сака размена на територии
ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирска очекува Македонија до јули да ги почне преговорите со ЕУ
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Субрата Рој пак во Охрид и Скопје
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



Што е пораката?, 23.01.2013 14:58:30
Што е пораката во случајот на овчарот Иснифарис..:? Да беше овчарот УЧК ќе беше ПАРТЕНЕР на ДПМНЕ и во ПАРЛАМЕНТОТ а вака ќе си оди во затвор!? Во иднина, бидете парнери со криминалната власт и се ќе ви биде како подмачкано....ДО КОГА е прашањето!
verag, 23.01.2013 16:05:58
Чудно, овој овчар на чесен збор ене е во затвор толку долго, а обвинети од А1 , мајки со деца, болни, никако не се пуштаат од пртитвор.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Петок
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Благодарен сум за патот по кој врват моите книги
Денеска во галеријата „Остен“, писателот Гоце Смилевски ќе зборува за просторот и разликата во драмите на Горан Стефанов...
Мојата сестра - мојот одраз во огледало
Ги прашавме познатите што значи да имаш сестра и сите се единствени во одговорот дека станува збор за вистинска семејна ...
(ИНТЕРВЈУ) Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |