21.01.2013, 13:03 Патнички воз прегази 51-годишен маж
Ајрун М. (51) од скопското село Студеничани загина во железничка несреќа што во неделата околу 7,15 часот се случи во правец на железничката станица Драчево. Според полицијата, патнички воз што сообраќа на релација Гевгелија - Скопје, удрил во 51-годишниот маж, кој починал на самото место. Надлежните извршија увид и ги истражуваат причините за несреќата. (Г.А.) |