20.01.2013, 14:43 Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Катерина Веловска, заменик министерка за економија, поднела оставка на функцијата поради лични причини. „За жал, од многу лични причини приморана сум да се повлечам од мојата функција заменик министер за економија и да Ви ја понудам мојата оставка“, пишува во оставката која е депонирана во Собранието.
Премиерот Никола Груевски веќе предложил пратениците да го изгласаат Христијан Делев, актуелен заменик директор во Агенцијата за странски инвестиции, на нејзино место. Неодамна Делев беше избран да ја води партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ за економија. Делев во периодот 2008 – 2009 година беше заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно беше и директор на Агро-берзата во Македонија. (Ек.Р.) |