21.01.2013, 14:12 Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, и' исплатил на собарката Нафисат Дијало, која го обвини за сексуално малтретирање, 1,5 милион долари врз основа на финансискиот договор што го склучиле во декември, објави францускиот весник „Журнал ди диманш“.
Судијата Даглас Мекион објави на 10 декември во судот во Бронкс дека двете страни постигнале финансиски договор за исплата на сумата, чиј износ не е откриен, со што е завршен 19-месечниот судска процес.
Францускиот неделник наведува дека станува збор за отштета од 1,5 милион.
Собарката, по потекло од Гвинеја, поточно, примила чек од „нешто повеќе од милион долари“, што е 30 отсто од сумата која Строс-Кан им ја уплатил на своите адвокати.
Дијало, како што наведува весникот, добила отштета и од табл��идот „Њујорк пост“, од корпорацијата на Руперт Мардок, која кривично го гонела, поради тоа што ја окарактеризирал како проститутка.
|