21.01.2013, 15:17 Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
Засега 25 тела на убиени се пронајдени во комплексот каде што се одвиваше крвавата заложничка драма
Најмалку 48 заложници се верува дека загинале во четиридневната опсада на алжирската постројка за гас, според извештаите дека 25 тела пронајдени во комплексот во неделата се тела на заложниците. Првично не беше познато дали пронајдените тела се на киднаперите или на персоналот на објектот.
Продолжува потрагата во постојката за гас во Ин Аменас, каде што 20 заложници и натаму се водат за исчезнати. Петмина осомничени исламски напаѓачи, наводно, биле уапсени во неделата.
Алжирските власти соопштија во саботата дека сите 32 киднапери биле убиени. Осомничениот орг��низатор на нападот, Моктар Белмоктар, рече дека учествувале 40 милитанти. Опсадата заврши кога војниците извршија напад во саботата, наведувајќи дека милитантите почнале да убиваат странски заложници.
Западните лидери го осудија нападот, а францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дријан, го опиша како „чин на војна“.
„Се очекува постојката, која е одговорна за повеќе од една десеттина од целокупното производство на гас во Алжир, да продолжи со работа денес“, изјави министерот за енергија на Алжир.
Премиерот Абделмалек Сељал денеска требаше да одржи конференција за печатот во врска со нападот. Јусеф Јусфи, исто така, вети дека ќе ја зајакне безбедноста во енергетските инсталации, но инсистираше дека „не станува збор да им се овозможи на странските безбедносни сили да бидат одговорни за безбедноста“ на алжирските нафтени објекти. За време на посетата на погодените постројка во неделата, Јусфи изјави дека ќе продолжи со производство во рок од два дена.
Безбедносните сили, наводно, ги откриле телата на 25 заложници додека го пребарувале комплексот за стапици и мини. Милитантите се заканија дека ќе ја кренат постројката во воздух и дека ќе ги убијат нивните заложници, јавија официјални лица. (Би-Би-Си)
|