22.01.2013, 16:24 Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Латвискиот министер за финансии Андрис Вилкс е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година според британското списание „Банкер“, пренесоа европските медиуми. Изданието, што е дел од „Фајненшал тајмс“, ја оценува многу позитивно работата на Вилкс за стабилизирање на финансиската состојба на Летонија и за помош во развојот на земјата.
„Голема чест е да бидеш прогласен за најдобар министер за финансии во цела Европа, бидејќи оваа награда се одразува не само на работата на Министерството за финансии, но и на другите министерства кои помогнаа за надминување на кризата. Имаме заедничка цел која треба да ја постигнеме. Со заеднички сили и акции, како и со голема самодоверба успеавме да ги надминеме тешкотиите и стимулираме економскиот раст. Оваа година пред нас има нови предизвици, вклучувајќи го и пристапувањето во еврозоната. Поради оваа причина заедничката работа ќе има уште поголемо значење “, изјави Вилкс.
С��исанието наведува дека Летонија е меѓу земјите најтешко погодени од економската криза. Минатата година, таа стана најбрзо растечка држава во Европската унија. Патот на Летонија кон тоа достигнување не бил лесен, но постигнатиот резултат воспостави довербата на земјата во сопствените капацитети, со што се овозможи и успешното издавање обврзници на меѓународните пазари, наведува весникот. Експертите на британската списание секоја година ги бираат најдобрите финансиски министри во светот. За надминување на економската криза Рига планираше да добие од меѓународните финансиски организации кредит од 7,5 милијарди евра. По консултации со експерти на Меѓународниот монетарен фонд на крајот на 2008 година беше усвоена програма за стабилизација на економијата. Уште во 2011 година состојбата во земјата почна да се стабилизира и наместо планираните 5 милијарди евра од кредитот беа искористени само 4,4 милијарди евра. (Ек.Р.)
|