Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
23.01.2013, 15:16

Пипан ќе ги премислува „пензионерите“

Словенецот најави разговори со Владо Илиевски и со Тодор Гечевски, кои се повлекоа од репрезентацијата по неуспехот на квалификациите за ОИ

МАРИЈА КОВАЧЕВА

Освоеното историско четврто место на Европското првенство во Литванија во 2011 година не го плаши новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан. Иако Словенецот првично изјави дека повторување на 2011 година ќе биде тешко остварлива цел за нашето кошаркарско поднебје, сепак на официјалната промоција што се одржа во МКФ потенцираше дека предизвиците се негова најсилна страна.

„Да се биде селектор на Македонија е голема чест и обврска. Благодарност до претседателот, директорот и генералниот секретар на федерацијата што вложија голема енергија и ми ја доделија довербата. Пред нас е Европското првенство во Словенија, голема обврска пред се' зашто Македонија направи голем успех во Литванија, постави висока цел за во иднина. Но, јас сум тренер што не се плаши од предизвици. Ќе биде потребно да ги повикаме најдобрите кошаркари, да поставиме игра што ќе ни донесе добри резултати и ќе не' направи конкурентни против сите европски селекции“.

Доаѓањето на Пипан на селекторското место кај сите влева надеж дека тој е голема причина за Тодор Гечевски да се врати во националниот состав. Новиот селектор ветува дека ќе разговара со сите кошаркари и ќе направи се' за да Македонија настапи во најсилниот состав.

„По еден завршен циклус сите нешто изјавуваат, верувам дека тоа може да се смени. Ќе разговарам со сите кошаркари, ќе го слушнам нивното размислување“. Оние кои ќе го носат националниот дрес ќе треба да бидат подготвени на голем ред и дисциплина во играта. Нешто што Пипан го негува во таборот на МЗТ Скопје, а ќе го бара и во текот на подготовките и за време на ЕП во Словенија. Она што е најважно е дека искусниот стратег добро ги познава македонските кошаркари и нивните квалитети. „Македонија ја следев на ЕП во Литванија, но и претходно. Добри ги познавам играчите. Секој тренер носи со себе нешто ново, но сега е тешко да се постави играта бидејќи треба да се види составот на екипата. За мене најважен е тимскиот дух, атмосферата и максимално залагање до последниот момент. Од играчите ќе барам цврста одбрана, која е предуслов за добар напад“.

Кога станува збор за натурализираните кошаркари во националниот состав, тука нема да има дилеми. Изборот е едноставен - Лестер Бо Мекејлеб.

„Мекејлеб е во прв план. Нема да биде фер доколку преговараме со останатите натурализирани кошаркари и им влеваме лажна надеж. Нема има промени ниту во стручниот штаб, остануваат Марјан Србиновски, Александар Јончевски како и Сандро Беркандино, кој ќе биде задолжен за физичките подготовки“.

Македонија во првата фаза на континенталниот собир ги доби за противник селекциите Литванија, Црна Гора, Србија, Летонија и Босна и Херцеговина. Она што засега го потврди Словенецот е дека станува збор за квалитетни репрезентации со голема традиција.

„Сите се силни и квалитетни. Тешко е на половина година пред стартот на Европското првенство да се зборува за нашите противници. Треба да видиме каков ростер ќе направат за да увидиме колку ќе бидат силни. Она што е познато е дека сите имаат своја традиција. Наше ќе биде да размислуваме позитивно. Секој може да се добие, но и од секој може да се загуби“.

Пипан потенцираше дека водењето клуб и водењето репрезентација е многу различна обврска...

„Многу е потешко да водиш репрезентација. Едно е да се биде тренер на клуб, друго е да се води национален тим. Во репрезентацијата треба да се има заемна толеранција, да се постави ред на тренинзите. Во секој случај, не е лесно да бидеш селектор“.

Подготовките за претстојното ЕП ќе почнат на 19 јули за кога е закажана првата прозивка. Македонија во делот на контроли од најзвучните имиња ќе ги одмери силите со Литванија, Грција и Шпанија. На новото издание на „црвено-жолтите“ под водството на Пипан македонската јавност ќе биде сведок само на три натпревари, а додека останатите девет средби нашите кошаркари ќе ги одиграат на гостински терен.


Македонија со најсилен состав на ЕП

Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски, најави дека на евробаскетот во Словенија ќе настапиме со најсилен состав.

„Сите кошаркари се во игра. На Европското првенство Македонија ќе настапи со најсилниот состав. Зенитот не беше Литванија, ќе биде Словенија - можност за најголем успех“.

Алеш Пипан

- роден на 24 мај 1959 година, во Целје, Словенија

- клубови: Марибор (1993-1996), Златорог Лашко (1997-2000 и 2003-2005), Крка (2000-2002), Загорје (2002-2003), Слован (2005-2007), Анвил (Полска, 2007-2008), Задар (2011-2012) и МЗТ Скопје (од октомври 2012)

- репрезентации: Словенија (помошник на селекторот од 1998 до 2003 година, селектор на ЕП 2005 - шесто место, СП 2006 - 12. место, ЕП 2007 - седмо место и во неуспешните квалификации за ОИ 2008), Полска (ЕП 2011 - 17. место) и од денеска Македонија


Статијата е прочитана 1060 пати.


Испрати коментар



Мари преку Федерер на мегдан на Ѓоковиќ
Њујорк, конечно, се израдува во Бостон
Прва победа на Свиндал во Кицбил
Мурињо сардисан од сите страни
Прв триумф за Мекејлеб во топ 16
Касилјас ја скрши раката, го пропушта Манчестер Јунајтед
Шпанија, Литванија и Грција најсилни спаринг-партнери
Трипл-дабл на Леброн за триумф во Торонто
Челзи елиминиран од Свонси во Лига Купот
Ѓоковиќ прв финалист на Австралија Опен
Хрватите го надминаа францускиот комплекс
Ли ја „демолираше“ Шарапова
Шундовски си поднесе оставка
Федерер последен полуфиналист
Стивенс ја запре Серена Вилијамс!
Интервјуто на Армстронг пред 28 милиони гледачи
(ВИДЕО) Четвртолигашот Бредфорд финалист во Лига-купот!
Оклахома владее на Западот
МЗТ го тестира Исламовиќ?
Демант од Олимпијакос дека преговара со Јаневски
Шпанија ја растури Србија
Ѓоковиќ дојде до 19. триумф по ред во Мелбурн
Феноменален пречек на Снајдер во Истанбул
Македонија на 14. место
Нетси го добија соседското дерби
Баерн и' помогна на Алеманија со половина милион евра
Големо враќање на Кузнецова
Оклахома сопрена во Далас, нов пораз за Лејкерси
Снајдер три години во Галатасарај
(ФОТО) Лесен плен на Германците
Продолжува победничката низа на Клиперси
Доминација на Шарапова, Ивановиќ елиминирана
Ферхан Хасани пет години на Максимир
Тешко до реприза од Литванија
Сплит не издржа, падна во „Борис Трајковски“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Облачно

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФOTO) Двегодишнина од египетската револуција
Благодарен сум за патот по кој врват моите книги
Денеска во галеријата „Остен“, писателот Гоце Смилевски ќе зборува за просторот и разликата во драмите на Горан Стефанов...
Мојата сестра - мојот одраз во огледало
Ги прашавме познатите што значи да имаш сестра и сите се единствени во одговорот дека станува збор за вистинска семејна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |