23.01.2013, 11:31 Оклахома владее на Западот
Благодарение на одличната игра на Кевин Дурент и Расел Веструк Тандерси славеа на гости кај Клиперси (109:97) и ја превземаа лидерската позиција
Најдобриот тандем во НБА лигата Кевин Дурент и Расел Вестбрук со целата својата сила „удрија“ по Лос Анџелес Клиперс и покажаа кој е главен на Западот. Минатогодишниот финалист го наградија домашниот состав со пораз од 109:97, дојдоа до скор од 33-9 и се зацврстија на лидерското место во конференцијата.
По изедначеното прво полувреме во продолжение следуваше „ескплозија“ на Дурант кој постигна 24 поени од вкупните 32. Одлично го пратеше атомскиот плејмејкер Вестбрук со 26 поени, а и двајцата беа најзаслужни за одличната шутерска вечер на својот од тим од линијата за три поени. Оклахома погоди 15 тројки од 27 обиди и ова најдобриот ефект од франшизата во 2008 година кога од Сиетл се преселија во Оклахома Сити.
Дурант од линијата 7,25 шутираше 5/6, а додека Вестбрук 3/6. Во редовите на домашниот состав поради повреда на коленото не се појави Крис Пол во чие отсуство лидерската улога ја презема Блејк Грифин, мечот го заврши со 31 поен и 11 скока.
Екипата на Кливленд предводена од одличниот Кајри Ирвинг и неговите 40 поени славеше на дуелот против Бостон со 95:90. Феноменалниот Ирвинг во последните две минути одигра симултанка, постигна 11 поени и комплетно ја полуде одбраната на Селтиски. И покрај триумфот Кливленд и понатаму важи за еден од тимовите чиј што влез во плеј-оф зоната е скоро невозможен, особено ако се земе во предвид дека засега има скор од 11 победи и 32 порази.
Милвоки беше подобар од Филаделфија (110:102), а Ерслан Илјасова и Брендон Џенгис беа најефикасни во победничкиот табор, двајцата заедно постигнаа 52 поени.
Деторит беше подобар од Орландо откако на домашен терен со совлада со убедливи 105:90.
|