23.01.2013, 17:01 За Камерон Дијаз нема секс цела година
Актерките Гвинет Палтроу и Камерон Дијаз одамна се пријателки, а извор близок на холивудските ѕвезди тврди дека Гвинет ја презела грижата над животот на Камерон.
„Палтроу среди се', од финансии до личен тренер. Таа ја наговори Камерон да се согласи дека една година ќе нема секс зашто мажите само и' пречат во животот. Камерон е разочарана зашто нема момче, па Гвинет ја зема под свое, ја третира како проект“, изјави нивен близок пријател.
Палтроу и Дијаз се зближија откако во 2002 година почина таткото на Гвинет, ТВ-продуцентот Брус Палтроу. |