24.01.2013, 14:57 СДСМ најавува протестен марш во недела
Коалицијата „Сојуз на иднината“ предводена од СДСМ денеска повторно блокираше три крстосници во главниот град, а за во недела најави протестен марш.
Генералниот секретар на партијата Андреј Петров изјави дека во недела од 12 часот маршот ќе започне од „Тафталиџе“ во близина на Веро и ќе продолжи по „Теодосиј Гологанов“, „Рузвелтова“, „Народен Фронт“, „Васил Ѓоргов“ и „Железничка“. Маршот ќе заврши пред Министерството за внатрешни работи.
- Оваа власт одбива да ја преземе одговорноста за настаните на „црниот понеделник“, за бруталното суспендирање на демократијата во земјата и одбива да покаже волја Македонија повторно да се врати на демократскиот колосек. Поради сето тоа движењето на отпорот станува се посилно и посилно, рече Петров. |