23.01.2013, 08:58 Во Давос почнува Светскиот економски форум
Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум посветен на стимулирачките мерки за излез на светската економија од кризата.
Четворицата европски лидери - рускиот премиер Дмитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти ќе имаат свое обраќање на тема економското заздравување.
Меѓу учесниците на Форумот се и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Свестката банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.
На Форумот во Давос ќе се разговара и за кризата во еврозоната и за иднината на Европската унија.
Во Давос ќе се разговара и за состојбите на Блискиот Исток.
Светскиот економски форум ќе трае до 27 јануари. |