Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.01.2013, 09:03

Инаугурација на Обама на Капитол

Обама и Бајден заклетвата ќе ја дадат вторпат, тие се заколнаа вчера во затворени церемонии во Белата куќа и во резиденцијата на потпреседателот во Џорџтаун

Во Вашингтон денеска се одржува свечената инаугурација на Барак Обама, во неговиот втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.

Свеченоста почнува околу 11 часот според источно американско време, а ја отвораат бендот на маринците и познатиот хор на Бруклинската табернакл црква, а во текот на свеченоста ќе настапат и пејачите Кели Кларксон и Џејмс Тејлор. Сенаторот Чак Шумер, како претседавач со комитетот за инаугурација ќе ги покани претседателот Обама во Капитол, по што новинарката Мурли Еверс Вилијамс, сопруга на убиениот борец за правата на Афроамериканците Медгар Еверс, ќе се помоли за успех на вториот мандат на претседателот Обама.

Предвидено е потоа да следуваат свечените заклетви на потпретседателот Бајден, а потоа и на претседателот Обама. Бајден заклетвата ќе ја даде пред судијата Соња Сотомајор, една од двете судијки именувани од претседателот Обама во ова тело. Обама заклетвата ќе ја даде пред претседателот на Врховниот суд Џон Робертс, држејќи ја десната рака врз две Библии, едната врз која бил инаугуриран претседателот Абрахам Линколн, а другата која во сопственост на убиениот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг.

Обама и Бајден заклетвата ќе ја дадат вторпат, тие се заколнаа и во неделата, во затворени церемонии во Белата куќа, односно во резиденцијата на Бајден во Морнаричката обсерваторија во Џорџтаун.

Уставот предвидува заклетвите да бидат дадени на 20 јануари, но традицијата налага, во случаите кога овој ден се паѓа во недела, свечената инаугурација да се одржи уште еднаш, на следниот ден.

Се очекува заклетвата на Обама да ја проследи целосниот состав на Конгресот на САД, администрацијата на Обама и дипломатскиот кор во Вашингтон, како и голем број граѓани и претставници на медиумите поканети на централниот подиум. Поранешните претседатели Бил Клинтон и Џими Картер ќе бидат присутни, но не и Џорџ Х. В. Буш и неговиот син Џорџ В. Буш, кои отсуствуваат поради болеста на постариот Буш.

Невообичаено, нема да присуствува ниту поразениот кандидат, Мит Ромни, кој за разлика од повеќето поразени кандидати во изминатите години, нема официјална функција поради која би бил поканет. По заклетвата, Обама ќе го одржи своето инаугурално обраќање. По обраќањето, поетот Ричард Бланко, син на бегалци од Куба и активист за правата на хомосексуалците, ќе прочита дел од својата поезија, а потоа ќе следи молитвата на свештеникот Луис Леон, кој богослужи во црквата Свети Јован, во близина на Белата куќа, во која честопати се моли првото семејство на САД.

Леон е втор избор за молитвата, свештеникот од Атланта Луи Гиглио, инаку активист против трговијата со луѓе, беше првиот избор на инаугуралниот комитет, но оваа одлука беше повлечена поради протести на здруженија за правата на хомосексуалците, поради изјави на Гиглио против истополовите бракови.

Свеченоста пред Капитолот завршува со Пејачката Бијонсе ќе ја изведе американската химна, по што почнува парадата по должината на авенијата Пенсилванија, од Капитолот до Белата куќа. Вкупно 60 разни здруженија, на воени, полициски и противпожарни друштва, етнички и верски заедници од САД и разни политички организации ќе учествуваат во парадата со специјално подготвени макети и го придружуваат претседателот и потпретседателот со нивните семејства до Белата куќа.

Во попладневните часови ќе се одржат трите големи инаугурациски балови во конвенцискиот центар во Вашингтон. Од официјалните настани во програмата на инаугурацискиот комитет, предвидено е Обама и Бајден со нивните семејства да присуствуваат и на богослужбата во националната катедрала на Вашингтон, утрото на 22 јануари.

Сепак, предвидени се и голем број помали и помалку формални настани. Во саботата се одржа детскиот инаугурален концерт, на кој настапија Кети Пери и Ашер, како и групите Мајндлес Бихејвиор и Фар Ист Мувмент. На 22 јануари ќе се одржи помал бал само за организаторите на изборната кампања на Обама, на кој е најавено дека ќе пее контроверзната Лејди Гага.

Интересот за инаугурацијата е значително намален во однос на првата инаугурација на Обама, во 2009 година, кога околу 1,8 милиони граѓани се собраа меѓу Капитолот и Белата куќа. Проценките се дека околу 600.000 граѓани ќе присуствуваат на годинешната инаугурација.


Статијата е прочитана 465 пати.


Испрати коментар



ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уни��тен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |