23.01.2013, 12:17 (ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Ако сметате дека зимските температури во вашето место на живеење се исклучителни ниски, тогаш посетата на руското село Ојмјакон ќе ве разочара бидејќи најниската температура измерена во тоа село била минус 71,2 Целзиусови степени.
Толку ниска температура не е измерена во ниту едно населено место на Земјата, објави „Дејли меил“.
Сепак, Ојмјакон всушност значи – вода што не замрзнува, а местото го добило името по термален извор кој е во негова близина.
Во селото живеат околу 500 луѓе кои најмногу се занимаваат со сточарство. Голем број домови се загреваат на јаглен и држав, а само ретки уживаат во погодностите од модерната технологија.
Во селото има само една продавница за храна. Има едно училиште кое затвора врати само ако температурата е под минус 52 Целзиусови степена.
Доколку некој од мештаните почине, за погреб може да се чека и до неколку дена додека не се одмрзне земјата.
Денот во тоа село трае од три часа во декември до 21 час во летните месеци кога температурата се „искачува“ до 30 степени, наведува весникот.
|