21.01.2013, 14:45 Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Собранието на денешната седница го именува Христијан Делев за заменик-министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која поднесе оставка на функцијата поради лични причини.
Христијан Делев се дообразувал во САД, а постдипломските студии ги завршил на Универзитетот „Шефилд“ во Солун.
Досега ја извршуваше функцијата заменик-директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции. Претходно работел како консултант во економијата, здравството и земјоделството. Бил и заменик-министер за земјоделство, државен секретар во МЗШВ и директор на Агроберза.
|