21.01.2013, 14:18 Половина метар снег на улиците во Москва
Во Москва изминатите четири дена падна половина метар снег што предизвика сообраќаен метеж во главниот град, но не го загрози функционирањето на аеродромите.
Висината на снежната покривка е над просекот за месец јануари, изјави заменикот градоначалник Пјотр Бирјуков.
- Изминатите четири часа наврнаа 50 сантиметри снег во Москва. Од почетокот на месецот паднаа 65 сантиметри снег, додека просекот за месец јануари е 42 сантиметри, истакна Бирјуков.
Според него машините за чистење снег во изминатите четири дена исчистиле 2,5 милиони кубни метри снег.
Функционирањето на аеродромите во главниот град Шереметјево, Домодедово и Внуково не е загрозено и нема откажување на летовите. |