21.01.2013, 10:00 Нова истрага за „Дримлајнерите“
Инспектори на САД и на Јапонија почнаа проверка во фабриката каде се произведуваат акумулаторите за авионите „Боинг 787 Дримлајнер“.
Авионите Боинг 787 беа приземјени по серијата инциденти со овој вид на авиони.
Авионите од типот „Дримлајнер“ доцнеа и откажуваат летови поради истекување на масло и гориво, имаа проблем со акумулаторите и неисправност во сопирачкиот систем.
Со одлуката на Федералната авијациска администрација на САД 30 од 50 авиони „Боинг-787“ во светот засега нема да можат да летаат се додека не се извршат безбедносните тестови.
„Боинг“ соопшти дека го продолжува производството на авионот „Дримлајнер“, но оти нема да им се достават на купувачите се додека не се утврдат причините за инцидентите.
|