24.01.2013, 15:52 Од Скопје ќе се лета и до Сараево
Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ сака да лета три пати неделно, а не како досега два пати, на релацијата од Скопје до Дубаи. Компанијата веќе поднела барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство, од каде што велат дека тоа се разгледува и дека, најверојатно, наскоро ќе биде одобрено.
Агенцијата моментно одлучува и за барања на уште три авиокомпании кои сакаат да го поврзат Скопје со Сараево, Копенхаген, Умеја и Рим. Шведската авиокомпанија „Ер Свиден“ ќе почне да лета од аеродромот „Александар Велики“ до Умеја во Шведска и Копенхаген во Данска, два пати неделно, во понеделник и во петок. Од 1 април годинава на релација Сараево - Скопје ќе оперира и босанската авиокомпанија „БХ ерлајнс“ четири пати неделно, во понеделник, среда, петок и во недела. Во чартер-летовите, пак, ќе се вклучи шпанската компанија „Алба стар ерлајнс“ на релација Ри�� – Скопје. Од 3 февруари до 31 март, во недела, „Алба стар ерлајнс“ ќе лета и до Базел. (Ек.Р.)
|