24.01.2013, 15:53 Синот на Рој ја купи „Славија“ за 5 милиони евра
Индискиот бизнисмен Субрата Рој го купил хотелот „Славија“ во Охрид за околу 5 милиони евра, а зделката била реализирана веднаш по неговото пристигнување во Охрид. Рој не ја откри сумата што ја платил за хотелот, со образложение дека неговиот син преговарал за купување на хотелот. „Син ми се пазареше, а плати колку што требаше“, изјави денеска кусо индискиот бизнисмен.
Дека е продадена „Славија“ претходно потврди сопственикот на хотелот Владо Рувинов. Се претпоставува дека Рој го купил хотелот за во него да ги смести архитектите и инженерите кои веќе за половина месец треба да дојдат во Охрид за да ги почнат подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“. (М.Т.) |