Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.01.2013, 15:54

Груевски е подготвен да свика лидерска средба

Премиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со реформите и нема да дозволи опозицијата да наштети на евроинтеграциите

Премиерот Никола Груевски е подготвен да свика лидерска средба доколку на претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во која влегол. Црвенковски, смета Груевски, е прилично изолиран во неговите намери за бојкот на локалните избори.

„Ако во еден даден момент на Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во којашто влезе, ако почувствуваме каква било потреба за средба помеѓу нас, јас нема да се двоумам и ќе повлечам чекор во тој правец“, и��јави денеска Груевски, по посетата на две нови лаборатории на Природно - математичкиот факултет.

Груевски додаде дека од комитетите на ВМРО-ДПМНЕ добива информации оти СДСМ активно работи на подготовка за локалните избори и насекаде зборувале дека претставниците кои им доаѓаат од раководството во Скопје им укажувале оти локални избори ќе има и дека СДСМ ќе учествува.

„Црвенковски го поддржуваат два-тројца луѓе од раковдоството. Другите одат на терен и ги информираат нивните комитети да се подготвуваат и да работат затоа што тие цврсто веруваат дека СДСМ ќе учествува на локалните избори, изјави Груевски.

Нема да дозволиме опозицијата да наштети на евроинтеграциите

Владата ќе продолжи со реформите и нема да дозволи опозицијата да наштети на евроинтеграциите, истакна Груевски, коментирајќи дали однесувањето на опозициската СДСМ може да влијае или да наштети на интеграциите на Македонија во Европската унија.

Според Груевски, реформите што треба да се преземат за евроинтеграциите преку конкретни чекори, приближување на законодавство, .... се работа што Владата ќе ја заврши без оглед дали СДСМ биле во Парламентот или не.

- И нема да застанеме, ниту пак да се дефокусираме во тој поглед. Но, во оној дел каде се гледа атмосферата во државата, угледот, политичката клима, тука може да направи одредена штета и токму затоа го повикувавме СДСМ да престане да го прави тоа, изјави Груевски, по посетата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Сосема е јасно, посочи премиерот, дека таа штета оди некому во прилог. - И малку е симптоматично зошто секогаш кога на земјата ќе и тргне, кога ќе добиеме како сега најпозитивен извештај, кога се покрена во Брисел една дискусија за добивање датум што дотогаш никогаш не беше покрената, секогаш кога ќе се случи такво нешто, се јавува некој фактор, некое лице, како во случајов Бранко Црвенковски, кој сакајќи наводно да оствари некои сопствени цели, практично прави штета на имиџот на државата, на угледот, на оценката што треба да ја добива државата на нејзиниот пат на европските интеграци, изјави Груевски.

Како и да е, порача премиерот, како Влада ќе продолжиме да работиме да се минимизираат тие штети или колку што е можно да отстранат и во тој поглед не случајно во минатите денови го повикувавме СДСМ да се врати таму каде што му е местото.


Статијата е прочитана 1280 пати.


Испрати коментар



ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирското претседателство со ЕУ очекува старт на преговорите со Македонија до јули
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Индискиот милијардер Субрата Рој повторно во Македонија
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-министерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



Mark, 20.01.2013 16:27:15
He he, kako gordo da se reterira i da se ponudi liderska sredba (sto Pretsedatelot rezolutno odbi da ja zakaze), demek *da mu se pomognelo na Crvenkovski*!? Ne be prijatele, TI KAZAA da ja ponudis, oti i Volers i Orav progledaa i jasno im e deka ako prodolzea so prethodnite politiki rizikuvaat razvoj na nastani sto ke im donese *napredok vo karierata* vo Mali ili Juzen Sudan! Recisi iznenaden sum kako opozicijata ja tera rabotata i se poizvesno stanuva deka Makedonija sepak ima na sto da se nadeva.
Nikogo, 20.01.2013 19:49:16
Pa koj treba da svikne sednica, ministerot ili predsedatelot? Pubavo da se pitame koj e predsedatel a MK?
ФЕЛИКС, 20.01.2013 20:55:05
Лидерска средба од институционален карактер,токму по аберот од Рикер а преточен во изјавата на Волерс.Па така ајде да видиме како институционално се решава кризата.Е сега Mark резолутно греши по навика или по инерција сеедно,оти кажано им е на неговите каде треба да се упатат после семафорските раскрсници.Од таа резолутност долго време на Спартак ќе му ѕвони алармот инсталиран за спасување политички кожи.
maxi d, 20.01.2013 21:17:49
Груевски додаде дека од комитетите на ВМРО-ДПМНЕ добива информации оти СДСМ активно работи на подготовка за локалните избори и насекаде зборувале дека претставниците кои им доаѓаат од раководството во Скопје им укажувале оти локални избори ќе има и дека СДСМ ќе учествува. PAZETEGO OVOJ CITAT OD UTRINSKI VESNIK INFORMACIJATA SULTAN SULEJMANDOBIVAL IFORMACII OD KOMITETI NA VMRO -DPMNE ZA SOSSTOJBATA NA SDSM. ZNACI NASIOT SULTAN SUJLEMAN NEE BAS CVEKE ZA MIRISAJNE OD PRICINI STO RASPOLAGA SO LUGE KOI GI IFILTRIRARI VO KONKURENTSKIOT TABOR I RABOTI SO SPIONAAZA NA ISTATA .....SO STO SAMO DA ZNAM GI PLAKA TIE SPIONI ....OD PRICINA STO TIE LUGE NE RABOTAT ZA GJABE NELI IMAAT DECA FAMILIII I TAKA NATAKA. A OD DRUGA STRANA PARTISKITE VRABOTUVAJNA DODELUVAJNATA ZEMJISTA STANOVI ,SETO TOA E ZAKONSKI I NE PARTISKI NELI ...CUDNA RABOTA BEEE. SE E ZAKONSKI KOGA SE RABOTI ZA MENAGJIRAJNE SO NARODNITE PARTII A SEPAK IMALO LUGE KOI SO SRCE SAMO TAKA I LJUBOV SPREMA VMRO PRELEVAAT INFORMACII.
Трпе, 20.01.2013 21:34:46
Македонски нароооооде,па овој знаел и да се мајтапи.Само треба да свати дека има подршка приближно од околу 1/4 од од македонскиот народ.Иако овие кои му дадоа мнозинство не се само македонци тука има и околу 15 коалиционери (колку има од овој школуваниот криминалец Амди Бајрам ).Познато е кој со кого може да се дружи.
Osamen?, 20.01.2013 21:58:33
Koj cinizam, koj li cinizam? Ovakvo choveche povece ne smee da ostane na vlast. Na narodot mora da mu se toa predochi, koga vece samiot ne uviduva shto karakter e ovoj. Popat, bev na eden miting/shetanje so opozicijata, pa vidov kolku e Branko *osamen*. E, moj premieru!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница ќерка на Борко Лазески, вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мора се идентифик...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |