21.01.2013, 12:07 Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
„Јас сум добро финансиски згиржен, имам доволно храна и облека и тоа ми е сосема доволно. Дојдов до моментот кога имам и повеќе отколку што ми е потребно и парите во таа смисла ништо повеќе не ми претставуваат. Ќе ги употребам д аизградам организација со помош на која ќе можам тоа што сум го стекнал да го става на располагање на најсиромашнитѕе во светот“.
Во својата 57 година, кога во деловна смисла оствари се' што можеше, сака да направи уште повеќе – да ја искорени дечјата парализа која досега однесе многу жртви. „Секое дете мора да има право на здрав и продуктивен живот“, изјави тој, а дека неговите зборови не се само празни приказни веќе го докажа со тоа што досега преку фондацијата што ја основаше со својата сопруга Мелинда, доднираше 28 милијарди долари.
Вредноста на богатството на Гејтс се проценува на 65 милијарди долари. Тој меѓу останатото поседува и имот на езеро во државата Вашингтон вреден околу 150 милиони долари, опремен со најлуксузни рабиоти со стерео систем изграден под вода. Според неговите зборови, дури 95 отсто од својот имот ќе го даде во добротворни цели. „Секој живот вреди поеднакво и кон луѓето мораме да се однесуваме исто онака како што би сакале тие да се однесуваат кон нас“, изјави Гејтс за „Телеграф“.
Иако на многумина им се врти во главата од сумата која Гејтс ќе ја употреби за помош на болните, тој споредувањето на количината на парите што ќе ги потроши со буџетите на некои држави ги смета за претерани и скромно вели: „Износите наменети за овој наш фонд во однос на проблемите кои со тие пари треба да се решаваат, не се баш толку големи како што на некои може да им изгледа, но суштината е во тоа да се употреби за светот да стане подобро место за живот“. Во 1990 година умреа околу 12 милиони деца кои биле на возраст помала од 5 години. Денес таа бројка изнесува околу седум милиони или 19.000 дневно.
За Бил Гејтс главен противник до сега е дечјата парализа која сака да ја искорени. Тој ни неговата сопруга во следните 6 години ќе потрошат 1,8 милијарди долари за да ја постигнат таа цел. „Мојата постојана работа до крајот на животот ќе биде во фондацијата. Во ’Мајкрософт‘ ќе работам скратено. Имав две успешни работи и двете беа фантастични“, изјави Гејтс.
|