21.01.2013, 15:41 Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Министерството за култура ќе информира за мерките што ќе ги преземе за обнова на муралот на Борко Лазовски во опожарената Македонска пошта откако стручен тим на Конзерваторскиот центар - Скопје ќе изврши увид и ќе ја утврди состојбата на уметничкото дело.
- Деновиве во зградата на Македонска пошта се врши увид од страна на истражните органи за утврдување на причините за пожарот и поради тоа влезот во објектот е забранет. Во меѓувреме, Конзерваторски центар – Скопје упати барање до управата на Македонска пошта да му овозможи влез во објектот на стручниот тим за да ја утврди состојбата на уметничкото дело, информира Министерството за култура.
Откако ќе добие дозвола за увид од управата на Македонска пошта, тимот треба да го утврди степенот на оштетување и да предложи превентивни мерки за заштита на муралот, кој се смета за монументално дело на доајенот на македонското сликарство Борко Лазовски. |