Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.01.2013, 18:39

Субр��та Рој ќе го светне охридскиот бисер

Индискиот милјардер најави дека откако ќе се комплетира градежната документација ќе почне изградбата на туристички комплекс во Љубаниште

Од нашиот известувач
Маја Томиќ

Охрид - Индискиот милијардер Субрата Рој, кој стаса трет пат во Македонија, го најави големиот и амбициозен проект за суперлуксузниот туристички комплекс што ќе се гради во автокампот Љубаниште од „Сахарија груп“.

Комплексот лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро на површина од 240 хектари ќе располага со суперлуксузни хотели, казина, вили, бунгалови, голф- терени и други објекти за рекреација, спа-центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода ....

„Овој проект е едно големо емотивно патување. Ние сме многу среќни што сме овде“, со овие зборови ја почна вчерашната прес-конференција во Охрид, Субрата Рој, додавајќи уште еднаш дека е одушевен од македонската љубезност. Не можеше да прецизира кога точно ќе почне изградбата на овој туристички комплекс, ниту да ја каже точната сума колку ќе вреди, само нагласи дека веројатно ќе чини неколку стотици милиони долари и дека е потребно да се завршат уште многу работи затоа што станува збор за комплексен проект. Рој навести дека за да почне изградбата на комплексот ќе треба прво да се комплетира градежната документација. „Целиот проект пред се' е инициран од аспект на бизнис. Нашите заложби не се тоа да биде некој просечен туристички комплекс, туку една дестинација меѓу најдобрите пет до десет од таа област од целиот свет“, истакна Рој. Тој потенцира дека неговата компанија се' што прави, прави големо, а таков ќе биде и овој амбициозен проект од кој, според Рој, ќе имаат полза и двете страни, и Македонија и „Сахарија груп“.

„Никој на светот не може да предвиди каков ќе биде конечниот изглед на проектот. Не сме тука да правиме нешто просечно. Зошто некој би доаѓал тука? Затоа тоа мора да биде нешто од врвна класа, нешто меѓу петте, максимално десетте најдобри дестинации во светот“, истакна Рој.

За него климата игра мошне важна улога во вакви проекти. И затоа по посетата минатото лето, сакал да види каков е Охрид во зима.

Тој истакна дека кога се работи за бизнис од туризмот, мора да се води сметка и за климата. Рој потенцира дека уште при првата посета ја засакал нашата земја, убавини и луѓето.

„Не можам со зборови да објаснам, дури Охрид како да бил дел од мојот претходен живот. Токму тогаш почнаа нашите планови“, додаде Рој.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој е домаќин на индискиот милијардер, истакна дека веќе е формирана група од 25 лица кои ќе работат во сите фази на проектот. Ќе се работи на финансискиот дел, инфраструктурата, маркетингот и еколошките стандарди.

„Максимално ќе бидат запазени еколошките стандарди за да се заштити Охридско Езеро. Ќе се формира и туристичка развојна зона во Љубаниште, а граѓаните ќе бидат обесштетени за земјиштето. Имаме договор со ’Сахара’ дека сите тие стандарди ќе бидат максимално почитувани, со цел проектот да биде и транспарентно подготвен, но и да одговори на сите стандарди за заштита на Охридско Езеро“, нагласи Ставрески.

Според него, инвестицијата е од големо значење за македонската економија, која Охрид ќе го направи туристички активен 365 дена во годината, а ќе отвори и илјадници нови вработувања во малото стопанство. Ставрески најави дека Владата ќе почне со инфраструктурните подготовки, кои опфаќаат изградба на нов пат од Охрид до албанската граница и автопат од Скопје до Охрид. Инвестицијата за него е поттик за Владата да продолжи со привлекување странски инвестиции.

Субрата Рој порача дека овој комплекс ќе привлекува милиони туристи, најмногу од Европа, Русија и Кина со што Македонија ќе стане светска туристичка дестинација. Индискиот милијардер не откри повеќе детали за другите проекти во Македонија, иако се најавува сличен комплекс и во Преспа, а интерес има и за вложувања во земјоделскиот сектор. Но, за нив не стана збор на вчерашната прес-конференција, која беше исклучиво наменета за проектот во Охрид.

Синот на Рој ја купи „Славија“ за 5 милиони евра

Индискиот бизнисмен Субрата Рој го купил хотелот „Славија“ во Охрид за околу 5 милиони евра, а зделката била реализирана веднаш по неговото пристигнување во Охрид. Рој не ја откри сумата што ја платил за хотелот, со образложение дека неговиот син преговарал за купување на хотелот. „Син ми се пазареше, а плати колку што требаше“, изјави вчера кусо индискиот бизнисмен.

Дека е продадена „Славија“ претходно потврди сопственикот на хотелот Владо Рувинов. Се претпоставува дека Рој го купил хотелот за во него да ги смести архитектите и инженерите кои веќе за половина месец треба да дојдат во Охрид за да ги почнат подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“. (М.Т.)


Статијата е прочитана 2048 пати.


Испрати коментар



Внимателно со јавниот долг
Зврлевски ќе ги подобрува обвинителите
Грипот коси - еден починат, тројца се борат за живот
Атина навредена од изјавите на бугарскиот претседател
Еврокомесарот ги замолкна, но не ги омекна
Филе си отишол со празни раце
Реакции за настапот на Ивановски во Советот на Европа
СДСМ на марш в недела
Избори се ближат, а во Велес е се' неизвесно
Светски архитекти проектираат за Охрид



Itar Pejo, 25.01.2013 00:17:04
Citiram: меѓу најдобрите пет до десет од таа област од целиот свет!!! USA, Dubai, Kina, Brazil, Rusija, Francija, Japonija, Egipet, Italija. Znaci deka barem vo edna od ovie zemji nama da ima podobar turisticki kompleks od ohridskiot. Veli : суперлуксузниот туристички комплекс ... ќе привлекува милиони туристи. Istotaka, veli: се најавува сличен комплекс и во Преспа. Znaci prvite dva superlukzuzni turisticki kompleksi ce bidat vo Makedonia. Da vetese i eden tret, koga vece se podigrava so nas.
Јован, 25.01.2013 00:51:48
Гледајте да не стане Охридско Езеро како Јамуна Ривер...
neso, 25.01.2013 01:40:17
nekoj da my objasni na Subrata jee , kolky e blisky granicata do kazinoto shto ke go gradi po zemja, vozdux i voda i kako taa granica e Cuvana ! Kolky samo Ohrigani ke treba da zaposli , kako cyvari tamy ....
александар, 25.01.2013 01:47:19
секоја чест за идејата на господинот рој да направи нешто невидено и искрено се надевам дека ќе отвори повеќе работни места и да завршам доколку оваа успее јас ќе се викам ашим
KOLE, 25.01.2013 01:56:38
Не ми се верува какви се коментари нема да сретнам на оваа тема. Ќе се уништело езерото, “трулиот милијардер“ ќе не искористувал и какви ти не други “филозофии“... Со сето срце навивам да се оствари проектот. Ќе биде за добро и на Македонија (од промоција на земјата воопшто - бесплатна, нови работни места за македонци, кој знае се какви нови работни искуства за македонци - кои потоа ќе можат да се “продадат“ и на светскиот пазар, бум во градежноит сектор, новитети во пловство, гарантирано сголемена потрошувачка на земјоделски и други производи од Македонија и што се уште не...), за добро на Охрид и секако за добро и на инвеститорот. Инаку зошто би инвестирал. Се надевам Владата успешно ќе одговори на менаџерските, правните, еколошките и останатите дилеми и ситуации кои ќе ги наметне проектот.
Dimitar Belgia, 25.01.2013 07:47:06
A po koi pat ke se dovadja do toj hiper moderen i luksuzen centar? Po segasniot medju plazite i novogradbite?
ФЕЛИКС, 25.01.2013 08:07:15
Каков бисер какви бакрачи,каде е екологијата кога ќе се забрани да се фрлаат стари шпорети,фрижидери и друга кујнска апаратура во езерото.Каде ќе се фрла градежниот шут кога разни Пејковци дома реновираат.Па замислете ви се молам на Водици да се нема расекотини од разен остер отпад,кога ќе се плива по крстот.Па уште кога ќе разбере УНЕСКО да вакво нешто се предвидува,верувам остро ќе реагира и ќе побара однесување како што било досега да се гради во Охрид секаде каде што има и малку историско значење.Едноставно ќе се поправи грдата слика на езерото а тоа никако не смее да се дозволи.И на крај предлагам кога ќе се има протестен марш на Шатевци низ Охрид,да се посети локацијата и да се изрази жесток протест оти некој имал убави развојни намери за Охрид.
Gargamel do Kole, 25.01.2013 09:12:20
Brat Kole,aj ke se napravi.Koj ke gradi?Pa na tenderite voglavno*stranski* firmi go dobivaat kajmakot,a gradat nasite za sitni pari.Vrabotuvanje?Ke gi vozat ohrigjani 50 km po onoj pat koga na 5 km ima poeftina rabotna raka,a vo Indija za 1,5 evra dnevnica rabotnik za 8 saata izrabotuva 4 brendirani tasni.Slovencite istovo go *pocnaa*vo Dojran,no ostana samo odliv na kes so tasni i debakal na Hit-Gorica.Vo Makedonija se nagledavme glumci,biznismeni,vo Bucim,vo Swedmilkna,Vodno ... Da ne e gospodinov i onoj *skrieniot*so crven turban od indijskite anticki makedonci pa se nasekirani za razvojot na Makedonija,a?Ili ova se normalni i nenormalni,poveke nemoralni predizborni aktivnosti.A za *usluzniot*personal vo takvi centri,osobeno zenska zabavna i *usluzna*snaga,e toa ke si odlucat mestanite,ministrite obekavaat golemi vrabotuvanja.Vo sekoj slucaj Ohridskoto ezero i izvorite mora da postignat visoka pazarna cena,osobeno ekoloska i endemska,da sum malku *postrucen*.I pak Ace ke ja spasuva.
robert, 25.01.2013 09:17:09
prost narod.pa neli slusnavte site sinoka koga covekot rece proektot ke bil zavrsen 2020.ako voopsto i zapocne.i kako bre mu se potrebni duri 7 godini na takov milijarder za nesto sto ke cini nekolku stotici milioni evra.predizborna mackanica na oci na narodot prost i neuk.
penzioner, 25.01.2013 09:23:44
Се убаво поубаво неможе човеци, ова е од господа, во оваа света земја. Мене ме мачи нешто друго: дали овој наш Охрид има домаѓин, градоначелник, гледаме во наше Скопје.Коце секои 5 мин.на тв.Конески, Тоторовиќ неслегуваат от тв.А А Охрид село без кучиња. Знаеме како се однесувале некогаш БЕГОВИТЕ во пусто турско. Онаа девојка каурка пред дасе мажи морада оди на кулата, ова ми личи на овие наши бегиви, мери со прст и готово ова морада биде вака. Како оние од охридската касаба дасе ретардирани, и ништо неразбираат.
Ристо Андов, 25.01.2013 09:25:43
Со најавената продажба на охридското крајбреже и делови на езетто на шалабајзерот Субрата Рој, на македонскиот бисер заштитен од унеско, да не се залажуваме, му се изрекува смтртна пресуда! Да потсетам, спомнатиот се фали дека од Охрид ќе направел балкански и еврипски Лас вегас! Еве јавно да прашам: Прво, зошто господинот не оди, на пример, на Женевското езеро во Швајцарија да га направи фамозниот Лас вегас!? Или зошто глупите Американци, својот Лас вегас го изградиле во пистина а не на пример во Калифорнија!? Повеќе од очигледно е дека, шалабајзерот си бара типови равни на себе со изместени критериуми за природните вредности!!!
Ајван Доктор®, 25.01.2013 09:27:51
Не бунете се!Се гледа дека чоеков во претходниот живот бил Македонец! :0) Интересно е што ни во Индија не може државата да му продаде имот кој е во Приватна (Туѓа) сопственост и тоа за цело 1€!Не знам дали е тоа возможно билокаде во светот освен во некоја банана држава!Најголемо уживање што го доживеав беше кога Англичанец му побара на еден кеНЛер во охридски „луксузен“хотел да му стави малку кромид во омлетот:„Немет кромид!Како не,се’а ќе му правам и со кромид!“-промрморе!Верувам дека туристите ќе бидат воодушевени кога ќе влезат во „Рибен ресторан“да каснат гирици,а таму ќе добијат одговор:„Немет!“!Тоа секако ќе ги предизвика одново и одново да навраќаат во Охрид!Обожуваат предизвици!Загадувањето,Уништувањето,кое го испланирале лицата од власта за свој личен ќар и профит,ќе има трајни несогледиви штетни последици за Охрид и за езерото!
сумо, 25.01.2013 09:32:47
Комплексот лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро ќе располага со суперлуксузни хотели, казина, вили, бунгалови, голф- терени и други објекти за рекреација, спа-центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода .Ова ке донесе многу вработувања за македонските граѓани.
suze, 25.01.2013 10:04:35
Само да не светнеме на крај сите!
zapad, 25.01.2013 10:19:26
na zapad velat nevozmozno da vrsis biznis so ludje od indija,brazil,rusija posto mora da dades ili primis mito...kakov masoven turizam za milioneri,ohrid nee blizu do milonski gradovi tuku vo planini,a za masoven turizam ohrid e premal,mislav ce se omrsi nasa vlada a ako idniiecot ima car znaci pari ce odat vo indija....a sto so zagaduvanjeto..pa ohrid privlekuval otsekogas turisti poradi plazite,vodata ako go nema toa nema da ima turisti....
marija, 25.01.2013 11:14:26
Ova se vika CURUK narod. Na ovie i da im dades ke mrcat.NAMCORI.
Mirko, 25.01.2013 11:29:25
Koga ke izrasneme vo pravi luge so mozok? Toj milijarder se mi lici na i na princ od Hunzite. Sto bidna so niv? Od kade sega Ohrid ke izrasne vo svetsko mondensko letovaliste? Veruvam, deka samu deset odsto evropjani, znaat za Ohrid. Za Amerika, Indija, Kina i da ne zboruvame. Sto bese so Mose Baum od Svedmilk? Papila maca. Ovoj milijarder si dojde i ke bide ugosten domakinski, a vo edno ke posluzi i kako orudje za propaganda za glasacka masinerija. Prvo da se popravi pat Ohrid-Sv.Naum, pa togas da zboruvame za revieri i kockarnici hahahahah
milan, 25.01.2013 11:44:04
Po se izgleda naivni sme ko francuski sobarici(neka izvinat sobaricite)Vo Francija nekoja sobarica nokta ja onadele a denta i govorele deka bila dama na vecerta.Kako mozete da mu veruvate na covek,koj sudstvoto na Indija go tereti za miljardski sumi i go proglasi za reketar od svedski mastrab.Ohrigani zar ne e vreme na Stavrevski i negovoto drugarce Roj da im otkazete gostoprimstvo.Vodete smetka da ne ve prodadat sose ezeroto barabar.
PRESPA-OTESEVO, 25.01.2013 12:27:02
Puknala majka tresnala zosto me rode ubava.Ova da ne bide kako vo Otesevo ,dojdoja Portugalcite najavija grandiozen projekt go kupija zemisteto go ogradija i si zamina, navodno ministerstvoto za transport i vrski go stopira projektot. Daj boze i ovaj da se ostvari.
bajamce, 25.01.2013 15:43:20
Kako prvo nemenuvajte go imeto na moeto selo. Tamu kade che gradi indiecot seloto se vika LJUBANISTA: so A na krajot. Ve molam vie novinarite. Drugo tie shto se plashet od higienata so izgradbata na kompleksot se vo greshka. Neka proshetat po plazhite vo Ljubanishta pa ch vidat kakva gnasotija ima. So eden tip na grad kako Las Vegas (za bogati lugje) chistotata che bide na top nivo. Poglednite kakvi kolibi ima vo sindikalni, ili pak vie ste slepi?
sman, 25.01.2013 15:45:35
Dali nekoj pameti sto se sluci so investicijata soncev grad so izraelcite. Toa ke se sluci so ova i vo ohrid.... izgleda epten pozitivno toa znaci deka e vetar vo magla....... Ohrid ima ubava priroda no nema pat , nema zeleznica, nema marina itn. I kazete koj bese gazda na Slavia- spektar i kako dojde da bide sopstvenik go znae cel Ohrid ... toa e javna tajna ....
Ohrigjanec, 25.01.2013 16:01:38
Mr Roy is often described as a billionaire but he is not on the Forbes list of rich Indians. Saharas website says no dividend has been paid for 34 years and no profit has been taken out of the company. Their business model is not transparent. There are some grey areas, said the CEO of a large Indian bank, who like many people interviewed for this story declined to be identified given the sensitivity of the matter. Sahara has a lot of cash but we dont know where all this cash is coming from. Not that it seems to need bankers. Unlike many big, acquisitive groups, Saharas in-built funding sources mean it does not rely on bank loans. Have you ever seen Saharas balance sheet? Nobody has seen it, said a senior executive at another major Indian lender. On Aug. 31, the court had asked Sahara to repay within 90 days as much as 240 billion rupees ($4.4 billion) collected from nearly 30 million mostly small investors, plus interest of 15 percent a year, to the capital markets regulator.
riki, 25.01.2013 17:37:48
kako najprvo SI POSAKUVAM da sum greshka vo vrska so taa investicija.NO moram da kazam ne sme nie nekoja atraktivna zemja za vlez na GOLEM obem na kapital.se znae,nestabilni etnicki odnosi,problemi so sosedite,vnatresno hronicni nesoglasuvanja.taka da ovoj investitor-spekulant,barem taka stoji za nego vo mediumite,ako istite ne se kako nashite,naoga zemji vo vecni tranzicijii kako nashata i manipulira so istite,zaradi licniot profit.koj ne veruva neka go prasha profesorot*google*.a moze ovaa fatalno da bide za nas no nie se fakame i za slamka,samo i samo da vlezat bilo kakvi investicii.za ete,da pokazeme pred graganite,se shto e zarctano go ostvaruvame.najgolemiot kazino centar vo svetot e izgraden vo pustina.znaci da se stimuliraat nerazvienite podracja a ne biserot na maked.duri vladata i parceli ke otkupova po smeshni ceni,za da mu gi odstapi na blogerot- spekulant.ne mi e samo jasno,po koji kriteriumi BASH nas ne odbra za ovaa*nesekojdnevna*investicija??

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -5°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Смогoт повторно го проголта Пекинг
(ФОТО) Мали - африканска земја со рудни богатства
(ИНТЕРВЈУ) Политичарите прават пародија на „К-15“
Бранко Огњановски...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |