29.01.2013, 15:04 Катар со поткуп го добил мундијалот во 2022
Оваа вест во текот на денешниот ден ја објави престижниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, нарекувајќи го скандалот „Катаргејт“
Катарците си ја купиле организацијата за Светското првенство во 2022 година откако успеале да ги подмитат членовите на Извршниот комитет на ФИФА, оваа вест во текот на денешниот ден ја објави престижниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, нарекувајќи го скандалот „Катаргејт“.
Според овој магазин операцијата на Катарците започнала пред три години го спонзорирале конгресот на африканската конфедерација, а потоа и двајцата африкански членови на ИК при ФИФА, Иса Хајату и Жака Анума добиле по 1,5 милиони долари. Покрај овие двајца членови во целата афера биле замешани актуелниот претседател на УЕФА Мишел Платини, како и поранешниот претседател на Франција Николас Саркози, кои што имале блиска средба со премиерот на Катар на која што биле договорени сите детали. Според „Франс Фудбал“ Платини требало да го даде својот глас за да Катар биде домаќин на мундијалот во 2022 година, а наспроти тоа Катарците да го преземат финансирањето на ПСЖ, што пак и се случи.
Првиот човек на УЕФА го даде својот глас, а ПСЖ во моментов го спонзорираат Катарци.
За потсетување Катар организацијата за СП ја доби со 14 гласа од можни 22, а покрај оваа земја во конкуренција беа уште САД, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.
|