30.01.2013, 12:00 Брајант - „пеколниот“ тимски играч
Откако првата ѕвезда на Лејкерси престана да игра само за себе, „езерџиите“ го запишаа третиот триумф во серија, совладувајќи го Њу Орлеанс со 111:106
Тимот на Лос Анџелес Лејкерс најверојатно го најде победничкиот рецепт. Коби Брајант престана да игра само за себе и како никогаш до сега во својата кариера и се предаде на колетивноста. Сето ова на крајот се исплатеше, „езерџиите“ го добија Њу Олреанс со 111:106, а Брајант имаше 14 поени, но високи 11 асистенции и осум скока. Доста интересно е што во последните три дуели ѕвездата на Лејкерси има вкупно 39 асистенции што е негово најголемо остварување.
„Луѓето најверојатно заборавија дек Меџик Џонсон беше мојот омилен кошаркар“, е кратката изјава на Брајант по мечот.
Неговото отсуство во нападот им отвори простор на останатите негови соиграчи да се искажат напаѓачки и „езерџиите“ да дојдат до третиот триумф во серија. Двајт Хауард со 24 поени беше најефикасен кај Лејкерси, а добра игра повторно покажа Ерл Кларк кој повторно беше замена за Гасол, овој пат запиша 20 поени (од кои три тројки) и 12 скока. Во гостинскиот табот Ерик Гордон со 25 поени и Гревис Васкез со 15 поени и исто толку асистенции беа најефикасни.
Највозбудливо беше во „Роуз Гарден“, таму Портланд и покрај негативата од 21 поен во третата четвртина, а потоа и седум поени во последните две минути, со погодокот на Ламаркус Олдриџ со звукот на сирената го совлада Далас со 106:104. Центарот на Блејзерси и покрај тоа што зад себе имаше играч на гостинскиот тим сепак успеа да упати шут, и беше непогрешлив. Зад името на олдриџ на крајот стоеја 29 поени и 13 скока, а добро го пратеше Џ.Џ. Хиксон со 16 поени и 15 скока.
Резултати: Кливленд - Голден Стејт 95:108, Детроит - Милвоки 90:117, Портланд - Далас 106:104, Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс 111:106.
|