30.01.2013, 12:05 Бастос една и пол година во Шалке
Челниците веднаш најдоа замена по заминувањето на Луис Холтби, откако во Гелзенкирхен го доведоа играчот на француски Лион
Челниците на екипата на Шалке веднаш најдоа замена по заминувањето на Луис Холтби, откако во Гелзенкирхен го доведоа Мишел Бастос од францускиот Лион. Според договорот Бастос треба да остане во Шалке како позајмен играч до 2014 година.
„Многу сме среќни што Бастос дојде кај нас. Тој има големо меѓународно искуство зад себе и веднаш може да се вклопи во тимот и да биде од голема корист. Освен тоа ќе може да го имаме и во мечевите за Лигата на шампионите“, рече тренерот на Шалке, Хорст Хелдт.Бразилецот во Европа дојде во 2001 година кога заигра за Феенорд, но набрзо се врати во родната земја каде играше за Атлетико Параненсе, Гремио и Фигерензе. Во 2006 година повторно дојде во Европа, каде во тимот на Лил во 98 меча даде 25 гола, што беше препорака да замине во Олимпик Лион, каде продолжи со одличните игри. Сепак оваа сезона не е стандарден и досега одигра само 12 меча во кои даде 5 гола. Бастос има и 10 настапи во дресот на бразилската репрезентација.за Сити нема да писеме ни збор денес, а ни вцера немасе нисто само резултат.
|