30.01.2013, 15:30 Бекам тренира со Арсенал
Искусниот 37-годишен фудбалер нема да игра за оваа екипа, туку ќе тренира со „топџиите“ се' додека не најде нов клуб
Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам се приклучи на тренинзите на лондонскиот гигант Арсенал. Искусниот 37-годишен фудбалер нема да игра за оваа екипа, туку ќе тренира со „топџиите“ се' додека не најде нов клуб.
„Бекам не праша дали може да дојде и да ја одржува формата. Тој само ќе тренира со нас, нема потреба од шпекулации дека ќе се пресели во Арсенал“, потврди тренерот Арсен Венгер.
Откако си замина од Лос Анџелес Галакси на адресата на Бекам стигнаа понуди од Квинс Парк Ренџерс и Вест Хем од Англија, а за неговите услуги сериозно се заинтересирани Катарците, кои потенцираа д��ка нема да се штедат за Бекам.
|