30.01.2013, 11:58 Лацио преку Јувентус до финалето
Римјаните го добија реваншот на „Олимпико“ со 2:1, откако првиот меч заврши 1:1
Во потресна завршница со два гола во судиското продолжение, Лацио излезе како победник во мечот со Јувентус и се промовира во финалист во Копа Италија. Римјаните славеа со 2:1 во реванш дуелот од полуфиналето и го добија двомечот кој по првите 90 минути, во Торино застана на 1:1. Релативно празните 90 минути еруптираа во екстра-времето кога Артуро Видал стрелаше за Јувентус и го анулира водството на домаќините кое на стартот од второто полувреме го постави Алваро Гонзалес. На семафорот стоеше 91. минута, веднаш до 1:1, резултатот со кој заврши и првиот полуфинален дуел.
Но, овде не застанаа срцебиењата на „Олимпико“, затоа што веќе во следната минута Се��џо Флокари постигна втор гол за Лацио и ги спаси и гледачите и актерите на теренот од мачен половина час продолжение. Ова ќе биде седмо финале за Лацио во италијанскиот куп, а во потрага по шестата титула ќе се соочи или со Рома или со Интер. Ќе покаже реваншот на второто полуфинале кој ќе почне на 17 април, со 2:1 за Рома, по 90 минути во Рим.
|