29.01.2013, 14:58 Календарот неизвесен, германското гран-при отпаѓа?
Берни Еклстон призна дека ги прекинал преговорите со Германците, а за потсетување, многу порано од организацијата се откажа и Турција
Постои голема веројатност дека новата сезона во Формула 1 може да почне со големи измени во календарот, наместо предвидените 20 трки може да има само 18. Засега информациите велат дека голем проблем е германското гранпри, кое требаше да се одржи во Нирбургринг.
Дека Формула 1 ќе стартува со помалку трки потврди и првиот човек Берни Еклстон, кој призна дека ги прекинал преговорите со Германците, а за потсетување, многу порано од организацијата се откажа и Турција.
„Го разгледавме нивниот предлог, со жалење мора да соопштиме дека тој финансиски не е прифатлив. Ова е причината поради која ги прекинавме преговорите“, изјави Еклстон.
Откако не успеа да најде заеднички договор со Нирбургринг, најверојатно повторно ќе преговара со Хохенхајм се' со цел за да се одржи Големата награда на Германија, која е планирана за во јули. Новата сезона во Формула 1 стартува на 17 март со трката во Мелбурн, а се најавува дека за празниот термин за 21 јули би можеле да конкурираат Франција, Португалија или Австрија.
Лотус со Е21 во новата сезона!
Едно од најголемите изненадувања од сезоната 2012, тимот на Лотус беше првиот тим во Формула 1 кој го претстави својот нов болид за 2013 година, презентирајќи го преку интернет во понеделникот навечер. Новиот болид Е21 доаѓа по охрабрувачката сезона 2012 во која стигнаа до победа во Абу Даби, и според тимот се работи за еволутивен развој со кој може да се оствари многу.
Е21 е визуелно многу сличен болид на тој од 2013 година, иако техничкиот директор Џејмс Елисон вели дека има голема ревизија на предната и задната суспензија и голем број на аеродинамички подобрувања. На болидот исто така ќе биде поставен пасивниот ДРС-систем, кој беше тестиран минатата сезона и тимот реши да не го покрива „прекршениот нос“.
Тимот во 2013 останува со стариот возачки состав, поранешниот светски шампион Кими Раиконен и талентираниот Французин Роман Грожан. Раиконен лани се врати за да победи на трката Абу Даби и заврши на третото место во генерален пласман и сега вели дека е можна и нова титула.
|