(ФОТО+ВИДЕО) Рекорд во сурфање - скротен бран висок 30 метри
Сурферот Герет Мекнамара го собори светскиот рекорд во сурфање на највисок бран. На плажата Назар во Португалија Макнемара успеа да скроти бран висок повеќе од 30 метри.
Четириесет и петгодишниот сурфер од Хаваи и досега го држеше светскиот рекорд, постигнат исто така во Назар минатата година кога јавна бран висок 24 метри.
Герет Мекнамара е познато име во светот на екстремните спортови, а негова специјалност е сурфање на џиновски бранови.