31.01.2013, 09:22 Живкица чека бебе
По синот Даријан, семејството на популарната радиска и ТВ-водителка и нејзиниот сопруг Зоран Калеников, ќе се прошири за уште еден член
Се шири семејството на популарната радиска и ТВ-водителка Живкица Ѓурчиновска, а сега Каленикова. По синот Даријан, Жиле на својот профил на „Фејсбук“ суптилно ја објави веста дека се подготвуваат за нов член. „Ете тоа е таа ситуација, по напорно бордање, славната тројка Даријан, Леа и Калин... Пс. Наскоро ќе станат четворка“, напиша Жиле, ставајќи неколку смајли на крајот на реченицата, под фотографијата на која се наоѓаат младите Каленикови. Честитките веќе почнаа да пристигнуваат, додека Жиле, во меѓувреме, се подготвува за старт на нејзиното ново т��к-шоу „Тунел“, кое наскоро ќе почне да се емитува на програмата на МТВ. (К.Ш.) |