Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
31.01.2013, 12:03

Плакати од Родченко во Музеј на современа уметност

На изложбата ќе бидат презентирани репродукции на значајни дела на Родченко, кои како поставка првпат ќе бидат покажани на овие простори

Здружението на графички дизајнери на Македонија „Плакарт“ во соработка со Музејот на современа уметност вечер ќе отвори изложба на плакати на Александар Миколајевич Родченко, таткото на конструктивизмот, како и дела на 20 современи руски графички дизајнери инспирирани од неговото творештво.

Ќе бидат презентирани репродукции на значајни дела на Родченко, кои како поставка првпат ќе бидат покажани на овие простори. Меѓу 20-те руски графички дизајнери, чии плакати се омаж на опусот на Родченко, се Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст... Сите се дел од светското одбележување на 120-годишнината од раѓањето на Родченко, што го иницираше руската Академија за графички дизајн и Биеналето за графички дизајн „Златна пчела“. Изложбата во Музејот на современа уметност ќе биде поставена до 15 февруари.

- Александар Родченко е можеби најсестраинот конструктивист и продуктивист кој творел по Октомвриската револуција во Русија. Неговите дела се сведок на времето во кое настанува суштествена промена на процесот на творење, но и на формите на пренесување на уметничката порака. Тој поставува стандарди на една нова култура и уметничка ангажираност, го трасира патот на поинаква од дотогашната естетика во сликарството, фотографијата. За едни е творец кој се занимава со експерименти, за други револуционер и уметник кој пожртвувано ги брани своите идеи. Неговиот придонес за развој на графичкиот дизајн е непроценлив, а неговите дела се инспирација за огромен број дизајнери во светот, соопшти Плакарт.

Изложбата во Скопје е по повод пет години постоење на Меѓународниот студентски конкурс за плакат. Изложбата на финалистите од 5. конкурс, кој беше на тема „Money for free“, Плакарт ја организираше во декември. Покрај неа, здружението организираше и предавање и изложба на дела од српскиот дизајнер Славимир Стојановиќ и предавање на Серж Серов, претседател на Светското графичко биенале „Златна пчела“.


Статијата е прочитана 282 пати.


Испрати коментар



„Блекбери“ се враќа во трката
ФЕСТ ќе го донесе Мајкл Медсен
Групата „Милко“ во живо на Канал 103
(ФОТО) Кинез продава свеж воздух во конзерви
Романците го возвраќаат ударот
Лидија Димковска и Весна Ацевска добитнички на наградите „Стале Попов“ и „Ацо Шопов“
Трет концерт од циклусот „Кирилица“ на Македонската филхармонија
Живкица чека бебе
(ФОТО+ВИДЕО) Рекорд во сурфање - скротен бран висок 30 метри
Путин доби ќерка со љубовницата?
„Опсесија“ на Симеон Атанасов ќе не претставува во Шведска
Кејт почна со подготовките за доаѓањето на малата принцеза
Северина со тим од 45 луѓе во Скопје
Хрватска избра клапа, Србија ќе одлучува на „Беовизија“
Тијана се враќа дома
(ФОТО) 40 години живее и јаде со волци
Фото конкурс на ОНЕ за најдобра зимска Инстаграм фотографија
Алберт од Монако - Филмот за мојата мајка е полн со лаги
Елтон Џон се појави во јавност со новото бебе
Српскиот филм „Кругови“ доби награда на „Санденс“
(ВИДЕО) Почнува култниот берлински музички фестивал „Трансмедиале“
Mилијардер дава богатство за ќерка си лезбејка
Стивен Кинг - Америка е преплавена со оружје
Тина Тарнер се откажува од американското и ќе земе швајцарско државјанство

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 11°C, Мин: 4°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(Фото) Другото лице на градот
Расфрланото ѓубре и пренатрупаните контејнери се само дел од грдиот лик на метрополата....
Габи Гифордс апелира да замолкне оружјето
Поранешната конгресменка беше ранета в глава во престрелка во 2011 година...
Романците го возвраќаат ударот
Британци дојдете во Романија - „Половина од жените ни изгледаат како Кејт, другата половина како – сестра `и“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |