31.01.2013, 14:15 И Рамуш Харадинај стана почесен граѓанин на Тетово
Тетово - Рамуш Харадинај, претседателот на Алијансата за иднина на Косово (ААК), стана почесен граѓанин на Тетово. Ваква одлука денеска донесе Советот на општината и за неа гласаа само советниците Албанци, додека Македонците ја бојкотираа седницата. И покрај бојкотот немаше проблем одлуката да биде усвоена, бидејќи мнозинството во Советот се советници од албанските партии. Новиот почесен граѓанин ќе биде промовиран на 4 февруари.
„Главни причини за бојктот е непочитувањето на деловникот за работа на Советот. Во дневниот ред на седницата ставена е точка без претходна координација и консултации меѓу етничките заедници. Внесувањето на одлуката Рамуш Харадинај да биде именуван за почесен граѓанин на Тетово на само еден ден пред седницата е несериозен и деградирачки потег во функција на придобивање гласачи во предизборниот период. Поради тоа ние одбиваме да бидеме дел на вакво сценарио“, изјави Мирослав Кочоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во името на сите советници од македонскиот политички блок во Тетово.
Будимир Апостолски вели дека целата постапка била спроведена во два дена, иако со деловникот е предвидено таква процедура да трае најмалку 7 дена. „Ниту е деловнички, ниту предлогот е поминат на комисии. Не е одржана ниту координација. Едноставно се најде на дневен ред на Советот и ние не се согласивме со ваква постапка“, рече Апостолски.
Предлогот го поднесе Дурим Љума, координатор на советничката група на ДПА, а го поддржаа советниците од ДУИ. Одлуката беше донесена со акламација.
„Рамуш Харадинај е успешен политички лидер со европски вредности. Борец за човекови права, мирољубец, храбар и со висока свест. Тој е вистински заштитник на хуманите вредности и демократијата. Харадинај стави печат на војната во Косово“, нагласи Љума.
Овој состав на Советот до сега за почесни граѓани на Тетово ги прогласи Љазам Дестани, Ферид Мурати, Тања Фајон и Стипе Месиќ. Сите се именувани со консензус на целиот совет од 31 член. (Г.Е.)
|
Статијата е прочитана 1130 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
mene, 31.01.2013 14:28:27 | Inaku albancite se poznati po toa sto se golemi demokrati...
I nego demokratski go imenuvale ...
nema sto da se bunime drugive... |
| Milan Kumanovo, 31.01.2013 15:06:46 | Demokrat,miroljubiv,hrabar,so visoka politicka svest...ovoj komandant nateroristickata uck treba da bide pocesen gradjanin na Skopje..Kakvo Tetovo BE A!!! |
| a da gi platat komunalcite, 31.01.2013 15:46:25 | A Sadi (st) Bexheti, gradonacalnikot da gi isplati platite na komunalcite na koi im dolzhi duri 4 mesecni plati. Ludjeto se i bez zdravstveno i penzisko.
Pollosh gradonacalnik Tetovo nikogash nemallo!!! |
| Mark, 31.01.2013 15:54:08 | E sto e pravo, kaza baba Evda, ke plakja Gruevski za novoto drugarce Menduh T. Ama se za dobroto na Makedonja, taka li feliksoidi? I Volers sit i *patrioti* na broj - a i Ramus ne e tolku los decko, eve vmr-ovcite ke vi kazat?! |
| karokan, 31.01.2013 17:02:52 | “Главни причини за БОЈКОТ е непочитувањето на деловникот за работа на советот“,а потоа:“Поради тоа ние одбиваме да бидеме дел на вакво сценарио“-вели Мирослав Кочоски,
координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ!!!!!!!!! Јавно прашувам (посебно трабантите на овој и дневниот весник “Дневник“,чиј основен арсенал е плукањето по опозицијата) во што ја гледаат разликата на овој БОЈКОТ и бојкотот на опозициските пратеници на работата на парламентот.И овде како причина се наведува непочитувањето на деловникот за работа на Советот и во другиот случај се работи за непочитување деловникот за работа на Парламентот!!!И овде советничките групи од македонскиот блок не сакаат да бидат “дел на вакво сценарио“,и опозициските пратеници
не саккат да бидат дел од сценарио спротивно на деловникот и директно кршење на Уставот!!!п.с. Обидете се да НЕ ми одговорите,зошто ќе треснете глупост,тешка со тони!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
| kavadarcanec, 31.01.2013 21:43:28 | Patrioti javete se .Aaallllllllllllooooooooooooooooo felikse,patriotce nevideno kade si da se javis te ceka baba zumbula.Cao lepoto ova se desava vo tvoeto Tetove |
| istok, 31.01.2013 22:45:24 | Vmrovcii kaj ke vi ide dusata da bese goce delcev ziv ..............ja prodadevte makedonija se otkazavte od makedonskiot narod studentite gi napravivte dijaspora ama vazno teroristite gi nagraduvate sekojdnevno |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -2°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“ 100. Gnarls Barkley - „Crazy“Автори: Brian Burton, Thomas Calloway, Gianfranco Reverberi, Gian Piero Reverberi; продуцент: Danger Mouse; објавена: мај 2006, „Даунтаун“ |
|