31.01.2013, 12:26 Трет концерт од циклусот „Кирилица“ на Македонската филхармонија
Светска праизведба на концертниот подиум ќе доживее и делото „Варијации за симфониски оркестар“ од младиот македонски композитор Дамјан Темков
Македонската филхармонија вечерва во Домот на АРМ ќе го изведе третиот концерт од циклусот „Кирилица“.
Под водство на Борјан Цанев, како солисти ќе настапат истакнатите македонски кларинетисти Здравко Ангелов и Игор Бакревски, кои ќе ги изведат Концертната пиеса за два кларинета и оркестар бр. 1 на Феликс Менделсон и пиесата „Средба“ за два кларинета и оркестар на Алмикаре Понкиели.
На концертот Макед��нската филхармонија ќе ги изведе и Увертирата кон операта „Лоенгрин“ од Рихард Вагнер со што ќе го започне празнувањето на 200 годишнината од раѓањето на овој значаен композитор, како и Варијациите и фуга на тема од Хенри Персел од Бенџамин Бритн, во чест на 100 годишнината од раѓањето на Бритн.
Светска праизведба на концертниот подиум ќе доживее и делото Варијации за симфониски оркестар од младиот македонски композитор Дамјан Темков. |