30.01.2013, 11:58 Кејт почна со подготовките за доаѓањето на малата принцеза
Војвотката од Кембриџ е во потрага на помошничка која ќе и помага околу домашните обврски по породувањето, за да може целосно да му се посвети на бебето
Војвотката од Кембриџ, принцезата Кејт Мидлтон започна со сериозни подготвки за доаѓањето на свет на нејзината ќерка, кое се очекува престојново лето.
Како што објава британскиот таблоид „Хелоу“, Кејт е во потрага за врвна куќна помошничка која ќе и помага околу домашните обврски по породувањето, за да може целосно да му се посвети на бебето.
Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам во огласот нагласуваат дека б��раат помошничка која ќе се грижи за „облеката на војвотката, да го полира среброто и да пере алишта“.
Младата барчна двојка се надеваше дека наскоро ќе може да се пресели во луксузниот нов дом во Велс, каде принцот и пронцезата би биле „далеку од очите на кралицата“, но градежните работи нема да бидат завршени пред раѓањето на бебето. |