24.01.2013, 18:53 Атина навредена од изјавите на бугарскиот претседател
Пред средбата во Њујорк идната недела, Атина и натаму очекува промена на ставот само кај Македонија
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Грција чека промена на ставовите на македонска страна за на претстојната средба со медијаторот Метју Нимиц да дојде до напредок во преговорите за спорот за името. Една недела пред новата рунда средби во Њујорк на медијаторот со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис јасно се гледаат притисоци од сите страни, но и молк околу последната рамка предлози.
Од грчкото Министерство за надворешни работи инсистираат дека преговарачката процедура е јасно определена, дека се одвива во Обединетите нации и нема никаква врска со Европската унија и со пристапниот процес на Македонија. Среде интензивирањето на преговорите, Атина остана изненадена и од изјавите на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дека „Бугарија не е втора Грција“ и дека не започнала „војна“ против Македонија, демантирајќи категорично дека тие како сосед и' се закануваат на нашата држава и дека спротивно на тоа, работат на поттикнување на нејзината евроинтеграција.
Во Атина остануваат на ставот дека, во принцип, не се против предлогот на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, за трилатерална средба, меѓутоа очекуваат доколку дојде до неа, таа да биде добро подготвена и да донесе суштински резултати, а не само фотографии за медиумите. Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, изјави дека се посветени на преговарачкиот процес и токму затоа сакаат по секоја македонско-грчка средба да има суштински резултати. Во врска со шпекулациите дека е можна билатерална средба на министерот Димитрис Аврамопулос со Филе, Делавекурас потенцираше дека моментно на распоредот нема такво нешто, иако од Брисел потврдија дека еврокомесарот ќе присуствува и ќе се обрати на истиот министерски состанок на ЕУ на 31 јануари, па средбата не можат да ја исклучат.
Во новинарски кругови се шушка дека не е исклучено еврокомесарот во наредниот период повторно да намине до Атина за да разговара за нивниот предлог-меморандум за соработка. Од Министерството минатата недела информираа дека Филе во писмото до Аврамопулос потенцирал да дојде до трилатерална средба за да се дискутира грчкиот меморандум за соработка. За Грција меморандумот останува иницијатива, чекор за да се постигне напредок во спорот за името. „Задоволни сме што преку меморандумот дојде до интензивирање на преговорите во Обединетите нации. Она што треба да се случи сега е двете страни да соработуваат активно и конструктивно и што е најважно да има политичка волја за да тргнеме напред. Тоа го очекуваме“, истакна Делавекурас.
Грција бара македонската Влада да демонстрира политичка волја и на преговарачката маса кај Нимиц да покаже дека може и сака решение. Се' уште се повторуваат забелешките дека македонската Влада продолжува со систематската негативна пропаганда против Грција. За грчкото МНР ваквата тактика е показател дека македонската Влада наместо да се фокусира на решавање на името, бара начин да го заобиколи наоѓањето конечно решение.
„Претседателот на Бугарија ги измешал работите, затоа што Грција сигурно не е држава која и' се заканува на Македонија“, беше реакцијата на Делавекурас околу изјавите на Плевнелиев. Тој додаде дека Грција работи постојано за Македонија да може да чекори напред кон ЕУ и да се интегрира во европското семејство. „Затоа, треба да сме многу внимателни во коментарите што ги даваме“, предупреди тој . Оваа „сопка“ во грчко-бугарските односи доаѓа во период кога аналитичарите во Грција коментираат дека со тоа што добрососедските односи на Македонија кон Бугарија се вклучени во заклучоците на Советот на министри на ЕУ, само се потврдуваат грчките тези дека нашата држава треба да работи на подобрување на односите со нејзините соседи.
Делавекурас изрази надеж за брзо решавање на политичката криза во Македонија, со порака дека единствен начин за излез од неа е дијалогот. Според него, Грција сака во своето соседство да има држава каде што ќе има развој и напредок и ќе се спроведуваат европските стандарди.
Како што информираа од Министерството, новиот шеф на грчката канцеларија за врски, Теохарис Лалакос, е веќе во Скопје и ја презел функцијата која досега ја извршуваше Александра Пападопулу. Лалакос доаѓа од амб��садата во Анкара каде што досега беше вршител на должноста. Во Грција се смета за искусен и способен раководител и дипломат, особено затоа што бил втор човек во Анкара, која е една од најприоритетните амбасади на Грција. Пред службата во Турција, Лалакос бил и генерален конзул во грчкиот конзулат во Александрија. |
Статијата е прочитана 4528 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pile, 25.01.2013 00:54:08 | Povikuvanje na memorandumot-predlog revizija na VS od 1995 godina, po svojata sustina, vo koj megjudrugoto se bara garancii za nenapagjanje, i se izleguva od osnovnata ramka zacrtana so VS za bezuslovna podrska na R.Makedonija od strana na prvata strana za clenstvo vo Organizaciite vo koi taa clenuva, bez zacrtuvanje na rokovi za nadminuvanje na sporot, sto e sprotivno od megjunarodnoto pravo koe nesto mozje i da se dokazje, i pretstavuva grub obid za manipulacija,ne na Makedonskata Vlada, tuku na Makedonskiot narod i elektoratot na DPMNE.Radikalno odobrovoluvanje od strana na sosedna Grcija e najprifatlivoto resenie za nadminuvanje na sporot, i sklucuvanje dogovor megju dvete sosedni zemji na nivo na odnosi so EU,drugoto veke e, poveke od blamazja pred megjunarodnata javnost i zaednickite sojuznici i prijateli, dali na Vladata na Gruevski ili od strana na R.Grcija seedno. |
| nekoj, 25.01.2013 01:10:38 | Makedonija treba da ja iskoristi bugarija dodeka grcija se uste ja nema zemeno od nejna strana treba da gi zememe bugarite od kaj nas taka grcija ke ostane osamena samo so francija , sekako nema da mozeme protiv grcija i bugarija zaedno samo mudar politicar ke go svane toa i ke gi pobedi grcite |
| Mile od Sankt Peterburg, 25.01.2013 05:39:56 | So vakava vlada deka gi provocira sekoj den komsiite so spomenici na luge koj se samoopredelili kako bugari,so filmi kako Treto poluvreme i so mapi na obenineta Makednoja nema kako da cekame podrska od Bugarija.Plevneli jsno kaja ne sakam da e gledam Pirinska Makednija vo mapi na Makednija !ajde Grujo koj sega e kriv koga baras Golema Makednija vo 21 vek ? |
| Tina, 25.01.2013 06:30:42 | Nashiot problem doaga od vreme koga Otomanskata sile tepashe se i na sekade a Ruskata sila spomnuvashe samo Bugarite Grcite i
Srbite, kao protekcija protivu Turcite, a nikoga nikoj vo toa vreme in tekna da im dadat protekcija na Makedoncite, oti po site vojni vo Makedonija ,
Nikoj ne ni davashe vnimanie, i pochit kao nacija
so imovina na Makedonija vo koja site se tepale
protivu eden drug i Turcite.
A sega oshte ne im teknuva koji sme nie Makedonci, pa taka imame problemi so site vo
EU i na Balkanot. Istoricharite vo istorijski spisanija spomnuvat samo Makedonija zemja,
ne Makedoncite po nacija.
I taka veruvat do den denes da ne postoime.
Toa e eden nachin na otmica na zemjata, denes.
Rusite oshte vladuvat so pogreshni sugestiji.
A MK.,nasledstvo, na koj ke padne? ako ne na nas
Makedonci. |
| dzimi, 25.01.2013 10:39:16 | grcija moze da se osekja navredena kolku saka, blokada na granica e ekvivalent na objava na vojna. izgleda nemaat educirani diplomati da im objasnat na tie kafanski probisveti sto e agresija... |
| зоре танески - скопје, 25.01.2013 15:07:18 | Е па такви се тие работи По се изгледа грците на председателот Плевенлиев му дале помалку отколку на премиерот Борисов.или пак можеби и воопшто нему дале рушвет на Плевенлиев и затоа тој така говори -не против Грција,но не ни слепо во косрист на грчките инетереси.Така ти е тоа на блаканската полтичка свцена. |
| do komentatorite, 25.01.2013 18:44:48 | Nekoi mislat deka strancite sakaat Gruevski da go smeni imeto zatoa sto ako go smeni opozicijata ke imalo nemiri od narodot,pa taka strancite ne go kritikuvale mnogu Gruevski.No narodot ne e vencan za Gruevski,ni za Crvenkovski.Narodot ne e vencan ni za VMRO,ni za SDS,pa bilo koj da go smeni imeto ili duri i da se obide da go smeni,ke go vidi gnevot od narodot.No za razlika od SDS,VMRO principielno nema namera da menuva ime. |
| Severno Zapaden Makedonec od Ilirida, 25.01.2013 19:16:16 | sto sakate zboruvajte sega no nie veke go jadevme stapot po nashki receno, komunjarite od SDSM veke go smenija i promenija i imeto i znameto uste vo devedesetite i nemojte sega da krivite drugi vakvi bile onakvi bile, se znae kaj treba da protestirate kaj tie sto ni go prodadoa i imeto i znameto, a na nas ostana ako mozeme da se izborime sega da go sucuvame barem identitetot i jazikot za drugoto ne se pregovara veke e dadeno sfatete ednash za sekogash duri i Grujo kaza ednas deka ne se pregovara samo za imeto, Grcite sakaat i toa da ni go zemat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Ведро
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -3°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|