Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
23.01.2013, 15:10
Meѓаши: Кој ќе сноси одговорност за смртта на детето?



Дали се вредни реакциите на институциите откако  уште едно дете ќе биде убиено, занемарено, злоставувано или постојано психички и физички малтретирано? Ова е дилемата која ја отвори Првата детска амбасада во светот Меѓаши во врска со зачестените случаите на насилство врз деца, кои завршуваат со смрт. По случајот во Радовиш, каде татко до смрт го претепа осумгодишниот син, невладината организација прашува дали смртта на едно дете, за жал би можело да  е причина за освестување на сите надлежни институции, за поефикасно да постапуваат во случаи на насилство, негрижа и занемарување на дете. Но и да ги потикне да разработат механизми со кои превентивно ќе делуваат и поефикасно ќе ги заштитат останатите деца кои се жртви на секојдневно малтретирање.

„Но, кога ист таков случај ни с�� повторува, можеме да констатираме дека има институционална неефикасност. Ни се наметнува прашањето кој ќе сноси одговорност? Дали кривичното гонење на родителот сторител на вакво грозоморно дело е доволно?’, велат во „Меѓаши“.

Според нив, задоцнетите или несоодветни реакции од надлежните институции и Центрите за социјална работа го доведуваат во прашање животот на децата и нивниот оптимален раст и развој. Од таа причина Првата детска амбасада во светот апелира до Центрите за социјална работа, да имаат увид во дисфункционални семејства и семејства во ризик, да вршат надзор на вршењето на родителското право, да преземаат мерка на привремено одземање родителско право, додека односите во семејството не се доведат во релации кои ќе им гарантираат на децата сигурност и заштита. Центрите за социјална работа го одземаат родителското право дури кога ќе настанат тешки повреди и последици по децата.

„Карактеристично е дека децата не им веруваат на државните институции во процесот на нивна заштита, обидувајќи се да ја избегнат дополнителната трауматизација и виктимизација од страна на институциите, одбираат да молчат. Во таа насока, особено е важно државата и сите кои се грижат за децата да им овозможат да се чувствуват заштитено, разбрано и прифатено од сопствените родители, стрателите и од институциите на системот“, укажуваат од организацијата.

Потребно е државата да се обезбеди подобра заштита на децата и да разработи сеопфатана стратегија за заштита на децата од насилство. Неопходно е синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, преземање на обврските и одговорностите предвидени со Уставот и Конвенцијата. За таа цел потребна е подобра соработка меѓу граѓанските организации и институциите на државата задолжени за спроведување на грижата и заштитата за сите деца во Македонија.

„Со цел да се превенира насилството во подолготрајни рамки потребно е  навремено санкционирање и казнување на сторители без разлика за каков вид на насилство станува збор и кој е вршителот на насилството. Доколку сторителите не се казнат истите повторно ќе продолжат со  својот модел на однесување и на индитректен начин институциите и тие кои се одговорни да го казнат и спречат таквото однесување всушнот го одобруваат и му даваат поголема моќ на насилсникот“, е ставот на „Меѓаши“.









Статијата е прочитана 957 пати.


Испрати коментар



Пријави за судија и секретар во општината во Охрид
(ФОТО) Во недела марш, од понеделник засилени блокади
Попоски се сретна со новоименуваниот шеф на грчката Канцеларија во Македонија
Трите критични случаи на грип се стабилни
Претседателот Иванов го прими Субрата Рој
Владата со нови мерки ќе вработи над 2.000 лица
И по 24 декември, рејтингот на Собранието расте
Од утре почнува увидот во Избирачкиот список
„Нормак“ официјално ќе управува со ТИРЗ Тетово
Турнејата на Влатко Стефановски продолжува во Лондон
Влада Урошевиќ претставен во софискиот „Литературен весник“
(ФOTO) Двегодишнина од египетската револуција
Протест на приватните медиуми за случувањата со авторските права
Ахмети - Албанците ќе прифатат име што го одразува мултиетничкиот карактер
Марк Цукерберг влегува во политиката
(ФОТО) Бунтовниците во Мали претрпеа сериозни загуби
Македонија претставена на саемот за туризам во Полска
Загина тричлено семејство на патот Ропотово- Лажани
Рекордна 26-отстотна невработеност во Шпанија
Џон Кери сведочеше во Сенатот
(ФОТО) Каиро повторно под опсада
Филе - Датумот за преговори е кај членките на ЕУ, но и кај партиите во Македонија
Конзервaторите добија дозвола да влезат во „Пошта“
Синот на Рој ја купи „Славија“ за 5 милиони евра
Од Скопје ќе се лета и до Сараево
Главната пошта почна повторно да работи
Заштитениот сведок за убиството во Ореше не дојде во судот
Фатен возачот што прегази 82-годишна жена
Делавекурас - Македонија избегнува решавање на спорот со името
Милошоски - Залагањето и посетите на Филе се позитивни
СДСМ најавува протестен марш во недела
Субрата Рој - Комплексот во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот
Во Истанбул ќе се гради најголем аеродром во светот
„ЈАТ“ може стане нискобуџетна компанија
Зврлески - Подобрување и унапредување на работата на јавното обвинителство
Македонска компанија ќе врши геолошки истражувања во „Алшар“
До сабота дожд и снег, за викендот суво и студено
Мадуро - Владата осуети план за мое и убиство на Кабељо
Четири лица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Волковија
Во Струга нема веќе сушење алишта на терасите
Тројца хакери обвинети за создавање и ширење на вирусот „Гози“
Еден починат од грипот А (H1N1), тројца во критична состојба
Ограбен „Кам маркет“ во скопски Чаир
Парламентот на Каталонија усвои декларација за суверенитет
Субрата Рој ќе ги претстави плановите за инвестиции во Македонија
Клинтон им верувала на експертите за безбедноста во Бенгази
(ФОТО) Централниот дел на САД зафатен од студен бран
Бугарија на референдум за изградба на нуклеарка
Протестен марш на опозицискиот „Сојуз на иднината“ во Велес
Украдени 162.500 евра од поштата во Дебреште
Е-даноците се сопнуваат на електронската пошта
Филе во ненајавена посета на Македонија
Македонското малцинство избришано од резолуцијата на ПССЕ за Бугарија
Плевнелиев - Бугарија не е втора Грција
ММИ да не бара Министерството во негово име да ги остварува надлежностите на Здружението
Опозицијата бара разбирање за блокадите на улиците
Аеродромот на вода влегува во закон
ДУИ би поддржала формирање на комисија за „24 декември“
Тачи - Србија сака размена на територии
Повторно притворен овчарот Иснифарис Џемаили
ТАВ сака да управува со аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
НДП го прекина бојкотот
Ирска очекува Македонија до јули да ги почне преговорите со ЕУ
(ФОТО) Во руското село Ојмјакон температура до минус 70 Целзиусови
Хонгконг најотворен за глобализацијата
(ФОТО) Експлозија во центарот на Загреб
Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд
Субрата Рој пак во Охрид и Скопје
Ципрас - Нема Македонци во Грција
Уште еден водител на Би-Би-Си обвинет за силување деца
Камерон предлaга референдум за членството на Британија во Унијата
Тесна победа на владејачката Ликуд во Израел
Во Давос почнува Светскиот економски форум
УЈП - Фирмите до 15 февруари да достават годишни извештаи
Латвискиот министер за финансии најдобар во Европа
Се уште нема осомничени за пожарот во „Пошта“
Избран проектант за новиот клинички блок
Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор
Пратениците на Руфи Османи се враќаат во Собрание
Македонија очекува искрен однос од соседите
Бериша ќе ги преразгледа односите со Србија
Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри
Повисоки стандарди и систем на кариера за дипломатите
Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски
Само 110 граѓани зеле од евтините станбени кредити
СДСМ - Ќе ги браниме интересите на граѓаните и на демократијата
Руфи Османи со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет
Јерон Дејселблом го замени Жан-Клод Јункер
Петгодишна Американка казнета поради „терористички закани“
(ФОТО) Принцот Хари на борбена линија во Авганистан
Почина поранешниот ректор на ДУТ - Агрон Река
Радовишанец до смрт го претепал својот осумгодишен син
Средбата Груевски - Црвенковски ќе се одржи во 13.30 ч.
Министерот Поповски во посета на Брисел
(ВИДЕО) Уништен споменикот на борците од НОБ во Витина
Протестен марш на опозицијата во Куманово
(ФОТО + ВИДЕО) Инаугурација на Обама
Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска
Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија
Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба
Конзерваторскиот центар-Скопје ќе ја утврдува состојбата на муралот на Лазовски
Расте бројот на загинатите заложници во Алжир
„Вистината ќе биде обелоденета“
Со ХАЛАЛ-стандардот до поголем извоз
Нов циклус обнова на фасадите на зградите во Карпош
Христијан Делев е новиот заменик-министер за економија
Груевски го покани Црвенковски на средба
Половина метар снег на улиците во Москва
Строс-Кан и исплатил на собарката 1,5 милион долари
Мандатот на Елени Зарулиа од „Златна зора“ е оспорен во ПССЕ
(ФОТО) Опозицијата блокираше три крстосници во Скопје
Нови петмина заболени од свински грип
Патнички воз прегази 51-годишен маж
(ФОТО) Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена
ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници
Мнозинството пак ја повика опозицијата да се врати во Собранието
Тројца Романци приведени поради кражба на златарница во Охрид
Комисијата за транспорт ја усвои Годишната програма на АЕК
Бил Гејтс ќе го подели богатството со сиромашните
Иванов до Обама - Македонија останува стабилен и доверлив партнер на САД
Промоција на македонскиот туризам во Хелсинки
Нова истрага за „Дримлајнерите“
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Снег и леден дожд во Европа
Меркел загуби уште една сојузна покраина
Инаугурација на Обама на Капитол
За Приштина отстранувањето на споменикот го доведува во прашање дијалогот
Груевски е подготвен да свика лидерска средба
Груевски жали што Атина го одби предлогот на Филе
Охрид со 3,3 тона рибна чорба го собори Гинисовиот рекорд
Заменик-ми��истерката за економија поднесе оставка
Субрата Рој по трет пат во Македонија
(ВИДЕО) Оружен напад врз Ахмед Доган



miki, 23.01.2013 18:13:51
Се разбира Бранко Црвенковски ????????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Облачно

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФOTO) Двегодишнина од египетската револуција
Благодарен сум за патот по кој врват моите книги
Денеска во галеријата „Остен“, писателот Гоце Смилевски ќе зборува за просторот и разликата во драмите на Горан Стефанов...
Мојата сестра - мојот одраз во огледало
Ги прашавме познатите што значи да имаш сестра и сите се единствени во одговорот дека станува збор за вистинска семејна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |