Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
18.01.2013, 19:21

Нема демократија без политички дијалог

Како да се излезе од политичката криза, можен ли е бојкот на локалните избори... одговара поранешниот министер на Црвенковски и уставотворец, а сега локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ, професор Владо Поповски

Гордана Дувњак

Македонија е во длабока политичка криза, особено по драматичните настани од 24 декември минатата година. Каде го гледате излезот?

Најдобро е да се прифатат сугестиите на меѓународната заедница и опозицијата да се врати назад во институциите. Се разбира дека тоа нема да се случи така лесно, бидејќи опозицијата ги изложи своите ставови и постави редица услови.

Колку тие услови се прифатливи?

Условите се надвор од Уставот и од политичката логика. Прво, институциите се формирани врз регуларни парламентарни избори. Немаше во ниту еден момент сериозна забелешка дека парламентот е избран нелегитимно и нелегално, за да создава основа за користење на било чие право да бара да се скрати мандатот на самиот парламент и да се избира нов, на начин на кој што не е изрично предвиден во Уставот. Се бара Владата да даде оставка и да се формира техничка влада според консензуален принцип. Она што го бара опозицијата значи изместување на улогата на претседателот на Републиката и на Парламентот.

Зошто власта толку лесно го отфрли барањето за предвремни парламентарни избори во услови кога самата во два наврата иницираше такво нешто?

Политичката логика не и' дава право на една опозициска партија, која што има определен број пратеници, кога ќе смета дека е во нејзин интерес да бара прекин на мандатот и тоа со закана за улична демократија. Тоа не е ни улична демократија, туку холократија (расипана демократија. Кога Црвенковски беше прашан што подразбира под улична демократија, рече: „сето тоа што ќе ни' падне на памет“. Што значи една инвентивност, која е надвор од правилата на играта и од политичкиот и правниот систем, а која би му била корисна да ги присили институциите да работат по неговите желби. Притоа, тој одбегнува да даде одговор на кој начин има намера да ја руши оваа власт. Ако таа власт сака да ја руши преку држење говори, митинзи, тоа е сосема легитимно, бидејќи еден од принципите на правната држава е да ги убедиш граѓаните да ти дадат доверба на следните избори. Но, доколку се посегне по насилство и нанесување материјална штета, тоа може да биде многу опасно.

Главниот аргумент на опозицијата е дека Македонија е во длабока политичка криза во поглед на човековите права и слободи.

По повод соопштението на Европската Унија, Црвенковски рече дека во Македонија не е приоритетно прашањето за евроинтеграции, туку борбата за човекови прва и слободи. Прашање е дали ваквото мислење го делат граѓните? По мое мислење, може да игра на таа карта, но само под услов мнозинството од 2 милиона граѓани го делат неговото мислење и да сакаат да се приклучат.

Како гледате на отсуството на дијалог и немањето здрава клима за развој на демократските процеси во Република Македонија, што можеби на подолг рок доведе до акумулација на негативна енергија?

За среќа, и јас имам долго паметење во областа на политичката пракса. Политичкиот дијалог секогаш чкрипел. А, сега отсуствува особено во односите меѓу опозицијата и позицијата. Нема демократија без политички дијалог за одредени национални проекти. Не може да не учествуваат претставниците на дел од граѓаните, кога станува збор за утврдување на стратегијата за името, кое што е проблематизирано од една држава и претставува комплетна кочница. Кога реков дека чкрипел дијалогот како сегмент на демократијата, мислам на подолг период. Едно време постоеше чувство дека Владата на Црвенковски го изолира и маргинализира тогашниот претседател Киро Глигоров. Неговото место во еден амбиент во кој немаше опозиција (1994-1998) беше многу значаен. Тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ на Љупчо Георгиевски и Демократската партија на Петар Гошев не учествуваше во изборниот процес, а СДСМ како носител на апсолутна власт, спроведуваше се' што сакаше. Претседателот Глигоров тогаш во претседателската вила на Водно ги повикуваше на средби лидерите на политички партии, меѓу кои, Георгиевски и Гошев. Нав��стина, во уставните надлежности не пишува дека претседателот ја има таа интегративна фигура, но на планот на моралното и политичкото водство, тоа од него се очекува.

Сугерирате ли индиректно дека тоа треба се очекува од акутелниот претседател на државата Иванов?

Интегративната надлежност е типична за сите претседатели на држави во светот, кои имаат можност да преземат иницијативи за воспоставување контакт мегу опозицијата и позицијата во услови кога меѓу нив нема дијалог. Значи да го реинтегрираат политичкиот дијалог. А, втор начин е тоа да го направи претседателот на Владата.

Да се вратиме на актуелниот момент. Какви се шансите за такво нешто кога двете партии имаат ригидни ставови, кои го оневозможуваат токму политичкиот дијалог на чија потреба се повикуваат?

Важно е да почне дијалогот, а после ќе се оценува за условите, колку се тие прифатливи или неприфатливи. Да се согласат да се сретнат.

Колку политичкиот дијалог е жртва на партиските суети?

Имам впечаток- поприлично. Но, тие анимозитети не можеме да ги идентификуваме само на една страна, туку ги има на сите страни. Жестокоста на анимозитетот, барем вербално, е попрепознатлив кај опозицискиот водач. Во неговите искази ќе сретнете „се' додека не ја срушиме ова власт, не се враќаме дома..ова е власт ненародна, апсолутистичка... прв интерес ни се почитувањето на човековите права“.

Го цитирате соопштението на СДСМ, но само во еден дел, а во продолжението се вели дека затоа што „се загрозени европските вредности и оти без почитување на правото и демократските принципи не може да се дојде до евроинтеграции“...

Тој дел во исказот на Црвенковски е прејудицирање, без да се види дали навистина во Република Македонија се загрозени човековите права и слободи. Но, од друга страна ги имате изјавите на европските авторитети кои предупредуваат да не се случи Македонија од пример да стане грижа на Европската Унија.

Како ги читате пораките на ЕУ, особено тоа што изостанува поотворена критика на политичкото насилство што се случи во Собранието и што се повикува опозицијата да се врати во пратеничките клупи?

Веројатно, ЕУ ги одмерува работите и ги цени позитивните резултати, па проценува дека на парламентарниот сегмент не му е место на улица. Но, во исто време порачува дека владејачкото мнозинство треба да создаде услови во парламентот отворено да се разговара за сите теми. Веќе се создава загриженост кај Европската Унија и се навестува дека доколку ова продожи, ќе мора да биде земено предвид во мартовскиот извештај. Тоа значи дека нема да може да помине без последици. Доколку се разгорат улични демонстрации и добијат нерегулиран тек, тоа ќе има негативен одраз на евроинтегративните процеси. Можеби се направени проценки во ЕУ дека ова нема да заврши така брзо, туку кризата може да се продлабочи. Не е исклучено, на акцијата да има реакција, бидејќи не може долго време да се контролира оваа состојба. Сепак, мислам дека во последните години, граѓаните во поголем број ја даваат поддршката на владините политики, што се виде и при последното донесување на буџетот.

Но прашање на анализа е колку е тоа резултат на реална проценка на граѓаните, а колку пак, во градењето на тој имиџ има удел стеснетиот медиумски простор, пропагандните машинерии, па дури и политичката инструментализација на категории граѓани?

Можно е да има инструментализација на двете страни. Но, треба да разграничиме и да видиме што ќе се случеше ако не се донесеше буџетот. Ќе можеше една третина од финансиската маса да се користи во првото тромесечие и немаше да може редовно да се исплаќаат субвенциите и да се алиментираат потребите на голем број грагани. Не сум финансиски стручњак, но се созаде страв кај пензионерите дека нема да ги добијат пензиите, а да не се заборави дека огромна маса луѓе живеат само од пензии.

Како ги оценувате инцидентите во Собранието и дали некој треба да понесе одговорност за тоа што се случи?

Ова е прв инцидент од толкав размер во македонската парламентарната пракса. Вина има и кај едната и другата страна, особено кај владејачката партија во делот со новинарите. И ден –денес мислам дека некој мора да одговора кој даде наредба да се отстранат новинарите во вршењето на нивните професионални обврски. Новинарите не можат да бидат спречени, бидејќи тие имат многу функции не само да известуваат и да го направат транспарентен политичкиот систем, туку имаат и право да ја бришат политичка��а моќ и да ја сведат на интелектуални ставови.

Да се вратиме на случувањата во парламентот и на политичкото насилство што се случи критичниот ден...

Тоа што се случи меѓу пратениците имаше два чина. Првиот чин беше физичко оневозможување на парламентот да работи. Вториот, физичко отстранување на пратениците од опозицијата. Факт е дека Вељаноски беше оневозможен да ја води седницата. Се влечеа микрофините, се фрлаа списи..

Опструкции имаше и кога покојниот Јордановски беше претседател на Собранието,па не се случија вакви инциденти.

Да, слушнав дека му била одземена картичката од сегашниот премиер, но сега беше поинаква ситуација. Во секој случај срамота е тоа што се случи на 24 декември. Можеме да кажеме дека тоа е резултат на тоа што нема култивиран дијалог, што нема политичка култура, но тој неопходно мора да се создаде во сите сегменти.

Излегува дека се' се врти околу политичкиот дијалог. Но, како да се изгради доверба во изборниот процес дека ќе биде фер и деморкатски?

Мора да има фер и демократски избори, а за тоа е одговорна Владата.

Колку опозицијата е блиску до одлуката за бојкот на локалните избори?

Ако зборуваме за политичката структура на СДСМ, мислам дека сме блиску. Но, не е исклучено да се случат и поинакви однесување на делови од СДСМ со појавување на независни кандидатури. Не го знаеме јасно ни ставот на малите политички партии кои што се во коалиција, кои доколку ја прифатат одлуката за бојкот, ќе избрашат секаква линија на разликување од СДСМ. Не ја исклучувам можноста помалите партии да направат коалиција и да учествуваат на изборите.

Колку одлуката за бојкот на долг рок може да даде резултати, како прв чекор во насока на целосно делегитимизирање на власта?

Доколку СДСМ не учествува на изборите ќе има последици, бидејќи нема да биде истата партија како сега. Можеби ќе доведе до некакви потреси во СДСМ, ќе се појават линии на разлики и ќе се развие внатрепартиска динамика.

Нема ли на тој начин да биде доведен во прашање легитимитетот на владејачката гарнитура, која на тој начин би ја добила апсолутната власт во државата?

Точно е дека ќе се начне легитимитетот. Но, да не ја заборавиме максимата дека „кога ќе се означат изборите, поканети се сите граѓани да учествуват на избори“, а власта е должна да обезбеди услови. Секој има право да ја искористи оваа можност. Истото се случи и во 1994 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДП не учестуваа на изборите, а парламентот се наполни со 120 пратеници, кои на тој начин функционираа цели четири години. Се сеќавате ли на некаков страшно нарушен леготимитет и тоа да остави големи траги.

Да, но по четири година вонинстуционално дејствување, во таа 1998 година токму тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта?

Ќе видиме. Албанскиот блок ќе учестува целосно. Не знаеме дали ВМРО-НП, ЛДП ќе учествуваат на локалните избори.

Дали сегашното ваше позиционирање на локална функција е извесно деградирање, па дури и маргинализирање и тоа токму тогаш кога партиски се определивте за ВМРО-ДПМНЕ и ја напуштивте позицијата на независен професор како што партициравте во владата на Црвенковски?

Ако одите формално-правно јас сум на локална, наместо на национална функција. Но во тој момент се поврзаа некои моменти, кога беше потребно да помогнам во локалната самоуправа во првите две години, кога се донесуваше нов Деловник. Си дозволам да кажам дека сум во врвот на стручњаци во оваа област, кој има објавено книги,статии..

Лично не страдам од некое чувство дека сум маргинализиран, од причини што има многу други полиња во кои работам и сум успешен.

Им го препуштија ли партиските сениори просторот на „младите и нови дечки“?

Реално е да се очекува да се изврши масовна смена на генерации во политиката и во јавниот живот. ВМРО-ДПМНЕ успеа да се возобнови со млади кадри, кај СДСМ се' уште не е дојдено до таа фаза. Доколку младите кадри чувствуват потреба да вклопат сениори, најдобро тоа да го направат онаму каде што тие се стручни и најмногу можат да помогнат со своето знаење.


Статијата е прочитана 2443 пати.


Испрати коментар



Вељаноски ги покани странските набљудувачи за локалните избори
Фијат Цаноски седи до Црвенковски, а мисли на Ахмети
ДУИ притиска копче за реконструкција
Зошто молчи министерката за култура
Се шири свинскиот грип
Државниот врв не сака лидерска средба
Ќе фатат ли Груевски и Самарас чекор со Нимиц и Филе?
Шрамаер
Во „Пошта“ изгореле само 250 евра
Опозицијата ќе ги радикализира протестите
Црвенковски



Nekoj, 19.01.2013 00:12:24
E Profesore ! Da li ste voopsto svesni sto zboruvate.Ednas vo 20 godisno postoenje na nezavisna Makedonija se sluci brutalno isfrlanje na pratenici od Sobranieto i vie imate hrabrost da zboruvate za legitimitet, za slicnosti, za vracanje na opozicijata .Kakva erozija na moral i toa kaj Profesori pocnuvajki od Karakamiseva koja cita Ustav kako i odgovara.Sojuzot za Idninata ,napravie edna odlicna rabota , ve natera site da si go pokazete vistinskoto lice .
PAVLE ALIMASKA, 19.01.2013 00:12:31
Професорот Владо Поповски за мене е едно од најголемите разочарувања во поновата македонска историја.Никогаш немал јасен и прецизен став за ниту една значајна работа.Секогаш вртел како киша око Крагујевца и никогаш не бил на вистинската страна во вистинскиот момент.Фаќал страна од каде што имал личен интерес
Mark, 19.01.2013 00:14:17
*Poranesniot minister na Crvenkovski i ustavotvorec a sega lokalen funkcioner na VMRO-DPMNE*! Treba li da se trosi vreme i da se cita sto kazal goreopisaniot? Lik so takvi slalomi vo politikata e relevanten kolku i nekoj demohristijan sto stanal komunist pred da premine vo anarho-liberali?! Slika i prilika na makedonce - duvni vetre razvigorce!
respekt, 19.01.2013 01:20:11
Кога студирав, професогите ми беа идоли. Денес ми се гади од вакви професори мекотели и продадени души. Без и трунка срам ттврди, дека ,,граганите во поголем број ја давале подршката на Владините политики, што се видело и при последното донесување на Буџетот,,. Алоооо, што зборуваш јадни човече? Прво, Ноторна ЛАГА е дека ако не се донесеше Буџетот, ке немаше пари за плати, пензии и.т.н.што владата го пласираше преку невидена црна пропаганда.Второ.Буџетот е донеден со КРШЕЊЕ на Собранискиот Деловник. Трето.Подршката на спонтаниот народ беше ГОЛЕМА --гротеска. Беда на моралот.
pile, 19.01.2013 01:54:27
Koga na edna politicka struktura ke se dovede do stepenot na direktno rusenje na edna od temelnite Ustavni vrednosti za vladenjeto na pravoto i funkcioniranje na pravnata Drzjava so direktno mesanje na izvrsnata vlast vo sudskata,potvrdeno od relevantni megjunarodni Organizacii kako Stejt departmentot na SAD,Amnesti internesenel, Frigom haus,(ili nevladeenjeto na pravoto ne e povreda na osnovnite covekovi prava),kako i ke si zeme za pravo povreduvajki gi Zakonskite proceduri za komisiski raspravi po bugjetot i nasilno isfrlanje na novinari od Sobraniska sednica,togas ako Vlasta ne e svesna deka se samosrusila,ostanuva opozicijata i neopredelenite da i pomognat toa ne samo da go razbere tuku i da go zapre erozivniot i opasen proces. P.S. Slusam predlogot za kompromisno ime ,,Severna Makedonija, predlog obelodenet od G-dinot V.Popovski za nedelnikot ,,fokus od 29.05.2012 godina, veke DPMNE ne se distancira tuku aplaudira.Atlantis bonbona biznis.Gruevski neli ti bese dosta,povika neg
Tuf, 19.01.2013 03:04:43
Mi se povraka od vakvi nedorazvieni kameleoni kako doticniov profesor. Pu jazk!
Leviot, 19.01.2013 03:33:36
Od vakvi profesori soncogledi mi e preku takvoto dojdeno. Se namnozija kako pleva site rabotat za edna ista kauza , zastita na sistemot na politicko ednoumie do bezumie. Izvrtuvanje na tezi do prevrtuvanje pa ne mi e jasno dali spijat mirno ovie lugje imaat li griza na sovest gi jade li nesto ili se pod narkoticni supstanci pa ne mozat da vidat ubavo sto se slucuva vo realnosta.
riki, 19.01.2013 05:40:02
gospodine ex sdsmvec i segashen dpmnevec,deka ste iskusni vo vashata profesija,ocigledno e.no mislam deka momentalnata situacija NI nalozuva po argumentirano da se proiznesuvame za krizata koja vo nikoj slucaj ne e incenirana od opozicijata.citajki MEGU REDOVI,sprema vas,tokmu sdsm e pricinata za krizata.a kako bi gi analiziarele sostojbite,ne e hipoteticko prashanje,se raboti za INTERESITE na nashata drzava,da ste sega opozicioneren funkcioner vo sdsm?dali ste sigurni vo toa shto zboruvate deka nema politicka logika,opozicijata da bara predvremeni parlament izbori i deka seto toa e holokratija?dali e holokratija iljadnicite REVOLTIRANI i NEZADOVILNI gragani na ulica.zaedno so opozicijata?i koji barat,ZAMISLETE,ni poveke ni pomalku,parlamentarni izbori.zoshto site vie,uporno toa go ignorirate i ne privakate po nikoja cena?pa nema da dojde krajot na svetot.ili se plashite narodot da ne vi go zeme mandatot?se izvinuvam,ama imam vpecatok deka imate neshto zaednicko so donev i cashhule
ФЕЛИКС, 19.01.2013 08:02:39
Нормално е да се има негативна реакција на интервјуто на симпатизер на власта од страна на коментаторите со опозициски предзнак.Но пречи кога не се полемизира со изговореното туку се презентираат стомачни тегоби кој им ги предизвикал професорот.Инаку би се задржал околу бојкотот на локалните избори,дали ќе ги има или нема.Па не би се сложил со професорот дека ,,сме блиску до бојкот,,По мене се повеќе се оддалечуваме поради внатрешната коалициска и партиска ерозија на шелбата за бојкот.Охрид,Штип,Карпош,делимично Куманово,вчера ПЕИ,молкот на НСДП,ЛДП и ЛП ми даваат за право дека ќе нема бојкот.Ако на сето ова се додаде кога г-дин Волерс вчера индирекно го пренесе ставот на Рикер од некни (не преку Либертас)со ,,цурик собрание,, работите стануваат веќе прејасни.
gece, 19.01.2013 08:55:30
Samo za gazeto svoe si misli
Seirdzija, 19.01.2013 09:31:26
Човек кој учествувал во пишување на македонскиот устав да пишува вакви работи е СРАМОТА!Парламентот е дом на пратеници а не на тајна полиција!Човекот слушнал што се случило на Јордановски?СРАМОТА!!!
blagoja, 19.01.2013 10:02:48
jas ne se ni potrudiv da go citam intervhuto osven prviot pasus, a posle vakvite komentari nemam sto da dodadam, a profesorot ako gi cita ne znam so sto bi mozel da se pokrija od sram
vojvoda, 19.01.2013 10:57:38
bravo za site sto komentiraa, od vakvi stradame...uaaaaaaaaaaaaa
Коста Стоименовски, 19.01.2013 11:52:13
По објавувањето на Уставот на РМ, направив споредба со тн. Жабљачки Устав на Србија, однсосно С. Милошевиќ (автор Ратко Марковиќ) и констатирав дека околу 2/3 од Уставот на РМ е препишан или компилиран од српскиот устав! На професорот сепак мора да му се признае дека е многу вешт пливач во водите на политиката! Она што сега му се случува на СДСМ се всушност траги од едноумното и комотно владеење на оваа партија во периодот 1994-1998 год. Слична, а можеби и посурова судбина ќе и се случи и на актуелната власт по првиот пораз на изборите! „Ние водиме дијалог со народот!“ Зарем може да има поголема политичка перверзија од ваквата изјава? Трагично е ако професорот не ја согледува опасноста од се поочигледното воспоставување на тоталитаризам и засилување на автократското владеење во државата!
Talicni Tom, 19.01.2013 12:36:49
Vo pocetokot na svojata kariera,ako se secavam dobro ,bevte profesor po istorija. Sega ste specijalist za politicki sistem i delenje lekcii po demokratija. Kade se moralnite i politicki uzansi,profesore,nema oprvduvanje za intervencijata,na gorilite vo Parlamentot. Pocituvani pratenici na opozicijata,vie trebase da imate, dostoinstvo i doblest,sami da ja napustite sednicata,znaejci ja tekovnata situacija.Dvete strani se dolzni da go cuvaat nacionalnoto edinstvo i dignitetot na Makedonija.
Трпе, 19.01.2013 13:31:38
Тоа е вистински македомец кои сме ги имале во секое време.Во турско ке бидеш вазал на турците.Во српско ке си србин,во бугарско бугарин,во повекепартиски систем во секој џеб по една партиска книшка.Вакви луге се без свое јас а се борат само за власт.И со тоа сам се фали дека бил стручњак.Но стручњак само од интерес.Неговото интервју не е за коментирање.Гледа и ништо не видува.Се прашувам на 24 декември да беше тегнат само за ракав како ке коментираше.Но овие немат ни лице ниту образ.Вакви се нашите таканаречени интелектуалци кои секогаш завземат страна а вистината неможат да ја видат.Срамно и жално.
miki, 19.01.2013 13:55:48
Наполнои се слагам со Алимаска...... а професорот повеќе ми личи дека припаѓа на МПЦ-ДПМНЕ............
makedon, 19.01.2013 14:06:33
Ovaj kade beshe profesor be lugje. Ovaj ne nalikuva na profesor. Ovaj nalikuva na chista VMRO-vska propaganda. Ovaj li beshe eden od tie shto ni go pishele Ustavot be lugje. Sram za Bitola
Вевчани, 19.01.2013 14:09:43
Во една пригода на една трибина во Струга на прашање на граѓанин за дотичниов „уставопишувач“,Бранко Црвенкоски кратко одговори, „и јас сум грешен човек“. Погодувате зошто ваков одговор.А за овој кутриов Феликс порака, цурик во реалноста, батали што рекол Волерс. Јас сум тој што гласа, не Волерс.А за избори не се секирај. Нема да има.
Од редовен читател, 19.01.2013 14:13:57
Жално, навредливо, срамно размислување на еден академски образуван човек.
Dali *a oni* e zakon i opravduvanje?, 19.01.2013 16:26:54
Denes mora da si chlen ili pro dpmne-vec, za da opstanesh vo zivot. Seto drugo e samoubistven chin! Eve neka odgovori tn profesor, dali e mozno denes da se vrabotish, bilo kade, bez partiska knishka na dpmne, i posebno, kako pominuvaat onie so SDSM-ovska knishka? Kade e ovde granicata pomedju drzavata i partijata? Pa ako se pobedile, ne se dobile i pravo mimo site zakoni da ne unishtat t.e. fizichki istrebat. Neka gi smenat zakonite, pa barem zakonski,*po PS-u*da ne potepat. No najbitno e toj (nash Stojanche) da go razbral vremeto i sistemot, pa se obezbedil sebe si i svoite, ne gledajci na moralot. A takvi *obezbedeni* struchnjaci i kameleoni od site branshi i sferi gi ima napretek, shto se smeta za nevidena vizija i pameten poteg na pastirot. Alal nek vi e na profesijata profesor, gospodine dpmne-vski profesore! PS: Pochnuvajci od B.Dulic, preku Manevski, pa se do dotichniot dpmne-vski profesor, dpmne se neverovatno podmladil. Sochuvaj go Boze SDSM od takvo podmladuvanje.
Marika, 19.01.2013 18:35:33
Eh Vlado, Vlado.Se bi napravil samo da imas kakva takva vlast. Toa e tvoja karakteristika uste od studentskite denovi.Narodot vel: Volkot go menuva vlaknoto no ne i ( tabietot) alcnosta.
EU, 19.01.2013 21:58:38
A gospogata Kramarska zagatnuva dilema zosto nasite politicari ostanuvaat doma. Dokolku profesorite nemaat dignitet da kazat sto mislat ili sto e uste poloso, po sekoj izboren krug si gi menuvaat stavovite, sto ostanuva za politickite petlinja sto kukurikaat samo za po doma.
karokan, 19.01.2013 22:13:38
Г-дине respekt,не знам на кој факултет сте студирале,но потполно ја разбирам вашата резигнација (би рекол и гнев-сосема оправдан) од професори од ваков ков!!!Поголем дел од моите професори ми беа идоли за време на студирањето и останаа такви се до денешен ден. Дали денс воопшто има професори (се надевам дека има макар и во сосема мал број) кои кога ќе им покажеш дека испитот си го спремал и од друг учебник покрај неговиот,ќе скокне од столот и со сјај во очите заедно со студентот ќе разговара околу материјата на тој учебник(покојната д-р Оливера Јашар Настева).Се разбира за тоа добиваш оценка плус!!!(Денес обично на таква изјава студентот веднаш пѓа) .Е,такви професори имаше едно време г-дине Поповски!!!За каква ли осуда се таквите како вас,што ја деградираа оваа така честита и високоморална професија!!!п.с.Днес човек мора да се распраша за менталниот склоп на професорите,па дури тогаш да го пушти детето на одреден факултет!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
tulko drdeski,tetovo, 19.01.2013 23:17:44
Zar i ti sine Vlado.Da se nemalo ni stram ni namuz.Coveku kako se custvuvas koga izleguvas na ulica.Ligavo i preligavo i ako e od tebe.
Oskar, 19.01.2013 23:55:23
Od odgovorite na profesorot jasno se gleda, deka nema hrabrost da ja kaze vistinata. Nevozmozno e eden od avtorite na Ustavot da ne bide kategoricen vo ocenkata za slucuvanjata od 24 Dek. Profesore, ne e dovolno samo da kazete, deka e sramota sto se isfrleni narodnite izbranici, tuku dali so toa e prekrsen Ustavot i Zakonite i dali i koj treba da odgovara za toa. Velite i opozicijata ima grevovi, da ima, no tie se eden promil od grevovite i greskite na vladeackite partii. Velite vladata e izbrana na legalni izbori, da tocno taka, no taa e izbrana da raboti prema Ustavot i Zakonite a ako gi krsi kako vo slucajov togas nejziniot legitimitet treba da se proveri na novi izbori. Vasite izjavi (koi od edno drvo ne ja gleda sumata), so pravo predizvikuvaat revolt kaj graganite.
nacional-patriot, 20.01.2013 06:18:44
Izjavata na Popovski deka za nego e prifatlivo imeto Severna Makedonija vo VMRO-DPMNE ja oznacija za negova licna i kako i togas i sega nema nikavo aplaudiranje za dodavki i pridavki na imeto na drzavata.Pogresno e sto VMRO-DPMNE vo svoite redovi gi prima poranesnite simpatizeri na SDSM i na drugi partii.Tie vo taa partija vleguvaat od licni interesi,a ne od ideoloski pobudi.Se spomnuva deka SDSM gi izgubil izborite vo 1998 g.megju drugoto i zatoa sto vladeel bez opozicija vo parlamentot.No ako podobro se analizira,rezultatite od izborite bea takvi sto togas VMRO-DPMNE imase na proporcionalnata lista samo 3%prednost pred SDSM,no bidejki togas imase drugi silni opozicioni partii kako poranesnata DA,a i togas relevantnata LDP,bese lesno da se pobedi SDSM.Sega osven SDSM,nema druga silna opoziciona partija,a so vladeenje skoro sedum godini prednosta na VMRO-DPMNE e dvojna vo odnos na SDSM.Seto ova pokazuva deka i so parlament bez SDSM sega,na narednite parlamentarni izbori SDSM ke izgubi.
aleksandar, 20.01.2013 13:52:38
Zasto si trosite prostor vo vesnikov na vakov neviden prevrtlivko i kameleon.Sledna parija ke mu bide DUI.mi se gadi od covekov
Ali, 20.01.2013 22:39:20
Bez da se navleguva za toa koj i sto e Profesorot i kade pripaga sepak e ova negovo licno viduvanje i taka smeta deka e,i sto e sporno tuka,Sosema legitimna analiltika i soodvetni licni stavovi na postavenite prasanja, E sega so koj legitimitet SDSM predvodeno od istrosena moralno i politicka licnos kapak na toa penzioniran verovatno od iznemostenost na raabotnoto mesto,Pravejci test za svojot preostanat kapacitet od fizicki ili umstveni pobudi si trca posledniot krug a so toa zema pravo da povlece cela opozicija vo nasoka na raznebituvanje?
Ресенчанец, 21.01.2013 00:03:53
Најкарактерниот професор во поновата Македонска историја... Те очекуваме набрзо во нашето јато... Поздрав од СДСМ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Да не беше пожарот, немаше никој да го спомне татко ми
Ликовната уметница Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески вели дека не разбира зошто борбата за слобода на Македонија мо...
Дваесет години „Григор Прличев“
Ненад Гвозденовиќ, уредник на издавачка дејност во „Детска радост“ АД „Просветно дело“...
(ИНТЕРВЈУ) Во мисија на облагородување на металот
Мери Аницин-Пејоска...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |