16.01.2013, 12:19 „Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Балетот го опишува животот на познатата американска балерина Исидора Данкан, која живее во почетокот на 20 век
На малата сцена во Македонската опера и балет, вечерва во 20 часот ќе биде изведен модерниот балет „Јас Исидора“, кој, како што кажува и самото име, го опишува животот на познатата американска балерина Исидора Данкан, која живее во почетокот на 20 век, како и нејзината љубов што ја запознава во Москва, големиот руски писател Сергеј Есенин.
Либретото, кореографијата и режијата на „Јас Исидора“ се на Олга Панго. Музиката е на Калиопи Букле, додека сценографијата и костимите се на Благој Мицевски. Во претставата играат: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска и Маја Митровска-Богоевска. (Т.И.)
|