17.01.2013, 12:26 Лејди Гага сака да го купи имотот на Мајкл Џексон
Пејачката ги почнала преговорите со компанијата во чијашто сопственост е култниот имот Неверленд, ранчот на кој Џексон живееше со своите деца
Неодамна даде милиони долари за меморабилите на Мајкл Џексон, но на фанатичната обожавателка на кралот на попот, Лејди Гага, тоа не и' е доволно. Пејачката ги почнала преговорите со компанијата во чијашто сопственост е култниот имот Неверленд, ранчот на кој Џексон живееше со своите деца.
Планот на Гага е да го обнови ова место на кое некогаш имаше голем забавен парк, а со инвестирањето сака да му помогне на семејството на Џексон. Наводно, таа м��огу се зближила со сестрата на Мајкл, Ла Тоја, и ништо не сака повеќе од тоа да му ја врати старата слава на Неверленд. Трите деца на Џексон, како и неговата мајка Катрин, имаат акции во имотот.
„Лејди Гага е опседната со Мајкл. Неговите деца многу сакаат да ја задржат куќата во која пораснале, а кога ќе бидат полнолетни, би можеле да одлучат што со неа. На Гага би и' било многу мило да им помогне со трошоците, така што ќе инвестира во имотот“, рекол извор добро запознат со ситуацијата. |