Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.01.2013, 17:07

Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани

Жителите на прилепското село ја пронашле скулптурата случајно при откопување на темелите од селската црква „Свети Спас“

Моника Талеска

Мермерна скулптура без глава која потекнува од 2 век од римскиот период, чија должина е 1,80 см, е откриена во атарот на прилепското село Тополчани. Жителите на селото ја пронашле случајно при откопување на темелите од селската црква „Свети Спас“, која функционирала пред 150 години. Восхитени од ова откритие, но и суеверни зашто ја откопале на оваа локација, стравуваат дека ако истата се премести од селото, несреќа може да следи некого од жителите. Тие два дена одбиваа да ја преда��ат скулптурата на прилепскиот Завод и Музеј.

„Бараме симболичен материјален надоместок, но не како противвредност на скулптурата, туку како помош за изградба на некогашната селска црква. Скулптурата ја сметаме како наше богатство, од селото и сакаме тука да остане, во дворот на црквата. Но, кога веќе не може да се постигне тоа, тогаш барем да ни помогне градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, да го заградиме ова место околу црквата, па кога ќе има можности, ќе градиме. Бидејќи Тополчани е населено со Македонци, православни граѓани“, изјави Јован Балабаноски, член на Црковниот одбор на селото.

И покрај два часа натегања, сепак, вчера жителите на Тополчани се договорија во присуство на полиција и инспекторите од Управата за заштита на културното наследство да ја предадат скулптурата дозволија таа да биде подигната и однесена во Завод и музеј - Прилеп.

„Еве сега прв пат откриваме дека освен локалитетот Стибера, во околината на селото Тополчани има нов локалитет каде што е пронајдена многу вредната скулптура. Овој репертоар на скулптури го имаме и на локалитетот Стибера, каде што се најдени скулптури во голем број во гимназионот и на други места, а дел се наоѓаат во лапидариумот во Куршумли-ан во Скопје и во Музејот во Прилеп. Можеби ќе се откријат и други наоди, но ќе видиме, сепак, што ќе се прави натаму, сега е рано да зборуваме“, вели Звонимир Николоски, советник-инспектор за археолошки локалитети во Управата за заштита на културното наследство.

А според Илчо Бојчески, раководител на Одделот за превенција во Управата, овој експонат ќе биде преместен во Музејот во Прилеп, а понатаму ќе се утврди дали ќе се извршат сондажни рекогносцирања на теренот каде што е пронајдена скулптурата, за да се дознае дали станува збор за случаен наод, но и дали може да има и други такви наоди.

Жителите на Тополчани добиле ветување дека ќе добијат одредена помош од Општина Прилеп за изградба на селската црква.


Статијата е прочитана 588 пати.


Испрати коментар



Британското кралско семејство летово со нов член
Јован Балов изложува во Берлин
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |