14.01.2013, 13:39 Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Темата на овогодинешната конференција е „Култура на иновација“ и е посветена на новите трендови во уметничкиот свет
Македонската филхармонија, претставувана од директорката Маја Чаначевиќ, учествува на Меѓународната годишна конференција на Интернационалното здружение за изведувачки уметности (ИСПА) во Њујорк, која трае до 17 јануари.
Македонската филхармонија од 2012 година е полноправен член на ИСПА, водечко здружение во сферата на изведувачките уметности, организација во која членуваат најзначајните оркестри, оперски куќи, промотерски компании и фестивали од светот.
Темата на овогодинешната конференција е „Култура на иновација“ и е посветена на новите трендови во уметничкиот свет, како технолошки, така и иновациите кои се плод на креативноста на артистите.
На конференцијата, покрај Македонската филхармонија, учествуваат повеќе од 350 делегати од 35 земји во светот.
|