17.01.2013, 13:00 Кејти Холмс најсекси жена на светот од едно разголување
Оваа 34-годишна актерка оставила особена трага на машкиот дел на публиката, кога во 2000 година ја снимила разголената сцена во филмот „Подарок“
Кејти Холмс е една од најсекси жените на 21 век. На ласкавата листа на најсекси жени на светот ја вброил магазинот „Џи кју“. Оваа 34-годишна актерка оставила особена трага на машкиот дел на публиката, кога во 2000 година ја снимила разголената сцена во филмот „Подарок“, во која се појавува само во гаќички, со разголени гради. Токму таа сцена и' обезбедила влез во оваа престижна листа.
За Кејти ова е сигурно добра вест, откако минатата година се разведе од планетарно популарниот 50-годишен Том Круз.
Освен Кејт, на листата се нашле и Мила Кунис, Мариса Томеи, новопечената мајка Меган Фокс, Бритни Спирс, Хали Бери, Џенифер Лоренс и Кејт Аптон. |