Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.01.2013, 13:53

„Женидба“ од Гогољ, нова премиера на Театар „Комедија“

„Претставата е за потрагата по љубовта, за тоа дали умееме да ја препознаеме, се занимаваме со темата за бракот“, рече режисерот Пројковски

Тина Иванова

Љубовта, потрагата по неа, бракот и се' што тој носи со себе се основните карактеристики на драмата „Женидба“ од Гогољ, најновата претстава на Театар „Комедија“, која во режија на Дејан Пројковски утревечер во Драмски театар ќе ја доживее својата премиера. Дел од прашањата што ги поставува оваа трета претстава на Театар „Комедија“ се однесуваат на вечната потрага по љубовта, на тоа кој е мотивот на луѓето да влезат во брак, дали љубовта е страв од осаменост или можеби се работи за материјални добра, што сака жената од мажот, а што тој од неа итн.

Оваа романтична комедија Гогољ ја напишал како коментар на популарните романтични комедии од почетокот на 19 век во Русија, кои во основа ја имаат структурата на руската бајка, а македонската премиера има цел да ги освежи актуелните теми за љубовта и бракот.

Режисерот Дејан Пројковски рече дека „Женидба“ е предизвик за секој режисер и актер, бидејќи е еден од класиците на светската драматургија. „Нашата ’Женидба‘ е за потрагата по љубовта, за тоа дали умееме да ја препознаеме, се занимаваме со темата за бракот, за одлуката на препознавање на вистинскиот човек. Слично како Сизиф, секогаш ја препознаваме на врвот на планината, за потоа повторно и повторно да почнеме да се искачуваме во потрагата по неа. Всушност, претставата зборува за освојувањето на љубовта. Како Диоген: со фенер во рака се обидуваме да ја препознаеме вистинската љубов“, рече Пројковски, кој додаде дека претставата кулминира во гротестка.

За режиската концепција, Пројковски истакна дека претставата има посебен начин на играње, од една страна, цитирајќи го Брехт дека театарот треба да забавува, а од друга страна, Шекспир, дека се' се случува сега и овде. „Верувам дека ’Женидба‘ е една игра“, рече Пројковски.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Зорица Стојановска, Нина Дејан, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Игор Георгиев, Теоман Макуст и Анкица Бенинова. Актерката Нина Дејан, која го толкува ликот на Агафија Тихоновна, рече дека да се работи толку големо дело е предизвик, но и голем притосок, со оглед на тоа што текстот на Гогољ им е познат на сите. „Се обидуваме да им дадеме свежина на актуелните теми како што се љубовта и бракот. Ова е голема шанса за нас“, рече таа.

Пројковски додаде дека е интересно што во претставата секој од ликовите стигнува до кулминацијата на својата гротестка, која прераснува во мелодрама, односно во животна трагедија, што, како што рече, е интересно за поигрување.

Инаку, драматург на претставата е Катерина Китоска, костимограф е Благој Мицевски, сценографијата е на Валентин Светозарев, музиката на Горан Трајкоски, а првпат во Македонија на затворен простор ќе има и 3-Д мапинг, дело на Сергеј Светозарев.

Директорката на Театар „Комедија“, Јелена Жугиќ, се пофали дека во оваа институција се вработени уште четворица актери (Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Илија Илијоски и Тања Мицков) и сега ансамблот брои вкупно тринаесетмина. „Сега можеме слободно да работиме и сме му благодарни на Министерството за култура кое само за една година одобри десет работни места, како и уметнички раководител, а тоа е Андреј Цветановски“, рече Жугиќ. Таа додаде дека првпат во театарот се јавува и спонзор, тоа е фирмата „Златна рака“, која е, всушност, спонзор на сценографијата. „Навистина е ова големо изненадување, бидејќи бизнис секторот кај нас нема многу слух за културата за да може сериозно да инвестира. Сценографијата во ’Женидба‘ е фантастична“, рече Жугиќ. Таа истакна и дека е почестена што во театарот работеле досега големи режисери, а претставите досега ги виделе 11.000 луѓе, што, како што рече, е за почит во ова време во кое живееме.

„Додека да го добиеме нашиот простор, а тоа е театарот Центар откако ансамблот на Македонскиот народен театар ќе се смести во новата зграда, ќе играме во Драмски театар, а потоа ќе имаме можност да играме секоја вечер и, конечно, да застанеме на нозе“, рече Жугиќ, која истакна дека Театар „Комедија“ за 2013 година аплицирал со три проекти во Министерството за култура, од кои една претстава ќе биде праизведба од домашен автор.


Статијата е прочитана 622 пати.


Испрати коментар



Формиран Центар за култура и културолошки студии
Се продава морска дупка
По десет години нивото на Мртво Море се покачи
Македонија настапува во втората полуфинална вечер на Евросонг
Ќе се отвора поставката во Музејот на Старата скопска чаршија
Почна шестиот фестивал „Кустендорф“
Тарик доживеа сообраќајна несреќа
Кејти Холмс најсекси жена на светот од едно разголување
Лејди Гага сака да го купи имотот на Мајкл Џексон
Херта Милер ја доби Светската награда за хуманизам
(ВИДЕО) „Фејсбук“ го претстави новиот систем за пребарување
Елтон Џон доби син
Продавала готварска сол како кристален мет
„Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија
Нема да има концерт за Тоше на 25 јануари
Пристигна филмот на Квентин Тарантино
Двојникот на Обама заработува 1.100 долари по настап
Британската музичка компанија Ејџ-Ем-Ви под принудна управа
Британското кралско семејство летово со нов член
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
Јован Балов изложува во Берлин
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците
Друштвото на иселеници од БиХ во САД тврди дека тоа е озлогласена и насилничка српска националистичка песна...
Уживам кога сум на сцена
Нина Дејан...
За „Роман на годината“ конкурираа 46 дела
Годинава во Редакцијата на „Утрински весник“ пристигнаа 15 романи повеќе од лани, што го отсликува зголемениот интерес, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |