Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
14.01.2013, 17:51

Мислења

Собрание

Александар Станкоски

Зградата на Собранието е пентаграм. Базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст

Класични студии

Ова не е осврт на скорешните политички настани, кои манијалкалната волја за моќ ги претвори во гротеска, туку ова е повеќе препорака на една визија за подобрување на ситуацијата во повеќе сегменти од животот на оваа, понекогаш неподнослива стварност. Тоа, пред се', се однесува на градбата која во последно време поприма димензии на театар на апсурдот, а всушност се обидува да симулира столб на општествената виртуелна конструкција на духот на законот, во когнитивниот манир на Монтескје. И повеќе од тоа, една речиси русоовска трибалистичка проекција на колективната вистина, фокусирана во еден контекст, која е и метафора и реалност, таа е и култ и храм – место каде што дреме ѕверот, чиј сон е прикаската за моќта.

Значи, што со Собранието? Дали е време да се промисли околу овој феномен, но не низ призмата на политичкото и дистрибуцијата на општествените моќи, туку низ деликатните анализи, кои, пред се', се однесуваат на историјата и културата.

За мене тоа време е дојдено одамна и во многу наврати сум ламентирал по ова прашање, но моите повици беа како ламтеж на изгубениот во пустина.

Што се однесува до карикатуралните манифестации за волјата за моќ, кои повеќе упатуваат кон психијатриска експертиза отколку кон некаква посериозна политичко-историска драма, подобро е ваквите хистерични изливи на неподносливата обезвластеност да ги игнорираме и да ги разложиме во океанот од збиднувањата, кои во однос на нашите лични искуства стануваат ирелевантни, како наивно насликан пејзаж, што виси на ѕидот од некоја хотелска соба.

Прикаската за Собранието е интересна од еден друг агол. Тоа е ракурсот на херметичкиот поглед на тој феномен. На пример, кој го направил тоа Собрание и со каква цел? А неговото создавање се случува во едно жестоко колонијално милје, наречено Вардарска бановина.

Сигурно е дека македонскиот народ од тоа време (нашите предци) не го гледал овој институт на моќта како свој легитимен форум за артикулација на политичките преференции. Напротив. Претпоставувам, со голема извесност, дека токму тие граѓани со дискретен, но длабок одиум го проследувале градењето на оваа институција, при што сите тие вибрации на неподносливост и револт се слевале во целокупната конструкција, од темелите до таванот. Потоа дошол бугарскиот окупатор (за време на Втората светска војна), а одиумот се зголемил, вткајувајќи се во сите структури на оваа градба, и на материјален и на контекстуален план. Потоа, со подмолен преврат, банда итри и безмилосни болшевици го окупираа овој дом на моќта, без избори и без легитимитет, кои по природата на еволуираниот политички дискурс, се бараат од народот. Притоа, оние што ја водеа и што ја идеологизираа НОБ беа фрлени во затвори или ликвидирани од узурпаторите со жигосани петокраки на челата. Тие петокраки, всушност, се пентаграми – прастариот симбол на паднатите ангели.

Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Во случајов, српската, поправо, колонијалната власт на Вардарска бановина конструирала политичка институција во форма на пентаграм, но ставен во крајно субмисивна позиција. Прво, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на „боговите“, т.е. северната страна, онаа која тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесната страна на постоењето. Така, всушност, се создаваат робови и поданици. Масите да се насочат кон материјализмот и консумеризмот, а доблестите и спиритуалноста да се потиснат до заборав и непостоење.

Токму тоа е филозофијата на сите хегемонии. Да се затапи и пасивизира волјата на колонизираниот народ, луѓето на кои им е судено да бидат инфериорни послушници и поданиц�� на еден систем, кои, впрочем, не го ни разбираат, но се плашат од него и постапуваат во согласност со неговите потреби. Но, тивката омраза на придушениот гнев го полни зданието со своите неконтролабилни емисии. Сетете се само на филмот „Шајнинг“ од Стенли Кјубрик, во кој главниот лик, толкуван од Џек Николсон, доживува напади на параноидна шизофренија, манифистирана со манијалкално однесување, а мотивирана и генерирана од полтергајстот, кој е вткаен во самата градба, на тој напуштен и проколнат хотел во Апалачките Планини.

Така и во нашето Собрание е вткаен духот на инфериорноста, фрустрацијата и омразата. Тој демне и бара пукнатина во аурата на погодниот пратеник, а потоа се имплементира како резидент во неговата душа, од каде што дејствува со својата демонска волја. Затоа и толку омраза и срам, толку понижувања и одвратност. Да се смени знаме или име, зарем тоа е некаде направено? Дури и во најбезнадежните делови на светот, таков пример нема. Но, дали има излез од оваа без малку лудачка ситуација?

Мојата препорака е ова Собрание да се претвори во музеј и да се изгради ново Собрание, Собрание, чии темели ќе бидат удрени во независна Македонија и чии херметички контексти ќе бидат беневолентно искреирани од архитектите и градителот.

А што се однесува до музејот, тој ќе го цивилизира местото, ќе ја пренасочи енергијата од негативна во позитивна и на тој начин ќе почне исцелувањето на нашите национални рани.

(Авторот е уметник)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2444 пати.


Испрати коментар



Политиката ја покри економијата
Прешево останува долина
Современ македонски комунизам (социјализам)
Од Вевчани вртат глава
Да живее народниот фронт



Itar Pejo, 15.01.2013 00:39:34
Ovojpat sosema se soglasuvam so avtorot i negovata genijalna ideja: da se izgradi novo Sobranie! So makedonski identitet, vo barok stil, se razbira. Kako sto odsekogas se gradelo vo Skopje, Ohrid i Galicnik. I vo Sobranieto pratenicite da bidat obavezni da doagaat na rabota. Od 7h do 15h, kako site administrativci. I da bidat disciplinirani, kako site administrativci. I da si ja vrsat rabotata sovesno. Da digaat raka koga ce im se rece, osven ako ne se na dorucek. Ili tuka negde, neznam kade e ama tukae, tuka mu e paltoto. Taka, ako ne cotek. amo edno ne mu e jasno: po koja umetnost e umetnik umetnikot? So koi dela se afirmiral?
Bez zdravstveno osiguruvanje?, 15.01.2013 01:26:45
Na kraj se najde vizoner so transcedentna moc , koj vo dosluh so svevisnite bozji sili otkri kade lezela pricinata za ona sto postojano loso ni se slucuva na Makedonija,a posebno onakaj rezil vo Parlament. Ne bilo manata ni vo ludjeto ni vo politickite borbi za vlast, ami vo tainstvenite satanski sili koi proizleguvaat od oblikot i polozbata na zgradata na parlamentot, koja namerno od nasite okupatori e napravena vo satanski stil ,pentagram i to skrsen i postaven vo krajno submisivna pozicija. E takvite objekti gi vladeat temnite satanski i demonski snagi i im go pomatuvaat umot na ludjeto, pa ne znaat sto pravat, pa tepat zeni, novinari ,pratenici, vleckaat trudnioci i trista drugi gadoist. Ne e krivica vo ludjeto, na toa gi naveduvaat satanskite snagi od pentagramot. Zatoa nasiot vrven umetnik i transcedenten vizioner predlaga,itno da se izgradi nov parlament vo koj ce zraci Gospodovata volja i dobrina. Askosun Aco. A dali vie umetnicite imate zdravstveno osiguruvanje?
Баба Ката од Секулицу, 15.01.2013 01:33:43
Абе синко Ацо,уметнику наш, имаш ли огледало?Погледај се во него, немој да плукнеш, туку удри со рака, посилно, можеби ќе ти надојдат некои други промисли, можеби и ќе прогледнеш...
zik, 15.01.2013 02:10:16
novoto sobranie da bide vo oblik na krst! (kukast)e zashto...
nato-jato, 15.01.2013 08:25:59
A sto kje ni e Sobranie koga si imame prekrasna Vlada!
Nabljuduvac, 15.01.2013 08:41:58
Ti si samo gneven i isfrustriran covek koj ne go igraat onie za koi e napisano ova, na nacin kako sto ti sakas
pisatel, 15.01.2013 09:08:13
Sram mi e ssto sum ti na nekoj naccin kolega!Odam do tamu ssto se ubeduvam deka site zborovi vo tekstov se upateni tokmu so cinizam kon rezzimot i deka se zezass na smetka na nivnata gradezzno-prosperitetna politika.Pa se iznasmejav za mig.Potem se rasplakav zossto sfativ deka ti si slep i gluv, pri occi i pri ussi.Vo bilo koja evropski pocivilizirana drzzava bi te isfrlile na kloci od site umetniccki zdruzzenija. Kako freelance bi umrel od glad.Vo malku ponazadnite EU zemji bi bil mozzda i pritvoren...a ovde PISSUVASS KOLUMNI i toa vo Utrinski!Ne si ti kriv - rezzimot e kriv.Utrinski spagja na Veccer.Bez Erol, edno utro - Utrinski kje umre!
Ajvanho, 15.01.2013 09:53:30
Tekstot vo delot na inferiornosta, gnevot i omrazata e refleksija na vnatresnata sostojba na samoproglaseniot umetnik. Zatoa i ne e umetnicki realiziran.
Dimitar, 15.01.2013 09:54:38
Za ovoj izvonreden trud na umetnikot Aco treba vednas da mu se dodeli Oktomvriska nagrada, ne e bitno sto sme vo januari.
Леонид, 15.01.2013 11:01:14
Одлична колумна, одлична поента, за тие што ја разбраа, за тие што не разбраа нека се удават со сопстевното незнаење и злоба. Дефинитивно не ми е јасно зашто уште зградата на поранешната Вардарска Бановина, треба да биде Собрание на РМ.
od doma, 15.01.2013 12:51:21
Ovoj covek kako da saka da ne ubeduva vo nesto sosema ne ubedlivoto. Site gluposti koi ni gi ima kazano vo dosegashnitei tekstovi, se vo ista shema, na impotententna licnos vo sekoj pogled koi se butka tamu kade ne mu e mestoto. Denesniov dolg i dosaden tekst, mozese da se objavi so samo poslednite dva pasusa i zbogum glupostiUtinski ne bi trebelo da si dozvoli da objavuva tekstovi so slicna bezvredna sodrzina, osven ako saka namerno da go iskomprimituva i *kolumnistot* i samiot vesnik!
Никола, 15.01.2013 12:52:41
Веќе подолго време не сум прочитал нешто толку точно,интелигентно и прекрасно со таква разиграност на духоти.Не го познавам авторот,само велам СЕКОЈА ЧЕСТ.
vlado, 15.01.2013 13:32:22
Браво!!! Браво!!! Вакво до сега не сум слушнал ниту видел... Да се градело Ново Собрание затоа што ова го граделе окупаторите. Не мој уметнику, ова Собрание и тогаш е градено од парите на македонскиот народ кој бил под ропство, но градбата е сепак плаќана од нашиот народ. Значи според тебе Загреб, Љубљана, Земун... Словенците, Хрватите, Србите треба до земја да ги срушат овие градови затоа што се градени поголем дел во времето на Марија Тереза и нејзините следбеници. Па тогаш да го срушиме до темел и Охрид оти голем дел од денешните музеи куќи се градени за време на турското ропство.
Gragjanin, 15.01.2013 21:35:53
Tekstov me uplasi malku, duri i edno kopce od tastaturata mi se ukoci kako nekoj los znak, vo duhot na cetivoto. Feng shui pogled na politickite sostojbi vo sobranieto na RM, of sto da se kaze prosvetluvacki momenti li, ova cetivo ne go zasluzuva mestoto vo dneven vesnik, mozebi poveke vo nekoe feng shui spisanie i takvi alternatiivi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците
Друштвото на иселеници од БиХ во САД тврди дека тоа е озлогласена и насилничка српска националистичка песна...
Уживам кога сум на сцена
Нина Дејан...
За „Роман на годината“ конкурираа 46 дела
Годинава во Редакцијата на „Утрински весник“ пристигнаа 15 романи повеќе од лани, што го отсликува зголемениот интерес, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |