Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.01.2013, 18:26

Мoe ќоше

Каде е излезот

Ерол Ризаов

Нема друг излез од политичката криза освен фер избори - локални и парламентарни

Во длабоката политичка и економска криза во која западна државата полесно се лоцира излезот отколку патот како да се стаса дотаму. Тоа практично е неизводливо ако власта не го признае своето злодело од 24 декември. Само така може да се надеваме дека никогаш повеќе нема да се повтори да бидат тепани пратеници во својот дом и бркани новинари од парламентот. Дури по признанието се можни излезни решенија од кризата низ форма на дијалог. Тоа во Македонија е мислена именка при ваква политичка, комуникациска и општа култура, при наезда на провинционализмот и примитивизмот со силен поттик и стимуланс од политичкиот популизам на власта. Единствениот можен излез се фер избори - локални и парламентарни со силна меѓународна гаранција. Предвремените парламентарни избори, ако не се случат заедно со локалните, ќе се случат набргу по нив. Веднаш по новото име на државата. Да, има уште едно решение, граѓаните да ја прифатат диктатурата. Такви искуства постојат во повеќе режими.

Додека власта пропагира застрашување од опозицијата и од Бранко Црвенковски со народни фронтови и со глумење нормалност, она што никогаш не смее да се заборави е дека на 24 декември 2012 година власта го суспендира Собранието на Република Македонија, најзначајната институција во една парламентарна демократија. Полицијата влезе во парламентот на повик на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и насилно ги отстрани сите пратеници на опозицијата од пленарната сала. Пред тоа, со наредба на Вељаноски, од галеријата грубо се исфрлени новинарите кои требаше да ја следат расправата во парламентот и да ја информираат јавноста за она што се случува во највисокиот законодавен дом.

Задушувањето на медиумите беше осмислено кршење на Уставот со обид да се скрие од јавноста планираната бруталност при насилното полициско исфрлање на народните избраници кои претставуваа 370.000 граѓани. Една пратеничка со мобилен телефон успеа да сними драматични сцени од полициското насилство кои ја потресоа демократската јавност во државата. Сликите од македонскиот парламент го обиколија светот. Тоа беше денот на големиот срам и понижување на граѓаните и валкање на угледот на Македонија. На тој ден новинарите и загрижените за македонската демократија со полно право му го дадоа името црн понеделник. Вакво нешто никогаш не се случило откако постои македонскиот парламент рамно 68 години без оглед на општествено политичкото уредување. Сето ова се случи само поради жестока дебата вообичаена во парламентарните демократии при носење на најважниот документ-закон во една држава, а тоа е буџетот, или кажано попрецизно, планираното брутално насилство е применето поради обидот на опозицијата да го спречи донесувањето, според нејзино мислење, на расипничкиот буџет кој прераснува во предизборен фонд со задолжување на државата на светскиот финансиски пазар. На претходните вонредни парламентарни избори, Владата вшприца во буџетот 220 милиони евра кредит од ММФ даден за сосема друга намена. Со пренамена на толкав износ и со исплаќање на буџетските долгови непосредно пред избори е извршена предизборна корупција за што ММФ има свој став и за што ги извести надлежните институции во државата.

Тогаш опозиција во парламентот и ретките медиуми укажуваа дека ваквата злоупотреба на кредитот од ММФ е опасен преседан, при што власта арогантно ги отфрли сите забелешки. Овој пат опозицијата се разбуди и со легитимни средства на собраниска расправа се обиде порадикално да ја спречи новата нерегуларна предизборна злоупотреба на државната каса. Тоа внесе голема нервоза во Владата за што беа ангажирани посебни активности и кампањи за одбрана на буџетот со притисок на парламентот. Се редеа на плоштадите пред камерите разни партиски активисти од редовите на пензионерите, земјоделците, актерите, музичарите, спортистите, корисниците на социјална помош... со однапред подготвени и напишани говори на осуда на блокирањето на државата, за опасноста да не се добијат пензии, субвенции, социјална помош, плати, работи кои се прецизно регулирани со закон во случај да не се усвои навреме буџетот. Нервозата кај власта очигледно беше голема и несовладлива поради можноста да се испуштат роковите за новиот предизборен кредит од околу 220-250 милиони евра под гаранција на Светската банка.

Во ваква ситуација со речиси целосно контролирани телевизии и новински куќи што можеше да избира опозицијата пред македонската јавност, освен да го напушти парламентот и вонредни избори. Враќање на местото на злосторството, и како тепани и како виновници, е навистина невозможна мисија иако демократските правила создадени во цивилизираните земји не одобруваат друг пат освен парламентарна дебата.

Обидот на власта по 24 декември да ја прикажува состојбата во државата како нормална по наводно спречување на државен удар е можеби и најголемата навреда на достоинството на граѓаните, кои под демократија подразбираат нешто друго, а не полициско насилство во парламентот и задушување на медиумските слободи.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 4057 пати.


Испрати коментар



Споменик за големи поделби во Прешевска Долина
Главната зграда на „Македонска пошта“ не била осигурана
Поштата не била осигурeна
Берзата без еден директор
Нема кворум за бранителите
Колку тежи јавниот долг
Грција постави свои услови до еврокомесарот
Штефан Филе бара увид во преговорите за името
„Фридом хаус“
Чашуле и Донев го поминаа последниот амбасадорски испит
СДСМ најавува поголеми блокади
Бугарија ги скицира добрососедските односи со Македонија
Десетици огласи што го прекршуваат рокот ќе бидат стопирани



Исток, 17.01.2013 00:26:03
Господине Ерол, секогаш одлично ги опишуваш и анализираш состојбите и се она негативно што ни се случува во нашата држава, но како да се освести народот, како да се создаде доволно критична маса за промена на власта е едно од главните прашања? Како што стојат работите сега, и да се распишаат предвремени парламентарни избори, машинеријата на власта, добро нафатирана со пари од тендери и други државни и буџетски извори, ќе направи се, легално и нелегално да ги добие изборите! Каде му е крај��т на ова лудило, кога овие со буџетски пари, едни по едни категории ги поткупуваат и ги држат како свои заложници - сигурни гласачи. Нашиот осиромашен народ нема ни денар денот да го протурка, а овие од власта ги купуваат и држат на ланец за да „лаат“ кога ќе им треба, односно пред камери да се фалат дека ни е убаво. Направија такви поделби, народот веќе е целосно затворен, и преживува гледајќи турски серии. Се слагам со се што пишуваш. Треба да се осмелат и многу други од Ваш калибар тоа да го стора
seirdzija, 17.01.2013 00:39:29
Erol od Gruevski se plasat i negovite sopartijci.Dobro znaat sto znaci da mu se protivreci na Gruevski i sto mu sleduva od bate Sase.Ke vidis deka sega e spremen i da trguva so imeto oti ne mu proadja lazenjeto i glumenje iskrenost i naivnost.Siguren sum deka barem polovina pratenici(poslusnici) vece razmisluvaat kako da se izvlecat i da izbegaat od represiite na Gruevski i bate Sase.Se gleda deka se prilicno isplaseni,ne veruvam deka ke organiziraat bilo kakvi fer izbori...samo neka prodolzi vaka opozicijata...GOTOV E!!!!
Коста Стоименовски, 17.01.2013 00:50:41
Устоличувањето на актуелната власт во 2006 година беше нешто најлошо што можеше да и се случи на Македонија! Власта е преокупирана самата со себе и со нејзините интереси. Со расипништво на огромни народни пари 7 години води непрекината (пред)изборна кампања. Упорно и систематски, со гланцање на ликот и делото на лидерот, се гради култ на спасител на нацијата и државата! Ветуваа преродба, напредок и благосостојба на граѓаните, а се случува сеопшт регрес во државата/општеството. Со секоја победа на изборите стануваат се појаки и појаки, се поарогантни и бесчувствителни! Создадоа насилно општество во кое никој и ништо не може да ги запре во намерите да создадат „среќно општество“ по нивни мерак. А, искуството покажува дека токму таквите владетели се вистинска катастрофа за државата и народот што го водат! За жал, луѓето тоа го согледуваат дури тогаш кога ќе се случи хаваријата! Чаре? Избори и смена на власта за да се стави крај на намерите за воспоставување на диктатура во државата!
Baba Zumbula, 17.01.2013 00:52:42
Trezveno i realno viduvanje na nestata vo zalna Makedonija.Se soglasuvaam so napisanoto,no fer i demokratski izbori vo Makedonija veke ne moze da ima.Dockan e!Zosto?Drzavnite institucii ne funkcioniraat,pred i se Sobranieto,a so usvojuvanje na budgetot vo koi sporni bea *samo* 250 mil.,a istite bea nameneti za samoreklama na pozicijata vo mediumite(seenje veter i magla,koja za zal pominuva kaj onie 9 evrasite),za otvaranje novi rabotni mesta.Opozicijata bila vo pravo so nivnite baranja i predviduvanja(polzavceto si gi pokaza rogcinjata uste na suvo,ne cekase da zavrne).Vo uslovi na nemastija i dopiranje na dnoto,so vakvi potezi se kupuvaat ogromen broj na glasovi.Zatoa sega otkako jadicite se pusteni so strv,pozicijata trubi deka eve tie demek ne se plasat od zasilen monitoring od OBSE i ODIHR,pa i kolku SDS ke posakal?!Bre majkata!Si ja napravija semata,pa sega silni i samouvereni.A i ima zosto,go znaat Makedonceto kolku vredi.9 evra.Za zal!Neli tefljonce na Evda?
Predavnik, 17.01.2013 00:53:58
Negde posle 24.12. napishav, SDSM treba da se koncentrira na pedstojnite lokalni izbori i da go zaboravi Sobranieto vo ovj sostav. Za nego neka mu ja misli vlasta (siledziite), a ne opozicijata (tepanite). Dlaboko sum ubeden deka taka i ke bide. SDSM ne samo shto ke odi na lokalni izbori, nego i ke pobedi! A posle, poinaku ke se razgovara. PS: Uporno slusham krshenje na mikrofoni i drug sobraniski inventar od strana na opozicijata (poradi shto navodno bile isfrleni), a po isfrluvanjeto na pratenicite, vednash pochna sednicata bez bilo kakvi tehnichki problemi. Dali opozicionerite slabo krshele ili vlasta dobro laze?
EU, 17.01.2013 01:06:17
Ubavo i sekako tocno kazano, no ne bi se soglasile so posledniot pasus. Imeno ne sme sigurni deka na mnozinstvoto gragani im e jasno sto znaci demokratija. Da bese taka, ne ke bevme na ova deredze, posle 20 godini praktikuvanje.
Aleksandar Laka, 17.01.2013 01:10:41
Izlezot evo izbori i za nivno raspisuvanje ima uste celi 2 nedeli,a duri moze i da se prezakazat vece zakazanite lokalni.Problemot es to vlasta samata ne znae sto da izbere.Dokolku se odbere varijanta kako sto bara opozicijata nikoj ne moze da garantira pobeda na vlasta i toa bas i ne e nekoja filozofija.No i drugata varijanta,da se pravime na udreni i da ima lokalni bez opozicijata e uste polosa,zatoa sto koga konecno ce ima dogovor za predvremeni parlamentarni sto ionaka ce se sluci ce mora povtorno da imame i novi lokalni izbori.Nastrana od toj iden odnos na silite,tie novi lokalni izbori iako pravno ne ce bide problem da se zakazat,politicki bi mozele da bidat krajno stetni po integritetot i idninata na drzavata.Ednostavno drzavata nie multietnicka i mozebi nemakedoncite ne bi sakale da ucestvuvaat vo cirkusite na Makedoncite.Dokolku avtorot gi cita komentarive pozelno e objasnuvanje na site ovie implikacii.
pile, 17.01.2013 01:32:52
Koga nekoj hirurg, policaec,drzjaven sluzbenik(sudiite namerno ne gi staviv na ovoj spisok, za niv Stejt departmentot na SAD se proiznese i eve Fridom haus se proiznesuva za slabo sudstvo vo R.Makedonija pa nisto ne im fali) koga ke napravi nenamerna greska koi profesii se dinamicni i nekogas vremenski usloveni snosat posledici pravni se razbira (politickite posledici za ovie sedum godini site neistomislenici so vlasta gi podnesoa,ili zaminaa od Drzjavata kako Dr.Todor Nospal ili se pred nezavisnoto ni sudstvo),dodeka osmisleno scenario na Vlasta (dodeka ,,nekoi politicari molcat i davaat blanko podrska), nasilno se proteruvaat novinari i se isfrlaat opoziciski pratenici nikoj ne ja prevzema odgovornosta,so sto se potvrduva deka arogancijata na ovaa nenarodna Vlast nema da zapre i deka Gruevizacijata na sistemot ke se zasili.Izlezi ima poveke zavisno familijata i Gruevski na sto ke se odlucat, tie se na poteg sto ke izberat, a jas izbrav oddamna SLOBODA ILI SMRT,GRUEVSKI ODDI SI
respekt, 17.01.2013 01:37:21
По настаните од 24 декември, излегува Премиерот пред јавноста и соопштува дека ,,денес во Собранието е спречен обид за државен удар,, Кој малку знае за Право и правна Држава, познато му е дека тој чин(ако навистина се случил( се квалификува како едно од најтешките дела во Кривичниот Законик. Поминаа 3 недели од тој настан а институциите на системот не покренаа ни една Кривична пријава за сторителите на тоа Кривично дело! И не само тоа, Власта не покренува ни најелементарна ИСТРАГА да испита и утврди, кој тоа го прекршил јавниот ред и мир, Законот и Уставот. Денес Премиерот се појавува и мртов ладен, како ништо да не се случело, бара од Пратениците од Опозицијата, да се вратат во Парламентот! Во стилот, тепаниот тепан е.....т е..н. Си велам, сирот човек, колку само пари и енергија потроши да го уништи Бранко, а всушност, Тој го врати од мртвите.
cane-do feliks, izvini Rizaov, izvini Utrinski, 17.01.2013 01:46:46
Навистина, Феликс, страотен историски демант? Мило иТуѓман биле комунисти? Тие биле ултра националисти под мал плашт на комунизам, чекајќи го правиот момент да ги остварат своите хегемонистички цели. Се правиш луд и не знаеш кои беа борците на двете страни - едни со кокарди, други со шајкачи! Едни за Бога и Отаџбину, другите за Бога и нашу милу домовину. Да, Феликс ги покажуваа на тв нив! Не памтиш? Прво, во основа не постои комунизам (и тоа не го знаеш) второ вистинските комунисти биле интернационалисти (ја знаеш интернационалата?). Еден од нив бил Иван Стамболиќ, прекрасен човек убиен од Милошевиќ Уште еднаш да повторам дека најстрашните злочини против човештвото биле со името на Бога и нацијата. И тоа е condiitio sine qua non! Всушност, нашата политичко преродбеничка опција е многу слична со двете крвави од север, и по идеологија и по методологија! Разликата оваа овде немаше потребно опкружување. Еден од нив има речено нешто како - Па зар независност без крв? Постхумно награден!
Nema izlez, 17.01.2013 02:43:36
Poslednite 7 godini Gruevski vladeeshe na kartata imeto ne go davame i frlashe drva i kamenja po megjunarodnata zaednica (chitaj amerika i eu). SEga najde dobitna formula za neprecheno vladeenje vo narednite 10 godini. Silno se povrza so svetskata bankla i mmf pa so toa silna podrshka od megjunarodnata zaednica. Ochekuvam deka sekoja godina ke ja zadolzuva makedonija za novi 200 milioni evra, eden mal del od parite ke odat za socijala i eftin potkup, a lavovskiot del se znae kade. A, da po ao godini doveritelite ke tropnat na vrata, kasata ke bide prazna i makedonija ke odi na tapan.
USA, 17.01.2013 03:05:46
Morav da proveram nekolku pati od koj datum e kolumnava. Zvuci kako da e napisana na 25ti Dekemvri 2012. A, naslovot e Kade e Izlezot?! Ako uste se zboruva kako da e den po nastanite, ili rezultatite od planot na opozicijata ne se kako sto planirale, ili seuste nemaat strategija. Da si odi ovaa Vlada i Gruevski, GOTOV E, izzvikaa tie. Jasno li im e deka (sega edna sega) ako padne Vladata, ke pobedi VMRO-DPMNE?
Izlezot e vo vlezot na sobranieto, 17.01.2013 04:31:54
Erol napisa : Нема друг излез од политичката криза освен фер избори - локални и парламентарни. Jas se slozuvam vo celost so napisanoto i dodavam : Dokolku SDSM ne uspee da pobedi i na tie izbori uste vednas da se organiziraat slednite parlamentarni izbori za edno 3 do 6 meseci i da se tera taka so predvremeni parlamentarni se dodeka Grujo ne padne. Mnogu sum razocaran od novinarot sto ne sedne da napise edna kolumna za da gi pofali hrabrite borci za sloboda na ugneteniot narod. Narodot ne e svesen kolku SDSM go spasuva i treba da se rzbudi od zaspanosta. NO prvo novinarite na utrinski treba da se razbudat i da pocnat da ja velicaat hrabrosta i pozrtvuvanosttaa na SDSM pratenicite. Jas uste ne procitav takva kolumna i zatoa so netrpenie ke cekam toa da se sluci.
nacional-patriot, 17.01.2013 05:22:47
Koga se postavuva prasanjeto za toa dali ima izlez,znaci deka situacijata e teska,nepredvidliva i se baraat nacini za bezbolen ili pobezbolen izlez.No toa prasanje treba da mu se postavi na SDSM.Tie treba da se zaprasaat dali ima izlez za nivnata partija.Taa partija se naogja vo teskotija koja samata si ja predizvika so huliganskite odnesuvanja na nivnite pratenici,so nivniot obid po sekoja cena da se zapre donesuvanjeto na budzetot namesto da se obidat da go podobrat.Vo teska situacija e SDSM poradi nivniot slab rejting i pred nastanite vo parlamentot tie navestuvaa deka ke gi bojkotiraat izborite.Baraa samo nekoja pricina za da eventualno gi bojkotiraat izborite.Kako pred dve godini blefiraa barajki predvremeni izbori,taka i sega baraat parlamentarni izbori,a molat (boga ne)nesto za da gi nema bidejki rejtingot na SDSM e sega poslab za razlika od pred dve godini koga i togas baraa izbori.I Erole,nema da ima promena na imeto,nikogas.Ne ti e jasno toa,pa i ti haluciniras kompromis.
toni, 17.01.2013 05:41:31
potpolno se slozuvam so tekstot,ova diktatura na celo so grujo mora pod hitno da si zamine ako sakame da si ja spasime drzavata,ili milom ili silom kako saka neka bira,eve go sega patritot grujo i imeto ke go menuva,izleze tocno tezata deka grujo e najgolema grcka investicija vo Makedonija.
татата таааам, 17.01.2013 06:24:13
Многу чудна сорта сте новинариве. Ама па и чудноста произлегува од ставовите и желбите. СЕКОЈ божји ден од 24 навака тоа па тоа. Добро. Вие сте нормално за тргнување од мртва точка, за мене единствено нормална, во однос на името, па се разбира го споменувате еднаш. Кога ќе се смени, ќе фалите. Да не живеев во оваа држава, едвај ќе чекав побрзо да се случи, да ги видам само оние поддржувачи на Груевски кои се ПРОТИВ менувањето, што ќе прават со раката што го гали. Ќе им се ситев на глупоста. Оти референдум е пропала работа, истите тие подмитливи и уплашени административци и останати, под истиот притисок ќе заокружат менувај бе брат. За деновиве после 24. Шо убаво „случајно“ наместена ситуација. Грујо води преговори, а Црвенковски води протести, а народ повеќе гледа и мисли на нив. Па нормално, реков сите Вие: 24 па 24. Здружно. Ама ќутат и оние другите новинари, мудро демек
пријател, 17.01.2013 06:45:45
Груевски му е потребен на меѓународната заеднца затоа што само тој може да прифати промена на името,што претставува решение на спорот,без поголеми немири низ Македонија.Додека не се случи тоа,САД и ЕУ ќе молчат и Груевски ќе добива кредити со кои ќе може да опстане на власт,а опозицијата ќе нема никакви шанси.Македонија ќе се ослободи од Груевски кога ќе се реши спорот со името.
miki, 17.01.2013 07:43:10
Само тоа не може да биде !!!???? Грујо и ФЕР избори.........imposibile..........
ФЕЛИКС, 17.01.2013 07:49:12
Nа сцена имаме моментален застој на инспиративност кога се пишуваат аналитики,почна по 2-3 пати по ред да се преповторуваат нештата околу масакрот врз опозицијата во Собранието.Но не е така важно,далеку поважно е тоа што авторот го знае мноооогу добро излезот,ама по навика не го образлага од познати причини.Па така тој го знае ептен добро излезот од кризата преку влезот во институциите на неговите.Нешто што го заговараат оние кој преку ноќ станаа непријатели на неговите.Последното стигна од г-дин Рикер кој излезот го гледа преку откажување од приватна спасувачка програма на лидер опозициски,пропратено со ,,мало разочарување,, Може да се замисли ефектот од големото разочарување.И на крај никако да се опфати внатрешното раслојување кај опозицијата,кој оди под паролата,,ние ќе одиме на локални избори,,Нешто што оди кон делегитимирање на овдешниот Семафорски Спартак.Нешто пострашно за него отколку преживеаниот собраниски масакр.Значи на повидок е можен лидерски ADIOSсо помош на странците.
девичанецот, 17.01.2013 07:57:09
Почитуван Ероле, Излезот е во Сојузот за иднината. Со пензионерот на чело, на сите докажан еквилибрист и со тие околу него, особено во Љупчо Георгиевски, Тито Петковски...Јани самопрокламираниот грк, намќорот Игор......па Ѓуре Исмаил, па Владе Милчин, а секако тука е и незаборавниот Медо...вечен советник на пензионерот.
od ostrijot, 17.01.2013 08:03:34
se dodeka lugeto nese razbudat i pocnat trezveno darazmisluvat nema daimame izlez.
D, 17.01.2013 08:09:46
Rizaov uporno vo svoite kolumni ne ja zboruva vistinata i ni povtoruva pratenici bile tepani i ni trebat slobodni i fer izbori.toj dobro znae deka tepani pratenici nemase a izborite ni se fer i slobodni i toa priznaeni od sdsm i branko licno kako fer izbori!edna laga povtorija 100 pati i na kraj ke stane vistina-toa go pravi Rizaov-MANIPULIRA!!!imame vestacki sozdadena ´kriza´ od sdsm.zosto od sdsm ne soberat hrabrost i ne izlezat na lokalni izbori pa ako pobedat TOGAS neka pobaraat parlametarni predvremeni izbori,PAK??!!znaat deka ke gi izgubat pa zatoa i go pravat celiot toj ZIRKUS od koj najmnogu strada obicniot gtaganin.KADE E IZLEZOT-izlezot e na LOKALNI IZBORI i pocituvanje na voljata na mnozinstvoto!a treba da se pocne i so golemi promeni vo samiot sdsm-NARODOT,ako ostanete vo ovoj sostav,ne vi veruva i toa uporno vi go kazuva na poslednite nekolku fer i slobodni izbori.
Marioec od Azija, 17.01.2013 08:12:58
Erol ne go procitav,otprilika znam sto ima napsano,a komentarite gi procitav.Cane i drugite komentatori,aj komentirajte go Erol i negovoto pisanie ne od drugite,ili sprotivno mislenje na vaseto nesmee da.ima,togas za kakva demokratija zboruvate vie.Isto kako nekoi novini za sloboda na govorot trubat,a ovamu vrsat cenzuri na komentari sprotivni na nivnoto napisano.A sporedbata na ovie dvajca e banalna ako se znae,za sto se zalagaa tie,toa bese vojna za teritorii ako neznaes se drugo e izgovor.Isto ko sto e sega kaj nas Opozicijata se bori da nema izbori i drugoto bese samo izgovor i racka da nedojde do istite,a ovie od vlasta ispadnaa Somovi pa nasednaa na provokacijata.Coveko koj ja unisti demokratijata vo koren vo Makedonija se pretstavuva za nejzin spasitel,kaj mu e demokratijata vo partijata ili vo DPMNE,toa se dvete diktatorski partii koi se borat za svoi interesi ne za Drzavata i nejzinite interesi.
PAVLE ALIMASKA, 17.01.2013 08:44:24
Почитуван господине Ероле,Груевски по 7 години успешни лаги и замајувања свесен е дека паѓа,да има утре парламентарни избори ќе изгуби повеќе од сигурно.Свесен е дека опозицијата само со БРАНКО на чело и со никој друг може да го УРНЕ овој режим,затоа е гнасната кампања против Бранко.Нема да бидат доволни неговите слепи поддржувачи за да остане на власт,неопределените секогаш ги решавале изборите.И покрај тоа што беа гневни на СДСМ за она нивно неработење од 2002 до 2006 сепак сфатија дека тоа владеење со ова се дијаметрално спротивни.Никого СДСМ не го вознемируваше,малтретираше,шиканираше затоа што бил од друга политичка опција.Овие однародениве сакаат да уништат се што не е за нив и со нив,конечно со многу потези експлицитно тоа го покажаа и допрва ќе го покажуваат кога ќе почнат слободно да паѓаат со поголемо забрзување.Предвремените парламентарни избори се најмалото што треба да го направат,па да видиме дали ги сака народот или пак ќе ги испрати на политичкото ѓубриште,каде и заслуж
Vo prasanje e dil so imeto, 17.01.2013 08:53:35
Erole! Vakvo scenario e videno kaj severniot sosed. Pa medjunarodnata zaednica ravnodusno tolerirase rezimot na Slobo da vladee povece od desetina godini, dodeka ne dojde voda do gusa. Taka i kaj nas. Zarem i sami vcera ne napisavte deka zacuduva blagata reakcija i blagiot prekor na EU i SAD , koi za pomali nastani krevaa vreva do nebo? Vo prasanje e dogovor za imeto .Dilot sdo imeto k e vece stokmen i zatoa na Grujo i kompanija sega mu se gleda niz prsti. Inakum za napadi na parlamenti imame primeri i vo Cile od Pinoce , koj posle krvavo suspendiranje na demokratijata vladeese isto taka krvavo 20-tina godini , a zapadnata demokratija si molcese.
Mirko, 17.01.2013 09:10:36
Se e vo red, ama vlasta zede pari i se obezbedi za potkup na glasaci. Poradi toa, nivna arogantnost prodolzuva, so nadez na pobeda. Vlasta so potkup gi dobi i prosli izbori. Na taa karta, igraat i sega.
Stipjanec, 17.01.2013 09:22:18
Edna rabota ne mozam da razberam? Vo vremeto na SDSM, MMF davase krediti so stroga kontrola kade ke se potrosat parite, i toa do cent. Na izminatite parlamentarni izbori, MMF i dade na Vladata kredit od 400 miliona evra, bez da postavuva nikakvi uslovi. Denes e preslikana istata situacija-MMF djentlmenski i dava na Vladata povtorno kredit, i toa pred IZBORI? Po mojata skromna logika, mozam da procenam deka SVETOT go podrzuva Gruevski i negovata politika. MMF voopsto ne se trevozi za potrosenite pari (vo veter i magla) za spomenici, vrbi, galii, fasadi i mnogu drugi gluposti koi se fakturirani so faktor 10 od nivnata realna cena. So toa se plasam, i da ima predvremeni parlamentarni izbori, opozicijata ke izgubi, koga ja nema podrskata od onie od Svetot. No seedno, so ovie slucuvanja, Vladata e zbuneta i isplasena, bidejki vo nejzinoto dosegasno vladeenje bese KOMOTNA i pravese milion gluposti so parite od kreditite, vo imeto na NARODOT.Sto ke se slucuva ponatamu, ke vidime.
Nekoj, 17.01.2013 09:29:53
Toa sto Premierot nesaka javno da progovori za slucuvanjata od 24.12 ,samo zboruva za negovite demokratski kapaciteti.Postrasno e sto na nekoj nacin priznava deka Vlasta e kadrovski slaba pa ottamu i slobodata koja ja imaat i zloupotrebuvaat Ministrite .Teskite zborovi od tipot drzaven udar se navistina preteski i za toa nekoj mora da ponese odgovornost.Vaka se nalikuva na edna eftina teatarska pretstava.
Oskar, 17.01.2013 09:51:07
Dobar napis od avtorot Rizaov i isto taka dobri komentari na citatelite. Po mene edinstven izlez od ovaa teska i neizvesna situacia e na mirnite protesti sto gi organizira opozicijata vo Skopje, pred Vlada da izlezat barem 100.000 gragani i da ja paraliziraat i vladata i gradot na podolg period.
Риза ти си впрегнат во јаремот бц, 17.01.2013 11:04:52
Тегнеш наспроти желбата и вољата на мнозинството Македонци. Ќе си тапкаш во место.
Македонец, 17.01.2013 11:07:15
Сигурни сте дека излезот е само кај Бранко?! Тој е ист како Грујо, кој не знае се зафркнал за цел живот... Повеќе ми личи дека излезот е фрлање на буниште на политичариве и сите други партиски определени новинари, експерти и други пропагнадни службеничиња. Проблемот е во тоа што тогаш ќе треба да иселиме од државава скоро 250.000 луѓе. Друга придобика, многу позначајна за нормалниот народ во МКД, ќе биде исчезнувањето на реата од воздухот и медиумскиот етер што се создава од нивните активности.
Bogomil(ec), 17.01.2013 11:10:39
немаше дилеми дека конгоанскиот диктатор Моис Чомбе беше убиецот на борецот за човекови права, Патрис Лумумба. Но пред новинарите Чомбе ги покажуваше своите дланки со зборовите: ,,Да Лумумба е мртов, но моите раце се чисти,,. Така ненако наликува и сегашнава македонска приказна- демократијата е мртва, а на Груевски, Вељановски, па и на господинот претседател Иванов, рацете им се чисти.Измиени, дезифицирани, а можеби педикерот им ги има и раскошно парфимирано. Може деноноќно да се лаже, подјармената безрбетна пропагандна машинерија од екраните и новинските страници бесконечно да бомбардира со памфлети и да слика идилични пејзажи, меѓутоа, станува повеќе од јасно дека веќе нема декор зад кој може да се затскријат срамните сцени на власта и нејзината безбедносна жандармерија од драмата што ја изрежираа на 24 декември во парламентарната сала. Колку и да глумат невиност и наивност, нивните раце не се чисти!
milan, 17.01.2013 11:49:11
Da g-dine Erol kade e izlezot? Samo smena na vlasta.Odamna vo utrinski komentirav, deka e potrebno: 1.Za nadvoresna politika da se formira tim vo koj glavni ke bidat Sekerinska i Mitreva. 2.Da se formira ekonomski tim vo koj glaven zbor bi imale T.Fiti N.Popovski i Z.Jovanovski pa moze i S.Jakimovski. Za drugite resori ke e polesno.Se ova ako veke ne e kasno.I na krajot predlagam da se proverat deviznite rezervi da ne se hipotekarno optereteni.-Komisiski lesno se proveruva-imam pravo da se somnevam, vo site sluzbenici koj gi postavuva ovaa siledjiska vlast.POZDRAV.
strumica, 17.01.2013 13:45:57
Hehehe ovoj nema druga rabota, si pisuva gluposti..hehe,
Rezzilof, 17.01.2013 13:50:37
Господине Ризаов,према поднасловот,Вие се однесувате како портпаропл на сдсм,односо на б.ц.
od denis, 17.01.2013 14:14:37
macorceto ponovo see magla.go spomnuva g-din riker no ne kazuva deka riker se ogradi i napomna deka ne mislel na branko crvenkovski a vo tie na koi mislel sigurtni bil i negoviot gvujo
tihi, 17.01.2013 14:52:45
Na 24ti dekemvri trebashe da se sluchi 5ti oktomvri ama nadezhta e izgubena ushte na 15ti septemvri.A sega e 17ti januar.
BitolaHamiltonCanada, 17.01.2013 15:58:58
Fer izbori sekogash treba da ima.Losho e koga se edinsrven izlez. Netreba da se brza da se bara izlezot.Shto ako go najdat.Ke gi vagaat zheshkite kosteni od ognot na Gruevski.Toa shto Gruevski ne dovede vo bezizlezna situacija,SDSM treba da go reshava.Zatoa da ne brzaat,neka gi ostavat toa shto 7 god.si go drobeja,sami da si go srkaat.Patriotot br.1,kako shto stojat rabotite,izgleda ke mora da gi turni gakite.Za nego ke ima najgolema lajca-kutljacha.Da srka i da prashva dali ima ushte za srkanje.
NG, 17.01.2013 17:05:59
Почитуван Ризов напишаното ви е добар закон. Но едно да знаете. Од 1945 година наваму во македонија нема закон, туку има само владобанди, за кои законот не важи.
Жт вк, 17.01.2013 17:32:12
Премногу едострано гледање на работите од страна на авторот. Анализирање на последиците, а не причините. „Решението“ за излез од кризата со предвремени парламентарни избори го видовме веќе 2 пати. Кога еднаш ќе разберете дека решението и за СДСМ и за Макединја е - заминување на Црвенковски, Георгиевски, Петковски и друштвото од политиката.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -5°C

Сабота
Претежно облачно
Макс: 6°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |